|
|
| Можно ли е неколку луѓе од зад Карпатите да дошле во 6 век во Македонија? |
|
Александар Македонски Џеповски Глобалистите лажговци и специјалисти за правење нови земји, народи и лажни истории не разбираат дека колку и да лажат нивните лаги немаат логика и се многу проѕирни. Да тресеш глупости дека од Карпатите доаѓале некакви си Словени и тоа милиони на просторите во пола Европа и се така да ти било пусто и ненаселено ... е тоа се навистина мајстори за преголеми лаги, нема што. Чудна работа се било пустиња само Грција била натрупана со милиони " грци " и немало шанси да бидат окупирани. Но ајде да тргнеме по една голема вистина. Знаеме сите а и цел свет знае дека војници на Александар Македонски се населиле во Хунза регионот денешен Пакистан и така се размножуале па дури и основале Хунза кралство. Луѓето се уникатни и се разликуваат од своите соседи и населението во поширокиот регион по својот изглед (посветол тен на кожата, сини очи и коса), јазик и по својата политеистичка вера (верување во повеќе богови), па соседите со исламска вера ги нарекуваат Кафири (неверници или „Каури“). Самите се изјаснуваат дека се директни потомци од војската на Александар III Македонски (како што велат Македон), кој во својот освојувачки поход кон Индија во 327 година п.н.е., на стратешките места основал населби и стражарници. Според легендата која се прераскажувала со генерации наназад, Александар оставил дел од своите војници во денешната долина на Калашите со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон Исток. Значи доколку тие глобалистите лажеа добро или сакаа да го убедат светот во некакви си Словени од зад Карпатите, а Македонија е пред карпатите , можеа да речат отидоа 10 расни Словени, се накотија и направија деца насекаде низ Европа и ајде да им веруваа сите ... ама вака, ептен срамота. Замислете го убедуваа или го убедија цел свет дека стотици илјади Словени масовно се иселуваа преку планини и со цевки во уста преку Дунав. За една фамија да се исели би им требало 4000 волови да тегнат со години преку 180 планини за да дојдат до Шар Планина. Кој сака да верува нека им верува ама со овие лаги живеат Грците и не убедуваат во "вистината". Истото важи и за Бугарите со опасните им идоли Кубрат, Омуртаг и Аспарух кои ете и нив мува не ги лазела па со цевките и тие преку Дунав си ја ќарија демек Македонија. Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам: -Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто.... Ние сме нивни наследници. -Славјаните дошле од зад или пред карпатите (нека се докаже ако навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци. -Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале. -Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори. -Ние сме Македонци. САМО ЕДЕН БОГ ЈА ЗНАЕ ВИСТИНАТА А ЛАГИТЕ НА ЃАВОЛОТ СЕКАДЕ СЕ ПРИСУТНИ... ВО МЕДИУМИ, ЕНЦИКЛОПЕДИИ И СЕКАДЕ КАДЕ ПАРАТА КАКО БУРГИЈА ГИ ОТВАТА СИТЕ ВРАТИ. ЧУВАЈ НЕ БОЖЕ И ЧУВАЈ ЈА ВЕЧНО МАКЕДОНИЈА! АМИН !!! |















