Среда, 15 Декември 2010   
Македонија земја на раздорот

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Македонското прашање не е ниту вчерашно, ниту денешно, ниту пак ќе биде решено утре. Ова прашање зад себе има долго минато и уште долго ќе го привлекува вниманието на меѓународната заедница. Со Македонија и македонското прашање во минатото се занимаваа повеќе познати личности. Меѓу нив е Александар Валентиновиќ Амфитеатров.

Александар Валентиновиќ Амфитеатров (1862 - 1938) е руски писател-романсиер, политички публицист и патописец. Како автор доста е читан од интелигенцијата. Незадоволен од ситуацијата по Октомвриската револуција, емигрира во Италија 1920. година. Тој е еден од ретките познавачи на Македонија и на Балканот од крајот на XIX и почетокот на ХХ в. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање од државно-политички и културно-национален аспект. Четири пати бил во посета на Македонија  и има издадено четири книги за неа и за Балканот.

Тоа што Србите Бугарите, Грците и другите евроски држави несакаа да го слушнат или видат, Амфитеатров во Македонците гледа посебен словенски ентитет. За посебноста на Македонците тој директно или индиректно спори со бугарските, српските и грчките опоненти. За Македонците ќе напише дека „не се ни Срби, ни Бугари, туку посебен словенски народ, со прост основен јазик.

Амфитеатров уште во 1912 година во своите написи за Македонија ќе запише дека по руската војна, стариот режим на Турција се претвори во „болен човек“, а околу смртниот одар се наоѓаат наследниците и извршителите на тестаментот. Додека Турција е на „умирање“ „нејзините соседи се обидуваат да ја убедат Европа со вистини и лаги, божем националното самоопределување на Македонците надвива во нивна корист а не на соседниот народ. Амфитеатров ќе констатира дека судбината на Македонија зависи единствено од пресретливоста на евроското старателство.

Неговите запишани зборови како некое пророштво ќе останат и денес. Сведоци сме како со лаги и манипулации нашите соседи и денес работат против македонскиот народ, против ова слободно парче земја и дека сеуште зависиме од пресретливоста на Европа. Тоа што е напишано во 1912 година од страна на Амфитеатров е актиелно и денес.

Доколку направиме парарлела ќе видиме дека пропагандата исто рабати како тогаша така и денес. Во тој период според Амфитеатроф, „Бугарите, во тој однос, ги испреварија сите свои соперници. За да стане Македонија бугарска, требаше да ги побугарат Македонците“, а „Бугарски агент е свештеникот, учителот, комитата, четникот станува тајна влада на земјата и божем нејзина душа“. Денес, еден век потоа оваа пропаганда продолжува со лесното делењето на бугарски пасоши.

Сепак колкави и да биле напорите на соседите да ги асимилираат Македонците во тоа тие никогаш не успеале ниту ќе успеат. Уште тогаш Амфитеатров својот поглед за посебноста на Македонците ќе го објави во „Земјата на раздорот", каде се вели: „Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со едноставен коренит јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каквагоде форма што ќе му предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие мoжеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание во Малоруси, Великоруси, Полјаци..

Опишувајќи го односот на Грците кон Македонците во почетокот на XX век, Амфитеатроф ќе напише дека „статистиката за Македонија е збунувачка, тенденциозни, фантастични. Па и покрај тоа, дури и според грчки извори, лесно е да се види дека Елините во македонските вилаети се малцинство. Поради тоа што, за да наметнат мнозинство, Грците морале да прибегнат кон доволно безобѕирно фалсификување, запишувајќи ги како свои сите патријаршисти-славенофили. То ест Словените што не го примиле егзархатот и кои останале верни на константинополскиот патријархат, иако говорат само по словенски. На тој начин Грците го примиле сфаќањето на националноста исто како Турците: вероисповедта е народност. Патријаршист - значи Грк“,

Овој фалсификат продолжува и денес. Безобзирното фалсификување на историските факти продолжува. Грците сеуште не дозволуваат во пописната графа некој да се изјасни како Македонец. Македонците од Егејска Македонија кои се изјаснуваат како Македонци се изложени на репресија. Европа молчи, како што молчат и ОН. За каква правда, за какви човекови права можеме да зборуваме денес. Тие ги нема, резервирани се за посилните, за миленичињата на Европа. При живи наследници, наследството го присвојува некој друг, а земјата на раздорот продолжува да биде опасно жариште, кое може секој момент да не врати во 1912 година.
 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.