Вторник, 22 Февруари 2011   
Ќе играм....Е, сега не играм

magdalena_mihajloskaМагдалена Михајлоска

Просто не ми се верува каде ни исчезнаа државничките способности. Тие не се само карактеристики што треба да ги поседува една владеечка гарнитура, туку и самата опозиција, која заедно со сите останати партии ја докажува на дело способноста и сериозноста во своите намери, кога јавно кажува дека ќе се погрижи за нашите „мачни судбини“. Само со сплотеноста во искрените намери за подобра Македонија во светски рамки, со отстапувањата од своите себични претензии и апетити, само тогаш ќе ја постигнеме зрелоста.

Убаво би било, кога би било, но работите стојат поинаку.

Власта, која моментално поседува најголемо мнозинство во парламентот откако Македонија е самостојна и независна, и кога е во ситуација да бира кога ќе оди на предвремени или редовни избори, се става себеси во ситуација, практично да и  „удоволува“ на опозицијата. Овие пак, од друга страна, си земаат за сила да си играат со судбината на Македонија, со тоа што се ставаат во шах-мат позиција, а пиуни во целата игра се никој друг туку македонските граѓани.

Буквално детска игра.

Тоа ти е кога дете плаче за играчка, а нашава опозиција за избори, па на крај ја добива, за потоа да ти рече „е сега не ја сакам, ако не ми ја дадеш и другата, и таа до неа, па дури и ако не ја украдеш таа од излогот“.

И што се случува?

Се добива ситуација наречена- тиранија на малцинството врз мнозинството. За обратната ситуација постои решение, но како да се заштитиме од ваквата тиранија?

Она што најмногу зачудува е фактот што најслабата опозиција од деведесетите години досега, се става во состојба да поставува услови и ултиматуми и да нуди решение за криминални дејства, кои можеби за нивно време, се решавале на тој начин кој сега го предлагаат.

Зар тоа не говори за нешто друго?

Размислете...

Тоа не ме чуди за нивниот лидер. Ме загрижува кога гледам кои луѓе и кои интелектуалци и професори се дел од неговото фијаско, а кои се повеќе од свесни каква штета и нанесуваат на Македонија. Упорно застапуваат небулозни ставови и излегуваат со уште понебулозни барања, а уште поупорно пак, не нудат никакви конкртетни  решенија за нас,  „мачните души“. Објективно согледано, на македонскиот гласач веќе му е здодеано да гласа против некого, туку бара да гласа ЗА некого. А за кого, кога во нашата моментална политичка ситуација не постои алтернатива која реално, ќе биде противтежа на актуелната власт.

Зарем тоа не кажува дека претставниците на опозицијата се плашат од самите себеси, а најмногу од својот народ.

Како да и се верува на опозицијата која буквално „плаче“ за избори, за на крај кога ќе ги добие, да каже „е сега не сакам“?

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.