Среда, 02 Март 2011   
Заложници на двојни стандарди

katerina_klimovska
Катерина Климоска

Македонија како земја континуирано е заложник на нечии двојни стандарди. Постојано исполнувавме во минатото нечии услови и се покорувавме во името на подобра и мирна иднина на истите. Се чувствував како да живеам заробена во експериментално глувче.

Согласно Уставот, Македонија е суверена, самостојна, демократска земја чиј суверенитет произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

Европската Унија е основана врз база на вредности кои се базираат на почитувањето на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на законот и почитување на човечките права. Ова е дел од суштината на Европскиот Устав. Само за потсетување, Македонија оди со крупни чекори да стане дел од Европската Унија, а со тоа да ги втемели овие вредности.

Водејќи се од нашиот Устав и принципите и вредностите на Европската Унија човек често се запрашува да не матриксот е погрешен и поради тоа неможе да ја разбере реалноста.

Имено пишаните со на дело спроведувани кон нас тактики не кореспондираат едни со други. Различни аршини за различни моментални потреби. Ако на светско ниво се гонеше тероризмот и имаше широк конснезус околу неговот сузбивање, кај нас терористите се поддржаа и со амин на западот се амнестираа и добија скоро све што им беше како нивно побарување.

Од осамостојувањето Македонија како дел од своите симболи го има и знамето, кое под протисок на западот мораше да го смениме и шеснаесеткракото сонце да го замениме со друго уметничко решение.

Преку советување од западот дека би требало да ги прифатиме сите избеглици од војната во Косово, Македонија до ден денес неможе да го утвди точниот број на свои жители, бидејќи голем дел од избеглиците никогаш не се вратија во своите домови, но и не се регистрираа ни како граѓани на оваа земја. Ова е широк терен за манипулација при пописи, избори и слично.

Во Македонија секојдневно на вестите како фатаморгана ги слушавме и слушаме амбасадорите на одделни земји како да се тие членови на Владата на оваа Земја и дел од раководството на Државата. Како неоспорен факт тука се повикувам на она нашто би требало да се придржаваат сите амбасадори, а тоа е Виенската декларација за дипломатите. Во Македонија тоа не е случај, се запрашувам дали воопшто и се запознаени со овој важен документ од нивната сфера на работа или само делуваат онака како што им е подобно?

Разните асоциации, невладини друштва преку нивните амбасади или самостојно, нудат фондови за различни проекти, кои на крај даваат некои неартикулирани финални резултати за кои ќе си помислиш или тие се луди ако мислат дека ќе поверуваме дека толкава сума на пари се искористила за добробит на земјата за таков смешен финален произавод или ние сме луди ако поверуваме.

Сето ова на кратко наведено резиме на дел од секојдневните случувања во Македонија не доведуваа да се запрашаме во легитимноста на првично изнесените факти за основите на кои почива Европската Унија.Од преголемата попустливост и сервилност на која странците беа навикнати во изминатите 20 години да ја добиваат од Македонија, ние на полето на западниот пазар добивме епитет на марионета која може да се управува во дадениот момент, на начин како им одговара, притоа презентирајќи ни искривена форма на пишаните норми на кои се заснова постоењето на Европската Унија и со тоа нас не наведуваа да се сомневаме во нивната легитимност.

Прифатливо е и посебно за поздравување е  имплементацијата која сега се спроведува на позитивните европски регулативи во секоја сфера од општетсвото, со што и ние како земја ги вклопуваме вредностите и принципите на кои почива западното право и регулација на секојдневните и административни фунадментални прашања. Но, во исто време доколку  дипломатите од запад продолжат да управуваат со прашањето за Македонија со двоен морал, целта поготово онаа најдобронамерната неможе да се исполни, ни практично ни теоретски.

Законите, правилата, конвенциите и слично постојат за да се уредат човечките акти во секојдневието, се со намера општеството да функционира според правила и норми, а не согласно нечија желба за анархичност. Законите постојано се подложни на менување бидејќи и живееме во еден свет на брзи промени и пазар кој постојано бара нови методи и поставува нови услови на игра. По силата на нештата изминатите неколку години се започна да се менува и законската регулатива за да може да одговори на денес и утре, за да може државата да го спречи неуспехот денес и да го обезбеди успехот утре.

Меѓутоа ај што ние често самите не си ги почитуваме законите, за што следат казни за сторителите, најстрашно дури и фрапантно е тоа како странците /дел од дипломатите не ги земаат на ум нашите законите, со што веднаш се дава потврда дека не ја почитувааат нашата земја и нас како народ.

Дали сте се запрашале зошто странците кога станува збор за нивните земји почитуваат и стравуваат да не згрешат и најмала работа, а чим стапнат кај нас тогаш све е допуштено и легално. А нашите закони?... ех, лесно е кај нас ќе му се прости на гостинот, амбасадорот и слично. Се додека се однесуваме на овој начин, нема да го добиеме потребниот респект од никого а најмалку од таму каде сакаме да одиме, Европска Унија.

Чудно ми е и до денес не сум добила одговор на тоа како можело да се случат овие примери наведени во текстов, и дали некој во тие моменти на случувања на претставниците на западот им  го предочил Уставот на Македонија, а посебно Уставот и правилата, вредностите и принципите на кои се заснова Европската Унија? Се прашувам кој бил одговорот на уважените дипломати?.... Сепак легитимно право е да се менуваат правилата,па и од страна на странците, но тогаш истите нека ги применуваат и во своите дворови.

Во Франција кога има немири тогаш полицијата реагира одлучно и брзо и тоа е одбрана на суверенитетот на државата. А кога полицијата кај нас презема некоја акција тогаш тоа е прашање на дебати, осуди и давање налог за прекин од страна на уважените странски дипломати.

Кога во другите земји, еве ќе земам пример во Америка каде големи магнати кои за време на економската криза се открија како испрале голема количина пари се осудија и им беше одземен целиот имот со кој располагаа, кај нас тоа е прашање на демократија, права итн. Значи доколку некој не плаќа данок и прави криминал на запад тоа е против законито и најригорозно казниво, меѓутоа кај нас тоа е прашање на дискусија и осуда, и попречување на демократијата.

Целата таа сервилност кон Западот и неверба во својот народ и својот правен систем, како и негово непочитување, Властите во првите 15-16 години од осамостојувањето доведоа да ни се случат примерите кои ги напомнав претходно во мојот текст.

Што мислите како би поминал во друга земја од западот, еден амбасадор кој максимално без пардон агресивно се меша во внатрешната политика и се поставува над законите во Македонија? Како би бил истретиран амбасадор кој како дел од својот најблизок тим има човек кој е учесник и организатор на немири и етнички тензии во земјата? Сигурна сум дека овие амбасадори би биле веќе вратени во своите земји. Ова не е само непочитување на нашата земја и нас како народ, туку и негативно афирмирање на нивната земја со непоправливи размери.

Но сепак добро е бидејќи мантрата на самодоверба и верба во својата Држава ни се враќа, па можеби не толку жестоко,заради бремето кое го носи политиката од минатото, но на едно добро дипломатско ниво се одговори на ниво и одлучно на овие настани и им се даде на знаење на претставниците на другите земји дека сега веќе имаат работа со оформен ентитет на светската карта.

Денес раководството на нашата Влада го потсетува Светот дека нашиот народ не е нерешителен, мек, превртлив, него тежнее неговите дела да зрачат со храброст, решителност тежина, со што покажуваме дека нашите дела и одлуки за градење на својата земја во кои се втемелени европските принципи, се засекогаш и неповратни..... Можеби од ова сознание произлегува нетрпеливоста на странецот кој е спречен во  помислата да продолжи да си игра со досегашната аморфна маса, како што си ја поимаја Македонија.

Почитувани, денешното раководство е свесно дека се додека не почне државата да си го спроведува правото на секој агол од секоја улица, се додека има привилегирани и непривелегирани, ќе ни се случуваат примери од минатото како што ги имам наведено во овој текст, а ги имало уште многу. Се додека раководството на Македонија дава до знаење дека нашата земја е суверена и самостојна, и дека согласно тоа мора да се раководиме од принципите и вредностите на Европската унија т.с. од земјите од каде доаѓаат странците, се дотогаш Македонија нема да биде аморфна маса  која ќе зазема облик онака како му одговара на некое бледо црвено човече, а и многу слични на него.

Прашањето е сега, дали ќе дозволиме некогаш пак да сме сведоци на исти апсурди и заточеници на нечии каприци и двојни стандарди како што го правеа минатите Влади на Македонија, или ќе продолжиме да стоиме цврсто како сега на своето право на идентитет, сувереност, вредност и големина, што е и нормално според  она што е запишано во Уставот и она што го бара Европската Унија, согласно нејзините пишани правила и закони а не согласно памфлетите на нејзините летечки икари.

Сите кои се на тлото на Македонија, како што во повеќе наврати има потенцирано Премиерот на Македонија, подлежат на истите закони.

Доколку сето ова не е според нивните префинети вкусови, тогаш картите секогаш се во еден и повеќе правци, кон Македонија и кон надвор од Македонија. Резервациите се прават секој ден. Иницијалното е дали ќе застанат на шалтерот и ќе заземат некоја друга резиденција во друга Земја или ќе продолжат да уживаат во од Бога дадените благодети на оваа малечка убава Земја, но почитувајќи ги нејзините закони, интегритет и суверентитет, без игра на двојни стандарди.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.