Среда, 23 Март 2011   
Македонското прашање во Втората светска војна и денес

svekrva
Свекрва

Големите сили и соседните земји, многупати во минатото, македонското прашање  настојувале да го решат согласно своите интереси. Истите сили кои со Букурешкиот договор во 1913 година и со Версајскиот договор во 1919 година ја поделиле Македонија, а потоа се обиделе во 1944/45 година да го спречат создавањето на македонската држава, анулирајќи ги притоа придобивките на македонскиот народ во четиригодишната народноослободителна војна и правото на самоопределување, обединување и создавање на самостојна македонска држава, денес повторно се обидуваат преку спорот со името да го оспорат и правото на опстојување на земјата.  Од овој аспект интересно е да се погледнат некои настани кои се случувале во 1944 и 1945 година.

Во 1941 година, македонскиот народ ја започна народноослободителната борба врз основа на претходните слободарските традиции, втемелени во Илинден 1903 година, а врз основа на Крушевската платформа. Вековниот стремеж за конечно ослободување и создавање на независна македонска држава во која би влегле сите нејзини делови, вклучени во програмските поставки на ВМРО(Обединета) и Коминистичката партија на Македонија, ги обедини силите на македонскиот народ  на страната на антифашистичката коалиција. Нивните стремежи биле поткрепени со Атланската повелба (1941) и конференцијата во Техеран (1943), како и повеќе меѓународни акти и декларации кои го гарантирале правото на равноправност, самопределување и обединување, а биле гарантирани од страна на големите сили (САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз). Само независна и обединета Македонија бил основниот мотив, македонскиот народ да ја прифати Куминистичката партија како свој предводник.

Ако денес, влегувањето во Европската унија за македонскиот народ значи можност да се обединат трите вештачки поделени дела на Македонија, така и одлуките донесени на Второто заседание на АВНОЈ (1943), за создавање на рамноправен принцип на идната федеративна југословенска држава, како и за забрана на враќање на кралот и монархијата, за македонскиот народ биле прифатливи затоа што биле најблиску до неговата обединувачка програма.

Меѓутоа, токму авнојските одлуки ги предизвикале сојузничките сили, посебно монархистичките сили на Балканот, да го спречат создавањето на македонската држава без разлика на нејзиното рамноправно учество во рамките на антихитлеровската коалиција. Кон нив се приклучиле и КПГ со својот негаторски став кон македонската нација и држава, додека БКП веднаш по одлуките на АВНОЈ, божем излегла со барање за создавање на независна самостојна македонска држава надвор од рамките на Југославија.

За време и по Втората светска вјна, посебно активно учество имала Велика Британија. Под нејзино влијание на 16 јуни 1944 година е потпишана спогодбата Тито-Шубашиќ, на која покрај другото, било договорено во новата држава да се формира единствена влада од претставници на АВНОЈ и на кралската влада од Лондон.

Но, токму д-р Иван Шубашиќ, кој во својот говор одржан на 9 јуни 1944 година,  обраќајќи се до народите на Југославија, ги наведува само Србите, Хрватите и Словенците, што значело непризнавање на македонскиот народ, ќе го предизвика македонското раководство. Новосоздадените услови предизвикаа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 6 мај 1944 година, да испратат делегација на Вис. Оваа делегација во состав  Методија Андонов-Ченто, Мане Чучков и Кирил Петрушев на 24 јуни 1944 година, се сретнаа со целиот состав на НКОЈ и на президиумот на АВНОЈ, на кој е поддржана идејата за обединување на Македонија во рамките на Југославија.

Сепак, веднаш по конституирањто на АСНОМ во име на Президиумот, несогласувајќи се со спогодбата Тито-Шубашиќ, кој како и други ројалисти не го признаваат македонскиот народ, претседателот на Президиумот М.А.Ченто упатил протест до претседателот на НКОЈ маршал Тито, во која се вели дека Спогодбата треба да овозможи постигнување на единствен фронт против окупаторот, опфаќајкп ги во него борбените сили на сите народи на Југославија, а со ваквата постапка се постигнува спротивното.

Своите ставови раководството на Народноослободителното движење на Македонија ќе ги внесат и во документите кои ќе произлезат од Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Св.Прохор Пчински." Со тоа АСНСМ се конституирал како врховно, законодавно и извршно тело на Македонија како федерална држава во демократска и федетивна Југославија.  На ова Првото заседание на АСНОМ присуствувале не само преставници од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија., туку и странски воени мисии. Пред сите нив при прогласувањето на АСНОМ било истакнато дека се поставени темелите „за остварување на идеалот на македонските поколенија, за слободна обединета Македонија.“ Се сметало дека македонската држава создадена на АСНОМ треба да биде столбот за обединување на цела Македонија.

Интересно е што иако присуство на воените мисии од странство на Првото заседание на АСНОМ значело дека македонската државност била меѓународно призната, сојузничките сили и соседните држави постојано ги потенцираде документите на Обединетите нации кои не дозволувале решавање на граничните прашања во услови на Втората светска војна. Британците одлучно застанале на страната на Грција и недозволувале по ниедна цена да се менува границата со Југославија. За да ги зачуваат своите интереси на Балканот тие го обезбедиле враќањето на кралот Ѓорѓи II и ја спречила победата на ЕАМ и нејзините вооружени сили ЕЛАС. Формирана била нова грчка влада на чело со Георги Папандреу која во суштина се залага за кралските интереси. Сите герилски сили во Грција биле потчинети на владата на Папандреу, а таа ги ставила под команда на британскиот генерал Скоби. За пробританските интереси се бореле и поранешните соработниците на окупаторот, па дури и Германија и Италија.

Поранешни француски министри кои имале вложено пред војната голем капитал во Југославија, формирале „Комитет за развој француско-југословенските односи“. Овој комитет кој располагал со голема сума на пари воспоставил најтесна соработка со сите сили кои во Франција работела за враќање на кралот и дејсгвувале против Демократска Федеративна Југославија. Покрај во Франција и Грција, ројалистичките сили кои биле против постоењето на Македонија се организирале и во Италија. Во Бари се одржал состанок ма Шубашиќ, Прибичевиќ и Косанич, на кој се постигнала согласност новата југословенска држава да биде федерација меѓу Србите, Хрватите и Словенците, со право секој да има своја војска. За нив Македонците и Црногорците непостоеле, тие биле измислена нација.

Денес, откако поминаа повеќе од 60 години од Втората светска војна и 20 години од излегувањето од Југословенската федерација, денес кога повторно македонските војници раме до раме, учествуваат во меѓународните мисии со Американците, Британците и другите големи сили во Босна, Ирак, Авганистан, денес кога Македонија под уставно име ја признаа околу 130 земји, сеуште постојат ретроградни сили кои ги помагаат аспирациите на Грција, па и Бугарија и Србија во попречување на евроинтеграциите на земјата. Интересите како и по втората светска војна се исти. Силите кои се вклучени можеби се различни но се сеуште моќни за да дваесет години го попречуваат развојот на Македонија надевајќи се дека македонскиот народ ќе исчезне од лицето на земјата. Но едно како да неможат да сватат дека ова е библиски народ кои опстоил со векови и повторно ќе опстои и покрај сите напори.

Свекрва
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.