Среда, 14 Октомври 2009   
Да ни е среќен празникот 11 октомври
Уште еден голем празник, кој се славеше со сите почести, измина. Се славеше во Прилеп, во Куманово, цела Македонија славеше. Така треба, треба да ги почитуваме сите кои придонеле, за денес, да имаме сопствена држава, наша, Татковина.

На сите прослави, низ цела Македонија, беа присутни Македонци од сите генерации, видовме актуелни политичари, политичари од опозиција, видовме и  партизани кои храбро се бореа во Втората светска војна. Тоа е добро,  11 Окомври е голем ден за Македонија.
Е,  на прославиве не видовме една битна работа, или поточно, не видовме ниту еден од тие, кои деведесеттите години храбро се изборија за оваа Македонија што ја имаме денес, залужните кои придонесоа  денес да имаме навистина сопствена држава Македонија.

Невидов пратеници од првиот Македонски Парламент, невидов министри од првата Македонска Експертска  Влада, не го видов првиот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, господинот Борис Змејковски, навистина невидов многу, многу  заслужни за оваа Македонија која ја имаме денес, но затоа го видов Амди Бајрам. Дали никој не беше поканет, или сите биле надвор од државава? Незнам, но малку ми е неверојатна вторава моја констатација, повеќе сакам да не верувам дека некој ги  заборави оние од „првите борбени линии“ во деведесеттите, оние, кои се изборија  за самостојна Македонија. Но,  затоа не беа заборавени оние кои во некои минати години, беа во „првите борбени линии“  како да ја спасуваат Југославија. Истите, и тогаш, и сега, ги нарекуваа овие (неприсутните, заборавените- тогаш актуелни политичари) фашисти, предавници, фантазери... истите тие делеа летоци низ Македонија, правеа досиеа, плачеа за распаѓањето на Југославија...но, и денес некои сеуште плачат, денес плачат по петокраката...
Кој е виновен што не се поканети овие првите политичари, политичарите од деведесетите  на прославите во чест на 11 Октомври? Кој требаше да ги покани?  Или поточно зошто некој се поигрува со овие заслужни политичари, дали некои сакаат да ги нема, да непостојат, да им се заборави името, некој се плаши од овие луѓе? Добро можеби не се толку заслужни за активностите на 11 Октомври 1941, како што се заслужни борците со боречки пензии (иако сеуште не ми е јасно, по колку години имале, за да кренат востание против фашистичкиот агресор - не за друго, туку многу витално ми изгледаа пред камери).

Да не грешам душа, незнам кој ги правел поканите за овогодинешната прослава за 11 Октомври, но, ако оваа прослава ја организираа „експерти“ вработени во Владата на  Република Македонија, а  никој не се сетил да ги почести пратениците и министрите  од Првата Ексертска Влада, заслужни за ова што го имаме денес, самостојна држава Македонија, некој треба да се замисли, кој тоа таму прави списоци, кои гости се приоритет, без кои несмее да има било каква прослава, а и кои се пожелни да се поканат,ако не за друго барем од дипломатски причини, или барем од почит кон делото што го направиле за ова парче земја на која денес слободно газиме.

Или славењето е само за пред камери? А протоколот важи само за „некои“!

Ја користам оваа прилика да им честитам на наследниците (наследници, затоа што верувам од вистинските, кои навистина се бореле можеби има останато еден – двајца, другите кои сеуште се со боречки пензии, ги споменав погоре,ама ме копка некако....ај да не грешам душа, ама по она што ми раскажуваше баба ми, Бог да ја прости, како на 13 –14 годишни деца им биле припишувани боречки заслуги,..... но, тоа е веќе друга тема ) на партизаните, зошто знаат да си се почитуваат и да се организираат, знаат да си ги почитуваат нивните предходни генерации.

Да се вратам на тоа што многу ме погоди, да господа „експерти“, да не беа тие храбри луѓе во деведесетите години,  ова денес немаше вака да се слави, најверојатно централната прослава ќе беше во Белград.

Мора да се почитуваат сите, тие од времето на Македон, Самоил, борците од деветстотата, борците од четириесетите, но, секако и тие од деведесеттите... тие кои се изборија во деведесетите, и нивните „наследници“, тие што се борат и денес, за економски силна и достоинствена држава Македонија и за заштита на нашето име.

Зошто да им простуваме на тие од четириесетите, кои во деведесетите беа против оваа самостојна држава? Во интерес на  државава наша би рекол сеуште малолетна Македонија, и на кого уште да му простуваме ? На нашите? Па сите сме наши, Господ нека им прости, а јас, сепак, не сум Господ !

Но, за крај еве, ќе кажам, човечки е да се греши, а од сопствените грешки пак, најмногу учиме, но, до кога ќе правиме грешки, кои, ќе може ли некој да ги исправи и кога?  Затоа сметам дека веќе е време да не се сопнуваме на секоја препрека, и да ја смениме навиката- штом ќе направиме два чекори нанапред,   да не се вратиме три наназад.

Свекрва
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.