Коментари

Да ни е среќен празникот 11 октомври

Уште еден голем празник, кој се славеше со сите почести, измина. Се славеше во Прилеп, во Куманово, цела Македонија славеше. Така треба, треба да ги почитуваме сите кои придонеле, за денес, да имаме сопствена држава, наша, Татковина.

На сите прослави, низ цела Македонија, беа присутни Македонци од сите генерации, видовме актуелни политичари, политичари од опозиција, видовме и  партизани кои храбро се бореа во Втората светска војна. Тоа е добро,  11 Окомври е голем ден за Македонија.
Е,  на прославиве не видовме една битна работа, или поточно, не видовме ниту еден од тие, кои деведесеттите години храбро се изборија за оваа Македонија што ја имаме денес, залужните кои придонесоа  денес да имаме навистина сопствена држава Македонија.

Невидов пратеници од првиот Македонски Парламент, невидов министри од првата Македонска Експертска  Влада, не го видов првиот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, господинот Борис Змејковски, навистина невидов многу, многу  заслужни за оваа Македонија која ја имаме денес, но затоа го видов Амди Бајрам. Дали никој не беше поканет, или сите биле надвор од државава? Незнам, но малку ми е неверојатна вторава моја констатација, повеќе сакам да не верувам дека некој ги  заборави оние од „првите борбени линии“ во деведесеттите, оние, кои се изборија  за самостојна Македонија. Но,  затоа не беа заборавени оние кои во некои минати години, беа во „првите борбени линии“  како да ја спасуваат Југославија. Истите, и тогаш, и сега, ги нарекуваа овие (неприсутните, заборавените- тогаш актуелни политичари) фашисти, предавници, фантазери… истите тие делеа летоци низ Македонија, правеа досиеа, плачеа за распаѓањето на Југославија…но, и денес некои сеуште плачат, денес плачат по петокраката…
Кој е виновен што не се поканети овие првите политичари, политичарите од деведесетите  на прославите во чест на 11 Октомври? Кој требаше да ги покани?  Или поточно зошто некој се поигрува со овие заслужни политичари, дали некои сакаат да ги нема, да непостојат, да им се заборави името, некој се плаши од овие луѓе? Добро можеби не се толку заслужни за активностите на 11 Октомври 1941, како што се заслужни борците со боречки пензии (иако сеуште не ми е јасно, по колку години имале, за да кренат востание против фашистичкиот агресор – не за друго, туку многу витално ми изгледаа пред камери).

Да не грешам душа, незнам кој ги правел поканите за овогодинешната прослава за 11 Октомври, но, ако оваа прослава ја организираа „експерти“ вработени во Владата на  Република Македонија, а  никој не се сетил да ги почести пратениците и министрите  од Првата Ексертска Влада, заслужни за ова што го имаме денес, самостојна држава Македонија, некој треба да се замисли, кој тоа таму прави списоци, кои гости се приоритет, без кои несмее да има било каква прослава, а и кои се пожелни да се поканат,ако не за друго барем од дипломатски причини, или барем од почит кон делото што го направиле за ова парче земја на која денес слободно газиме.

Или славењето е само за пред камери? А протоколот важи само за „некои“!

Ја користам оваа прилика да им честитам на наследниците (наследници, затоа што верувам од вистинските, кои навистина се бореле можеби има останато еден – двајца, другите кои сеуште се со боречки пензии, ги споменав погоре,ама ме копка некако….ај да не грешам душа, ама по она што ми раскажуваше баба ми, Бог да ја прости, како на 13 –14 годишни деца им биле припишувани боречки заслуги,….. но, тоа е веќе друга тема ) на партизаните, зошто знаат да си се почитуваат и да се организираат, знаат да си ги почитуваат нивните предходни генерации.

Да се вратам на тоа што многу ме погоди, да господа „експерти“, да не беа тие храбри луѓе во деведесетите години,  ова денес немаше вака да се слави, најверојатно централната прослава ќе беше во Белград.

Мора да се почитуваат сите, тие од времето на Македон, Самоил, борците од деветстотата, борците од четириесетите, но, секако и тие од деведесеттите… тие кои се изборија во деведесетите, и нивните „наследници“, тие што се борат и денес, за економски силна и достоинствена држава Македонија и за заштита на нашето име.

Зошто да им простуваме на тие од четириесетите, кои во деведесетите беа против оваа самостојна држава? Во интерес на  државава наша би рекол сеуште малолетна Македонија, и на кого уште да му простуваме ? На нашите? Па сите сме наши, Господ нека им прости, а јас, сепак, не сум Господ !

Но, за крај еве, ќе кажам, човечки е да се греши, а од сопствените грешки пак, најмногу учиме, но, до кога ќе правиме грешки, кои, ќе може ли некој да ги исправи и кога?  Затоа сметам дека веќе е време да не се сопнуваме на секоја препрека, и да ја смениме навиката- штом ќе направиме два чекори нанапред,   да не се вратиме три наназад.

Свекрва

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top