Среда, 23 Јануари 2013   
Весникот „Илинден“ во заштита на правата на Македонците во Албанија

mane2
Мане Јаковлески

Оваа година весникот „Илинден“ на истоименото Македонското друштво од Тирана, Албанија, слави две години од излегувањето на првиот број. Во изминатиот период весникот чија цел е да го одржува и поттикнува македонскиот идентитет прерасна во медиум кој предизвика посебен интерес кај македонското малцинство и читателска публика во Албанија.

Во услови кога македонското малцинство во Албанија не е признато на целата територија на албанската држава, како и во недостаток на елекстронски и печатени медиуми на македонски јазик, појавата на весникот „Илиндин“ е од посебно значење за Македонците во Албанија. Тоа изобилува со информации од животот, работата и положбата на Македонците воТирана, како и во областите Голо Брдо и Гора, Мала Преспа, Врбник, Драч, Маќелара, Корча, Поградец, Елбасан…

Основната цел на весникот „Илинден“ е заштита на правата на Македонците во Албанија, потоа промоција и запознавање на пошироката јавност со културните вредности на македонското малцинство во Албанија, како и зачувување на македонскиот јазик, неговата традиција и култура. Исто така, весникот промовира содржини кои водат кон зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност, се со цел нивно интегрирање и соработка за подобра иднина на пошироката општествена заедница.

Ваквата поставеност на овој медиум наиде на широк одзив кај македонската заедница во Албанија, која упорно се спротивставува на обидите на државата за нивна албанизација.

Голем дел од Македонците во Албанија ја задржале својата култура, јазик и традиција.

Сепак Албанија се` уште се соочуваа со случувањата од минатото и не ги почитува правата на малцинствата. Тие се маргинализирани во сите сфери на општествено-политичкиот живот на земјата.

Маргинализацијата и албанизацијата на Македонците во Албанија не е од сега, туку започнала по Втората Светска Војна.

Под притисок на државата Македонците во Албанија со повеќе децении биле и се` уште се изложени на асимилација. Покрај образованието на албански јазик, државата во минатото спровела повеќе акции за промена на личните имиња и презимиња, а матичните книги биле горени.

Губењето на основните малцински и човекови права на Македонците започнало по 1948 година, во времето на Информбирото, кога започнале политичките несогласувања меѓу Албанија и тогашната југословенска федерација.

По завршувањето на Втората Светска Војна во Албанија постоеле училишта на македонски јазик кои работеле во средините во сите етнички предели на Македонците.

Македонско-албанската граница се преминувала само со лични и семејни документи за населението од пограничниот појас. Меѓутоа по 1948 година, сите македонски учители биле протерани, училиштата и границата биле затворени. На место на македонските учители дошле албански кои не го знаеле македонскиот јазик и не можеле да комуницираат со учениците. Сето тоа довело да се донесе одлука од месното насление да се образуваат учители и тие да им предаваат на учениците на албански јазик.

Само Македонците од Мала Преспа имале и се` уште имаат привилегија да учат на македонски јазик во основното образование.

Во времето на Енвер Хоџа, високи функционери на некогашната Комунистичка партија, меѓу кои Коци Ѕоѕе, Панди Кристо и други, ја овозможуваат оваа привилегија. Коци Ѕоѕе бил втор човек во државата, по Енвер Хоџа, па се смета дека тој и другите Македоци од мала Преспа овозможуваат по 1948 година по селата да работи тамошниот учител Никола Беровски и да ги учи децата на македонски јазик. Ова право населението го имало само додека живеело во Мала Преспа, а со преселувањето во други населби во Албанија, жителите го губеле правото да бидат Македонци.

По падот на режимот на Енвер Хоџа македонското малцинство во Албанија политички се активира. Тие формираат свои партии и граѓански здруженија.

Во 1991 година беа формирани друштвата „Преспа“ и „Братство“, а во 1993 беа формирани друштвата „Гора“ и „Мир“.  Се појавил и првиот двојазичен весник „Преспа“, а на државното албанско радио еднаш неделно се емитува програма од пет минути на македонски јазик. На почетокот на третиот милениум прозвуче и првата приватна радиостаница на македонски јазик „Радио Преспа“.

Во октомври 2004 година Заедницата на Македонците во Албанија се преименува во Македонска партија за европска интеграција во Албанија, која на локалните избори го доби и единствениот градоначалник Македонец.

Иако досега албанската држава нема спроведено ниту еден валиден попис, според политичките партии и невладиниот сектор, се смета дека македонското малцинство во Албанија брои меѓу 150 до 200.000 луѓе.

Бидејќи слободно не можеа да ја изразат својата припадност, Македонците заедно со Грците и другите малцинства, го бојкотираа пописот во Албанија.

Во Албанија има вкупно 46 села со чисто етничко Македонско население.

Дебарско – Голо Брдско (север и југозападно од Дебар, наречен Дрим – Колски дел) има 22 села населени со Македонци:

Врница, Мало Острени, Големо Острени, Вичишта, Миреши, Владимерица, Ѓиновец, Студна, Забзун, Борово, Клење Којовец, Лешничани, Радоешта, Себишт, Стеблево, Требиште, Смолник, Тучепи.

Помеѓу Маќелара и Пешкупеја има 3 македонски села: Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.

Горија (североно – источно од Корча до Билишта и Трстеник на албанска и Грчка граница во правец на Костур) во Егејскот дел во Албанија има едно селo: Врник.

Мала Преспа (на југ од Преспанското Езеро) има 9 села: Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје.

Гора (северно – источно од Кукс) има 9 села: Оршек, Цернолево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Ново Село, Оруша, Пашиѓа.

Освен во селата, Македонци има и во најголемите градови во Република Албанија.

Во Тирана првите миграции на Македонци од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, Струшко – Охриско се од Првата Светска Војна 1915-1917 година. Потоа 1923, 1929, 1939 и најголемата миграција од етничките региони кон поголемите градови е во периодот 1949 до 1960 година. Иста состојба е и во другите поголеми градови, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Македонците во Тирана се концетрирани претежно во седум региони на градот.

Албанија сериозно ги прекршува правата на малцинствата во земјата, затоа весниците како „Илинден“ се неопходни. Тие треба да ја алармираат Меѓународната Заедница и да информираат за прекршувањата на правата на македонското и другите малцинства во Албанија.

За да може весникот „Илинден“ и другите македонски гласила во Албанија да опстојуваат и редовно да информираат, потребна им е поддршка од државните институции како во Република Албанија, така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот.

„Македонска нација“ го честита вториот роденден на весникот „Илинден“.
 

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.