Коментари

Напомош Свети Никола зимен и Света Европа декемвриска

Конечно и кај нас  за нешто да сме едногласни, и власта и опозицијата согласни дека овојпат Брисел ја почна на арно со нас и тоа за Свети Никола ( нашиот православен Дедо Мраз).

Арно ама како што  секогаш зад нештото има и позадина и сега си велам да не е таква работата, да не е укинувањето на визите некое прозирно перде пред неуспехот за клучни прашања – името наше на пример. Да не е волшебен стап да се натераат луѓево да решат еднаш за датум за преговори кон ЕУ.

„Македонија заслужува  започнување на преговорите. Македонија ги исполнува условите, и Македонија ги исполнува европските стандарди. Сметаме дека Македонија е конструктивна, дека заслужува отпочнување на преговорите. Останува да видиме која ќе биде одлуката“, СИ ВЕЛИ ЕДЕН НАШ ПОЛИТИЧАР ОД ПОМЛАДИТЕ….

Ех, ама проценка, нели ви е јасно оти волкот менува влакно ама не и ум, овие нема така да не остават, ќе не шуткаат додека им се може, ама не ќе им е на арно, некои умни европски глави им ја кројат судбината, им кажуваат оти ние сме им спасот од економската ескалација која ги чека, еееејјјј, на толку ум што има волкот, ќе го јаде стапот….

Ама и на јагнето  му е смачено, доста на ражен го вртат…. Еден мудар писател вели- добриот и чесен човек е  како оштрица ако го погодат, сече од двете страни… Ќе стане светот бре ( не ) луѓе, нас секаде не има, како пиреј сме- троскот, ни сами не знаеме колку сме, од што не сакаа да се преброиме, а и филмот е пукнат… Некој упорно си игра матно….

Народецов е шокиран, како некој да го попарил, зашеметен е… А ете Свети Никола ќе ни ја донесе утешната награда за сиромашниот….

Не ми е јасно  како овие од амбасадите се откажаа  од парите за чоколади ( читај визи ), ама ете не само затоа што ќе патуваме без визи, туку Европските демократи решија да им текне дека и ние сме во Европа… Ние ??? Ние !!!

А од друга страна пак е важно и за мотивизација на нашава влада, ова е како пет минус за доброто спроведување на домашните задачи.

Е сега народе, да запалиме свеќа ( или патиките) за Света Европа, сите ја напуштаме  Македонија? Дали е ова бродот што тоне, па треба и глувците да избегаат???

Или ќе му ја летнат само тие што имаат пари, а тие и бездруго му ја летнуваа…

Конечно еве им на сите , а најповеќе на младите, кога знаеја да се шушкаат ех, странство  му е мајката, ама јас немам  кој да ми гарантира, еве Мајка  Европа гарантира сега за секого, па на кој му е дојдено до заминување, патот под нозе…. И…  Ама сега си велам да не почнат, немам кој да ми го плати патот… Или- не знам кај да фатам, незнам кај се оди?

Колумбо ја откри Америка  во 15тиот век, а Македонија ја откри Европа во 21виот век…

Европа е денес  за нас македонците ветената земја?

Или само да излеземе надвор од земјава.

Е сега тешко нашите кои живеат во Европа, спремајте ги креветите . спремајте постелини, варете повеќе грав ќе ви треба, кога ќе ви дојдат гости да бидете спремни. Ама според некои податоци од архивите на класични радиомилеви- нема така повеќе, сега е по Европски, не се познаваме… А и од кај да се знаеме кога цел живот не сме се виделе…

Од МНР препорачуваат  поради сигурност, да се носи банкарска  гаранција, резервација од хотел  или пак писмо од роднини или  пријатели дека ќе има каде да се сместите и храните. Или една торба грав, една низа пиперка сува, еден венец кромид- ова веќе го знаеме, од одење на одмор во Грција, земи си се со себе, таму ем може да е многу скапо, ем да не седиш гладен…..

Еден  македонец некогаш печалбар, сега по новото од дијаспората од ЕУ ми испрати порака со следнава содржина:

„Како што оди работава, македонците кога ќе заминат во странство ќе почнат повеќе да си ја ценат Македонија како убаво место за нормален живот “

Е, зарем треба некој  да ни каже, оти е Македонија рајската градина, уште малку Адам и Ева ем голи, ем боси ќе шетаат… Ем ќе си јадат овошки и корења од дрвјата…

Ама си велам има  и по нешто добро за државава, одкога ќе заминат во Европа ќе почнат повеќе да ја сакаат Македонија, ќе почнат повеќе да пеат патриотски песни, место турбо фолк, ќе им текне што се и од каде се….,, можеби и ќе сватат дека со малку повеќе ангажман Македонија е ветената земја, оди ваму оди таму сите се враќаат назад, се враќаат во библиската земја, земјата на Филип таткото на Александар Македонски.

Свекрва

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top