Коментари

Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во текот на развитокот на македонската револуционерна борба се појавиле голем број на внатрешни делби, политички идеологии кои секоја на свој начин посакувала да се реши македонското прашање без разлика дали тоа соодвестувало или не соодвестувало со реалната состојба и политички прилики во тој момент од историјата.

Во 1893 година во Солун на 23 октомври долгогодишната желба за слобода на македонскиот народ резултира со формирање на Македонската Револуционерна Организација, која во своите програмски цели си задала за задача Македонија да стане автономна со своја власт и институции и како таква да егзистира на Балканот без никаква подршка или протекторат на било која од соседните земји.

Откако ќе заживее Организацијата и ќе почне да ја развива револуционерната дејност меѓу македонскиот народ најпрво како што вели Гоце Делчев “Прво секој човек да го ослободиме од помислата дека е роб ” агитирале меѓу народот за жал без сеуште организирани воени единици и воопшто со слаба организациона мрежа. Во овој период во Софија во 1895 година се формира Македонскиот комитет на чело со Трајко Китанчев по потекло ресенчанец. Начелно овој комитет треба да се бори за Македонија, за нејзината слобода но за жал подоцна и на изненадување на нејзиниот преседател таа ќе се претвори во орудие на бугарскиот двор и ќе ја спроведува пробугарската претензионистичка политика во Македонија. Оваа организација за разлика од МРО била легална и делумно финансирана најпрво од бројната македонска емиграција во Бугарија аподоцна нејзин најголем финансиер ќе биде бугарската влада и бугарскиот двор.

Македонскиот комитет ќе ја прескокне теориската агитација и ќе спроведува таканаречена вооружена агитација и прв резултат на тоа е Мелничкото востание од есента 1895 во кое Борис Сарафоф победонсно ќе влезе во Мелник,ќе дигне голема фама дека ете кончно започна ослободувањето и ќе замине од градот, при приот налет на османлиските војски и ова востание нема да предизвика ништо друго освен голем терор врз македонското население и разнебитување на неговата организирана борба. Наскоро по ова востание ќе почине и преседателот на Македонскиот Комитет,Трајко Китанчев од срцев удар иако бил на доста млада возраст а во некои извори, се вели дека неговата смрт уследила по инфомацијата за катастрофата на Мелничкото востание и како последица на фактот што сфатил дека организацијата на која што и го посветил животот станала орудие на бугарската влада.

По овој момент настапува првиот расцеп во македонското револуционерно движење односно првата поделба на Централисти и Врховисти земајќи ги имињата првите од Централниот Комитет на ТМРО а вторите според новото име на Македонскиот Комитет, Врховен Македонски Комитет (преименуван е во 1896 година).

Врховниот Македонски Комитет како што и самото име кажува сакал да се постави на чело на цело македонско револуционерно движење,додека ТМРО се трудела да остане што е можно посамостојна и понезависна од политиките на соседните држави за разлика од ВМК која пак целосно се ставила во сенката на бугарската влада и бугарскиот двор .

Врховистите сметале дека дека автономијата на Македонија е само една преодна етапа и подоцна во подцнежниот развиток ,во првата прилика кога опшествените и политичките услови ќе дозволат Македонија треба да се обедини со Бугарија. Видни преставници на врховистичкото крило се : Борис Сарафов, Иван Гарванов,Дончо Златков,Христо Матов и др. За врховистите и нивното политичко решение за македонското прашање Јане Сандански ќе каже:”Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте.”

Сепак и покрај жестоките борби и дискусии кои што ги воделе со ТМРО, Врховниот Комитет продолжил да се меша и понатаму во македонското движење вртејќи ја насоката на движењето кон Бугарија. Во овој контекст тие токму и пред  Илинденското востание ќе ги предизвикаат двете воени провокации Горноџумајското и Тушимското востание кои ниту за цел имале да придонесат кон ослободувањето на Македонија, ниту пак им било важно дали и колку населението е спремно за таков чин.Едноставно преку ноќ носеле решенија и истите ги спроведувале не сметајќи на подоцнежните далекусежни последици.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top