Коментари

Архивска фотографија од 1944 година: Ова ли е таа „заедничка историја“?

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Фотографијата, објавена во мемоарите на бугарскиот офицер Борис Рајнов и зачувана во фондовите на Историскиот музеј на Македонија во Скопје, претставува значајно сведоштво за настаните што следувале по капитулацијата на Бугарија во 1944 година.

Фотографијата сведочи за историскиот момент кога бугарската окупаторска војска, која речиси три години беше дел од германскиот воен поредок на Балканот, ја напушта Македонија.

За македонскиот народ тоа претставуваше почеток на завршната фаза од Народноослободителната борба и создавањето на современата македонска државност.

Историјата не може да се менува според дневнополитички потреби. Документите, фотографиите и архивските извори остануваат трајни сведоштва за настаните од Втората светска војна. Токму затоа е важно историските факти да се проучуваат врз основа на извори и документи, а не врз основа на современи политички толкувања.

П.С. Ова не наликува на „заедничка историја“ каква што денес некои политичари се обидуваат да ја наметнат. Архивските документи и фотографиите сведочат за настани што не можат да се избришат, премолчат или преобликуваат според актуелните политички потреби.

Историјата не се гради врз селективно паметење, туку врз факти. А фактите, колку и да се премолчуваат или оспоруваат, секогаш остануваат најсилниот сведок на минатото.

Иако можеа да бидат судени и убиени на лице место кон крајот на војната, сепак беа исптарени голи по бели гаќи.

Аманет ни е оставено од нашите дедовци тогаш ако е потребно пак да ги пратиме назад ама овој пат без гаќи.

Се обидуваа со окупации, асимилации и лаги да го избришат македонското име и идентитет. Денес се обидуваат со политички притисоци и барања за вметнување во Уставот, претставувајќи се како значаен фактор таму каде што реалноста говори поинаку. Но историјата покажала дека Македонија опстанувала и во многу потешки времиња. Народот поминал низ искушенија, а вистината останала жива.

Еден е Бог, а Негов е и последниот збор.

Амин

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Најнови вести

To top