Коментари

Ламбе Арнаудов: Есдесовци и леваци! Зошто ја мразите Македонија?

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Се однесува на сите старо-новозаветни фарисеи, осведочени непријатели на Македонија, сите заедно обединети под вашиот заеднички именител: омраза кон Македонија и македонскиот народ

Сите гледаат, само вие сте заслепени. Народот слуша добро, вие хистерично се дерете. Луѓето се мудри, вие ги правите недоветни. Не ги сакате своите, а од нив барате милост… Сè на сè, кај вас е поставено наопаку.

Зошто е тоа така?

Одговорот е многу едноставен.

Галопирачката спирала на инфлацијата на вашата омраза кон Македонија и македонскиот народ сите ве прави политичари со попреченост во сопствениот развој на вашето дејствување и, наместо напред, ве враќа назад – до конечно исчезнување.

Главната, за жал, непроменлива константа ви е омразата кон Македонија и македонскиот народ.

Зачудувачки формирана, одржлива и постојано во пораст, до степен да сте подготвени јавно и без срам да ја демонстрирате пред секого и насекаде, самоуверено ставајќи го вашето болно его пред општите, заеднички, напред движечки граѓански придобивки што оваа ВМРО-вска влада, на чело со Христијан Мицкоски, постојано и квалитативно, безрезервно му ги испорачува на својот народ.

Ете, таа е нашата константа – неограничена љубов кон Македонија и македонскиот народ, што, пак, од своја страна, спиралата на галопирачката инфлација на нашата љубов ја прави единствената инфлација што секој народ би ја посакал, за разлика од вашата непромислена омраза, која ви ја јаде душата однатре.

Венеете сè посилно од ден на ден, а ВМРО-ДПМНЕ расте, се разгранува, се виши, цвета и дава благородни плодови со кои духовно и материјално го храни својот народ, а за возврат добива силна поддршка и вечна љубов кон своите добродетели.

Ете, таа константа на љубовта прави да сме нераскинливо и вечно еден со друг, заедно градејќи светла иднина за нашите деца. Таа е нашата исконска константа. Така било, така е и така ќе остане.

Кој сака, нека се покае, нека побара прошка од својот народ за понижувањата и предавствата што му ги нанел, нека се придружи, но само како покајник, отстрана, зашто повеќе не заслужува.

Во вечната наша борба против вас, со нашата верба и интуиција дека сме на вистинската страна на доброто што го правиме за својот народ и за сите граѓани, ве победуваме вас, декадентните.

За среќа, народот нè препозна и несебично и безусловно нè прифати, а вас ве отфрли.

И покрај тоа, не ви доаѓа умот, ако воопшто го имате.

Деновиве „силно“ се разбранува политичката, скромна и плитка вода кај вас, есдесовците.

Се повторувате. Вие, никогаш непроменетите, кумровечки, експресно дипломирани политичари, повторно, без да криете, жилаво и жестоко се расправате меѓу себе за внатрепартиските состојби, кои воопшто никого не го интересираат.

Пукаат и трескаат тешки обвинувања, препишани и во аманет оставени памфлети од светиот ваш Кумровец. Вакви и такви – сите никакви.

Затоа, во ниту еден момент од вашата расправа никаде не ги спомнувате ниту Македонија, ниту македонскиот народ, ниту нивните заложби и насоки. И нормално.

За вас Македонија не постои, ниту, пак, некогаш сте се согласиле дека ја има, дека денес е силен, стабилен и прогресивен фактор во светот.

Ја гледате пред вашите очи, но од пуста, неминлива и постојано растечка омраза не ја прифаќате очигледноста.

Ве познава народот. Ако нешто памети, тоа се предавствата.

Ве знае и едните и другите – и вас актуелните и вас, долги години хибернираните, а сега разбудени.

И кога бевте активни и кога заспавте, а особено сега кога се разбудивте, народот ќе ви овозможи да си продолжите и ќе ви обезбеди вечна тишина и мир, не нарушувајќи ви го вашиот сон во кој ве испрати и ве пови ВМРО-ДПМНЕ, со својата константа на љубовта кон Македонија и македонскиот народ – по негово барање.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top