Култура и туризам

Античка уметност во Македонија

anticka-umetnost

Античката уметност во Македонија започнува да се развива за време на Античка Македонија, и тоа најмногу за време на Филип Втори, во 4-тиот век п.н.е.

anticka-umetnost

Сепак, постојат и постари наоѓалишта, како што е на пример Требениште (од 6-тиот век п.н.е.). Во тоа време во Македонија се развиваат повеќе градски центри: Скупи, Стибера, Стоби, Хераклеа Линкестис, Лихнид и др.

За време на подемот на Македонската држава, свој непречен развој доживувале и овие градски центри. Тие станале важни стратешки места, но во истовреме претставувале и важни економски и културни центри. Уште од ова време овие градови имале развиена инфраструктура и оддавале впечаток дека античката македонска држава била солидно развиена цивилизација.

По падот на Античка Македонија под римска власт, овие градови биле уништени и ограбени. Но сепак, новата римска цивилизација го продолжила развојот на овие градови. Римската култура длабоко се врежала во градските јадра на некогашните македонски градови. Таа донела нови вредности, нови форми и придонела за значителен растеж на античките градови во Македонија.

Се граделе нови патишта кои поврзувале големи градски центри во римската империја. Значаен дел од овие сообраќајници ја крстосувале територијата на Македонија. Најпознат ваков пат е Виа Егнација, која минувала низ Лихнид, Хераклеја и Солун. Во овој период македонските градови доживуваат културен и економски развој.

Од археолошките наоди во овие градски центри пронајдени се базилики, театри, плоштади, палати, бањи, кои биле богато декорирани со мозаици, мермерни и бронзени скулптури, како и со архитектонски орнаменти. Сето ова зборува за развиен градски живот во овие урбани средини.

Но, на територијата на Република Македонија постојат бројни други помали локалитети каде е пронајден богат археолошки наод, кој сведочи за распространетоста на античката култура во Македонија. Во сите овие многубројни археолошки локалитети на територијата на Македонија се пронајдени големи количества археолошки наоди, во вид на подвижен материјал, како на пример: керамика, монети, орудија, накит, статуи во помали и во поголеми димензии, оружја и сл. Овие богатства се чуваат во поголемите музеи во Република Македонија.

Како најзначајни и најбогати археолошки локалитети во Република Македонија може да се издвојат античките градови Стоби и Хераклеа Линкестис.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top