Култура и туризам

Тресончани жртви на Титаник

ny-times-titanic-1912

Ноќта на 15 април 1912 година потона прекуокеанскиот брод Титаник, дотогаш најголем патнички брод изграден во светот. Во ладните води на Атлантскиот океан, освен бродот засекогаш потонале и двајца тресончани, единствени Македонци кои загинале на Титаник, меѓу останатите 1.523 души!

ny-times-titanic-1912

Тоа се браќата Јанко и Миле од родот Смилески – печалбари кои биле на пат за Америка. Иако нивната семејна лоза има и други толкувања, зашто и во Србија ден денеска има едно семејство кое вели дека Миле потекнувал од Црна Гора и оти немал брат Јанко, ами неколкумина браќа и една сестра кои во 1912 година живееле во Америка, а тој одел кај нив, сепак аргументите се и на двете страни, а и најстарите тресончани го задржале паметењето за двајцата браќа од маалото Врлевци кои пред почетокот на балканските војни потонале на Титаник.

Најстарите жители на Тресонче раскажуваат како дури од деца слушале за смртта на нивните соселани на Титаник. Има можност, тие да потекнуваат од познатиот тресонечки род на Сарџо Брадина или од некое друго помало семејство Смилевци, но старите не паметат дека имало други Смилевци в село. Доколку се од првиот род, во тој случај имаат врска со Смиле, внук на познатиот ќаја Сарџо Караџа Брадина. Смиле бил син на Трене и Софија. Во родовското стебло на оваа фамилија се среќава името Милетие.

Мајка им ја викале Трена (или Треневица, н.з.) и кога разбрала оти нејзините единствени синови потонале некаде на море додека со голем брод патувале кон Америка, одлучила да засади орев, за секој намерник да каснува по едно кокале за душа на загинатите синови. Тоа го сторила и за да не се сотре паметењето за нивната фамилија, зашто пред многу години починал и мажот. Трена починала во длабока старост некаде во времето на Втората Светска Војна.

Оревот навистина беше огромен џин и еден од најголемите во долината, но тресончани го заборавија аманетот на баба Трена. Во доцните осумдесети или во раните деведесетти години од 20 век, два-тројца тресончани одлучија дрвото да се пресече, бидејќи во тие години ореовото стебло достигна нешто повисока цена од вообичаената. Едниот од нив беше од Кадиевци, а другиот од Бошковци, а денеска и двајцата не се повеќе живи.

За среќа, сe уште постојат остатоци од гигантското стебло на оревот, кое како смртно ранет див лежи на падините меѓу Врлевци и сред село – “Ленишча”, скаменето од сонцето, дождот и снеговите. Во догледна иднина неговото стебло би требало да се заштити или да се префрли на суво место, за и во иднина да остане да биде сведок за загинатите Мијаци на Титаник.

Додека авторот на овие редови со месеци го истражуваше случајот “Титаник – Тресонче”, барајќи низ американските Интернет архиви податоци за загинатите патници на тој брод, стигна допис од архивата наречена “Encyclopedia Titanica”, најбогатата Интернет страница каде може да се најдат секакви информации за несреќата. Во дописот упатен од уредниците на отворениот форум за информации стигна и потврдата за патникот Миле Смиљаниќ (или Смиљановиќ), кој загинал на 37 годишна возраст. За неговиот брат Јанко не пристигна ништо!

Од информациите до кои беше дојдено се дознава дека Миле, откако неколку години печалбарел низ Србија и Хрватска, преку Австрија заминал за Саутхемптон (Англија) и оттаму на 10 април 1912 година (во среда) се качил на Титаник на пат кон Њујорк. Се качил како патник од третата класа, пријавувајќи се како земјоделец. На бродот, како земјоделци, заедно со Миле, се пријавиле вкупно 49 лица. Бројот на неговиот билет бил 315037, што Милета го чинел 8,13 фунти. Тој ден во Саутхемптон на бродот се качиле 1.645 патници без да знаат дека за само 5 дена повеќемина од нив ќе се удават во ладните води на Атлантикот.

Името на неговиот брат Јанко беше пронајдено во хрватски архиви во кои се цитира публикација со наслов “Титаник”, објавена во Сараево во 1998 година. Таму и двајцата се водат како Хрвати, а во големата “Encyclopedia Titanica”, Миле Смиљаниќ се води како патник кој дошол од Австрија и чија дестинација е непозната. Имињата Јанко и Миле и самите Хрвати ги токлуваат како сосема “нехрватски”.

Додека живеел во Србија Миле основал семејство чии наследници и ден денеска живеат во околината на Белград. Неговата внука Софија во 2004 година беше сe` уште жива, но во длабока старост. Таа носи исто име како и името на можната мајка на Миле, односно Софија, жената на Трене Смилески!

Интересно е што името на Јанко не се споменува меѓу официјалната листа на загинати. Неговото име не се поврзува ниту со местото каде што се качил на бродот. Се претпоставува оти постои можност, како и голем број други лица, Јанко да успеал скришно да влезе како слеп патник на Титаник, за со Милета да заштедат некоја пара за кога ќе стигнат во Америка. Тоа веројатно никогаш нема да го дознаеме.

Телата на тресончаните Миле и Јанко Смиљаниќ никогаш не биле пронајдени! Бродоломот го преживеале само 705 лица кои биле извлечни од екипажот на бродот “Карпатија”.

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top