Култура и туризам

Теофилакт соопштува дека седиштето на Охридската архиепископија е во Македонија

teofilakt

Македонска нација

teofilaktДоаѓањето на Теофилакт чело на Охридската архиепископија и неговите обиди за асимилација му нанела огромна штета на македонскиот народ. Сепак и покрај сите преименувања, обиди за грциизирање и асимилација на населението низ вековите, македонскиот народ успеал до ден денес да опстане и да го сочува своето име, што говори за неговите длабоки корени.

Теофилакт Охридски бил византиски свештеник и охридски архиепископ (1084-1107). Се родил кон крајот на првата половина од Х1-от век на островот Евбеја, а умрел помеѓу 1118-та и 1126-та година. Го завршил Универзитетот во Цариград и имал широки познавања од повеќе области, особено филозофија, класична историја и реториката. Пред да биде нзначен за архиепископ на Охридската автокефална црква (1084 до 1107), извршувал важни должности на Цариградската црква Света Софија и бил учител по реторика на Патријаршиската школа.

Важел за една од најистакнатите личности во византискиот учен свет во тоа време. Поради неговата ученост тој бил учител на Константин Дука, син на императорот Михаил VII, како и други членови на царското семејство. Иако близок со царското семејство, тој одржувал и блиски контакти со симнатото царско семејство. По доаѓањето на власт на Алексиј I Комнен, Теофилакт бил отстранет од Дворот и бил назначен за архиепископ во Охрид. Се смета дека на оваа позиција доаѓа во 1084 година и дека на охридскиот трон останал се` до 1107 година, кога заминал во Солун. Точната дата на неговата смрт не е позната, но се смета дека починал 1125/1126 година.

Теофилакт кој е еден од најпознатите православни теолози во тоа време и кој оставил коментари на евангелија и други новозаветни текстови кои во Ренесансата стануваат познати и во Западна Европа, назначувањето за архиепископ во Охрид го прима како казна и во своите писма бара да го ослободат од должноста која мора да ја обавува во провинцијата кај барбарите кои не го знаат грчкиот јазик. Откако не успева да биде ослободен тој се обидува да го наметне грчкиот јазик во Охридската архиепископија и ги пишува „Житието на Климент Охридски“, „Житието на Тиверополските маченици“ и други дела.

Иако живее во Македонија долго време, тој во своите дела и писма многу ретко го користи името Македонија. Сепак, во Житието на 15-те Тивериополски маченици, зборувајќи за прогонувањето на христијаните во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363), Теофилакт ќе напише: „Во Македонија Теодул и Тацијан, благородни и пламени по дух мажи, влегле ноќе во еден храм на идоли и ги искорнале тамошните идоли. Тогашниот управител на областа за да му угоди на тиранинот, решил да фати мнозина, кои се осмелиле да ја прават таа работа. Но Теодул и Тицијан сметале дека е неблагодарно да не излезат пред јавноста и да не се посочат себеси дека се осмелиле да го прават тоа, а да ги изложат невините луѓе на гневот на тиранинот, кој гори за да се освети за своите богови и се жртвувале за Христовата вера“.

Осврнувајќи се на бугарските освојувања во Македонија во првата половина на IХ-от век, Теофилакт вели дека, Бугарите, „откако ја освоиле целата илирска земја, стара Македонија до градот Солун и стара Тракија, т.е. околината на Верија, го имам предвид Филипопол, како и погорните области, ги завладеале тие земји како постојани населеници, а пак жителите на секој град ги раселувале, преселувајќи го населението од едни градови во други“.  

Со потенцирањето дека Бугарите ги освоиле „стара Македонија“ и „стара Тракија“, Теофилакт Охридски покажува дека тој прави разлика меѓу историско-географската област на Македонија и Тракија со византиските теми Тракија и Македонија на дел од историско-географскиот простор наТракија. Истовремено тој укажува дека Бугарите се освојувачи и дека се дојденци во Македонија, но не укажува дека исчезнале Македонците. Напротив, како што вели населението било раселувано од едни градови во други, што значи дека било правено со цел да се ослабне нивната способност да се организираат и кренат бунт против Бугарите. Всушност  Македонците биле домининантен народ за што говорат и синодалните акти на Охридската архиепископија од времето на архиепископот Димитрија Хоматијан (1216 – 1235).

Исто така, во писмото упатено до протосекретарот Григориј Каматир околу 1106-та година Теофилакт соопштува дека градот Охрид се наоѓа во Македонија. Во писмото во кое му се заблагодарува на Каматир што за управник на темата на Вардариотите бил испратен Константин Дука (синот на протостраторот и севаст Михаил Дука, брат на царицата Ирина, кој бил негов ученик, Теофилакт меѓу другото ќе напише:

„Се научив дека е испратен за управник на Вардариотите (турски колонисти населени покрај Вардар н.з.) мојот воспитаник, почитуваниот протостраторов син, којшто прилега на татка си покрај другото и со љубовта кон науката… Не знаев дека тој се разбирал и од геометрија, ако и да било природно да ја мери земјата, зашто секогаш имало по нешто погрешно. Да беше посакал, би можел да стане и музички образован, а тоа е природно, зашто аритметиката е сродна со хармонијата… Тој би можел да стане музички образован ако се зафати најпрво да вежба со дувачки инструменти и се научи да ги надува и отпушта хармониски и со ритам… Ако пак врши набљудување на движењето на Сонцето, тој ќе се научи како последното, Сонцето, ја тера колесницата, и во таквиот случај тој ќе биде не по презимето туку по името Хрисилиј… Ако, пак, ти е до тоа да биде врвен возач на колесница и за него да се натпреваруваат димите кои се натпреваруваат во боите, не задржувај го таквиот во тесните предели на нашата Македонија, туку испрати го во Лариса, зашто Тесалија и Фарсалското Поле се попогодни за тоа… Ако пак, дојде кај нас, тој не ќе може да се истакне ниту во другите науки, ниту во геометријата… Кај мене само една уметност, ако ја знае може да му биде полезна, а тоа е пеењето и диригирањето со хор“.

Теофилакт, како и другите Византијци, имал императорска задача да ја покори бунтовната Македонија и да го грцизира населението, што може да се види од неговите други писма. Оттука тој ќе напише за нашата Македонија: „Но, токму со таквото именување, архиепископот Теофилакт покажува дека ја подразбира не само античка Македонија, туку Македонија во поширока смисла на зборот, вклучувајќо го и градот Охрид каде што ја вршел архиепископската должност и каде се наоѓал тронот на Охридската архиепископија“.   

Доаѓањето на Теофилакт на чело на Охридската архиепископија и неговите обиди за асимилација му нанеле огромна штета на македонскиот народ. Сепак и покрај сите преименувања, обиди за грциизирање и асимилација на населението низ вековите, македонскиот народ успеал до ден денес да опстане и да го сочува своето име, што говори за неговите длабоки корени.

(извор: М. Бошкоски – „Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори“, Скопје, 2003, стр. 122-123; Документи том I, Скопје, 1981, стр.111-112)

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top