Култура и туризам

Кога дојдовме во Македонија

pavle

Кога дојдовме во Македонија – СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ

Од Второто послание до Коринтјаните – Од Првото послание до Солунјаните

За братољубие пак нема потреба да ви пишувам, оти вие самите сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија.

pavle

Оти, како што се умножуваат Христовите страдања во нас, така се умножува за утеха наша преку Христа.                 

Ако сме во мака, за ваша утеха е и спасение, и кое е можно само така, кога ги претрпувате истите страдања, што ги трпиме и ние; а и надежта наша за взј е тврда. Се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како шго учествувате во нашите страдања, така ќе бидете учесници во утехата.

И во таа увереност се готвев да дојдам при вас порано, та повторно да примите благодат, и преку вас да заминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, та вие да ме придружувате до Јудеја.

Многу слободно зборувам кон вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преазобилувам со радост покрај сите наши маки.

Оти кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; во се` бевме во маки; однадвор  напади, одвнатре страв.

Браќа ве известуваме за благоста Божја, дадена на македонските цркви, дека при поднесувањето на многу маки нивната радост беше изобилна; и при својата голема сиромаштија покажаа големо, големо богатсво на својата добродушност, зашто според можностите нивни, јас сум сведок, а преку нив, тие даваа доброволно; не молеа необични многу, да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господа, а потоа и на нас, по вољата Божја.

Во врска со помагањето на светиите сметам дека не треба да ви пишувам, зашто ја знам вашата ревност, за која се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја приготвила помош уште од лани; и вашата ревност поттикна мнозина.

А браќата ги испратив, та да не би нашата пофалба за вас да излезе во овој случај напразно, туку како што зборував, бидете приготвени.    

Па ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени, да не би да останеме посрамени ние за да не велиме вие, откако ве пофалиме со таква увереност.

Погрешв ли што се унизував за да ве издигнам вас, бидејќи дарум ви го проповедам Евангелието Божјо!

Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, та вам да ви служам, и додека бев при вас, иако бев во скудност, никому не дотегнав, оти немаштијата моја ја употполнија браќата што дојдоа од Македонија. Па и во се` друго се пазев и ќе се пазам, да не ви бидам товар.

Како што е вистината Христова во мене, така и оваа пофалба нема да се одземе од мене во краиштата ахајски.

(Од второто послание до Коринтјаните)

Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога, зашто нашето Благовестие кон вас беше не само со словото, туку и со сила и со Светиот дух, и со големата увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.

И вие се згледавте на нас и на Господа, кога во големите маки со радост го примивте словото од Светиот Дух, така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место, се пронесе верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.

За братољубие пак нема потреба да ви пишувам, оти вие самите сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате, и усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствените свои раце како шти ви заповедаме, да се држите чесно спрема надворешните и да немате потреба од никого.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top