Култура и туризам

Обичаи за измолување дожд од кумановскиот крај

staro-kumanovo-240

staro-kumanovo-240За да се обезбеди доволно дожд преку годината, односно летните месеци – во Куманово главно се изведуваат два обичаја. Едниот наречен додоле се изведува секоја година во еден од летните месеци, а другиот – богомолство – само во годините на најголема суша и тогаш зема учество скоро сето население од градот. Посебни пак обичаи се застапени кога се пресретнуваат градоносните обичаи, што се наднесуваат над градот и се закануваат да нанесат големи штети по полето. Тогаш се изведуваат обичаи што се, всушност, магиски постапки, преку кои се одвратуваат, односно растеруваат облаците и се спречува паѓањето на град.

Д о д о л к и  (додоларке) – Секоја година, обично околу Великите пости одат по куќите додолки (или додоларке, како што ги вика уште месното население), кои што молат Бога да заврне дожд односно да го има доволно преку годината. Како додолки одат две Циганки кои се најчесто мајка и ќерка. Едната од нив мајката носи котле со вода, кое, кога влегува во некоја куќа го остава покрај себе и започнува да пее, удирајќи истовремено во дајре, а другата – ќерката е додолката, мало девојче, кое тогаш започнува да игра. Додолката е накитена со зеленило. На главата има венче, исплетено од врба и трева (најчесто „лепешка“), а околу половината појас од базје (бузињак) и штавел (штавињак). Во рацете држи исто така базје или штавел кои повремено ги натопува со вода од котлето и играјќи прска по дворовите, куќите, насобраните луѓе и сл.

На додолката и` се пее познатата песна:

Додолица Бога моли:

– Ој Додоле, мили Боже,
Дај ни Боже, ситна роса,
Да нароси (навади) редом поље,
Редом поље берикетно.
Да се роди вино-жито,
Од два класа шиник жито,
Од два грозда чебар (ведро) вино.
 Ој Додоле, мили Боже,
Да засити (нарани) сиромаси,
Сиромаси и сираци.
Ој Додоле, мили Боже.

Во секоја куќа додолката ја посипуваат со вода, а потоа и даваат разни подароци, било во пари или во натура.

Така додолките ги обиколуваат по неколку дена скоро сите куќи во градот.

Б о г о м о л с т в о – Во годините кога долго време преку летните месеци не заврнува „ни капка д’ж“, т.е. кога настануваат сушни денови, се собира народот од градот и се договараат да изберат ден кога ќе се оди на богомолство. Обично неколцина од нив го одредуваат денот и сетне за тоа ги известуваат и другите. За богомолство се избира делник, и тоа најчесто понеделник или среда. На тој ден не се работи, туку се држи како празник, зашто тогаш целиот град „ќе се моли на Бога да заврне д’ж“. Некои порано дури и постеле по два до три дена до закажаниот ден. Во одредениот ден се собираат мажи, жени кои поведуваат и деца и одат в црква. На децата „кастелен не им давав леп“, но така гладни ги воделе во поворката да плачат и барат леб – „да се смили Господ на деца“. Во црква се одржува нарочна служба – закон за д’ж, а потоа сите излегуваат во црквениот двор. Пред народот излегуваат поповите, а од црквата изнесуваат крстови, црквени бајраци, шандани, икони и сл., и сета поворка (литија) излегува надвор од градот и оди по полето односно по околните ниви, лозја и сл. На поедини места поворката подзапира, народот клекнува на колена (мужи сви гологлави, т.е. ги симнуваат капите), а поповите отпочнуваат со читање на Евангелието. Таму, на нивите, се свети масло (донесено во филџан или винска чаша) и се крсти вода, носена во котле, во кое се става и зелен босилок. По молитвата, народот станува и заедно со поповите продолжуваат да одат по полето, истовремено попрскувајќи ги нивите со крст и босилок, од крстената вода.

Народот одејќи пее:

Земја зажужела,
Спаси и помилуј,
Помилуј нас Господе.
Земја зажужела
Боже помолим сја на тебе,
Да ни дадеш д’ж
Да навадиш поље,
Да се роди берикет…

За сето време на „богомолство“ во градот бијат камбаните. Откако ќе обиколат неколку места по полето, се враќаат во црквата, ги оставаат крстовите, бајраците, иконите и др. А кој сака зема од крстената вода и сетне со неа ги попрскува своите ниви, бочви, лозја и сл. Потоа народот се разотидува по домовите.

Во сушните денови и децата често пееле по улиците:

Дај ни Боже, д’ж
Да се роди `рж!
Мајка ни се моли,
Сас два леба цели,
Сас две деца голи.

Од Кумановско, од записите на Велимир Николов. Објавено во „Гласник на Етнолошкиот музеј“, 1, Скопје 1960 г.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top