Култура и туризам

„Вардар“ ќе бидит постретен от свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајне, осем западно-јевропејците

spisanie-vardar

Од наредилницана.

Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

Нашијот месечник јет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимајн’ето на свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајн’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајн’е, осем западно-јевропејците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите на свите заинтересувани во маќедонцкото прашајн’е балкансќи народи.

Од «Вардар» ќе бидат недовол’ни: Турците, Грците, Бугарите, Србите и самите Маќедонци.

Турците ќе се бојат да не предзнаменуват тој некакво ново течејн’е стред Маќедонците, коіо би могло да предизвикат нови брканици во Маќедонија. Грците једвај ли ќе се порадувајет на какво и да јет движејн’е стред Маќедонците, којо би могло да покажит способност на борба за самосочувувајн’е на словенцкијот јелемент во некога сласичната Маќедонија.

Бугарите и Србите не милувајет појавувајн’ето на «Вардар» со неговата нова нацијонална програма као нешчо, шчо можит да нанесит смртен удар на нивните нацијонални стремејн’а во Маќедонија. Наіпосле по големијот, ако не речиме на големијот, дел на Маќедонцката интелегенциіа ќе јет против «Вардар» со неговата програма, зашчо свите Маќедонци, противници на маќедонцкијот нацијонален сепаратизм, сет убедени, оти со пари во Маќедонија човек можит да создадит од нашите Маќедонци не само бугарцка, србцка, грцка или маќедонцка, ами и циганцка народност и циганцки интереси, а без пари не се правит нишчо: противниците на нацијоналнијот сепаратизм мисл’ат, оти нацијоналните сепаратисти, као л’уѓе, шчо не располагает ништо со пари, ниту со соосеќавајн’ето и поддржувајн’ето нито на једна од балканцките или големите јевропејцки држави, ќе создадат во Маќедонија само једна нова словенцка партија, која само ќе уголемит и без тоа големата раздробеност на словенството во Maќедонија. Немат зашчо да се зборат, оти и простијот народ ќе бидит против «Вардаров» и неговите сотрудници, нацијоналните сепаратисти: идејата, шчо је имајет сепаратистите, јет много одвлечена и тешко се разбират от простијот народ, на кој му имајет надојдено свекакви проповеди и новововедувајн’а. Наіпосле противниците на «Вардар» и маќедонцките нацијонални сепаратисти сет и руските словенофили и мнозина словенознајци: тије велет, оти и без нова маќедонцка словенцка народност имало много словенцки народности: свекој разумен човек, велет тије, би требало да се стремит кон сојединувајн’ето нови словенцки народности, за који до сега нито историіата, нито филологиіата не сет зборувале нишчо.

Ја колко неприіатели имат «Вардар» ушче од завајќајн’ето на неговото излегувајн’е на бело видело.

Неговиот задаток, значит, ќе бидит:

1.    тој да урдит известни односи меѓу него, неговата програма, неговите последувачи – маќедонцките нацијонални сепаратисти – од једна страна, и неговите противници – своите балканцки народности, заинтересувани во маќедонцкото прашајн’е – од друга;

2.    тој ќе требит со научни доводи да се борит со своите словенофили и словенознајци, који, опирајќи се на историіата и филологиіата, одречит сąшчествувајн’ето на оддел’на словенцка – маќедонцка – народност; со друзи зборови, на «Вардар» му се паѓат, тој да прегледат свите научни, историјцко-лингвистички прашајн’а за народноста на Маќедонците и да и подложит на строга научна критика опирајќи се на нови лингвистички материјали и теорија.

3.    Нај после трето и најглавно «Вардар» не само требит да следит научна основа на маќедонцкијот нацијонален сепаратизм, но тој требит да покажит нагледно да јет и јазикот самобитен, да тој не јет ни српцќи, ни бугарцќи и да јет способен за литературно развивајн’е. Редом со достигајн’ето на тој задаток, «Вардар» ќе дадит на своіите читатели цел ред интересни за свекој Маќедонец научни и белетристични материјали и со тоа ќе кладит основа на маќедонцката самостојна наука и литература.

«Вардар» ќе се помачит со нови научни материіали да представуват интерес не само на Маќедонците или заинтересуваните от политично гледиште со маќедонцкото прашајн’е туѓинци, ами исто така и за тије от последните, за коіи нашата татковина представуват чисто научен интерес. Со статијите на руски іазик «Вардар» ќе се помачит да запознајит по широките руски крагови со Маќедонија и маќедонцкото прашајн’е.

Ево и задатоците, шчо си и имат кладено «Вардар»; тије сет од двојен характер: политичен и научно-литературен.

Задатоците на «Вардар» сет до толку големи, мачнотијите, со који имат тој да се стретит, сет от толку серијозен характер; пријателите, на који тој имат да бројит, сет до толку малу, шчо ушче од заватово се чинит, оти гласо на «Вардар» ќе бидит глас на викач во пустијн’а.

Постред таја глабока жалост, шчо задавуват градите, кога помисл’уваме за мачнотијите, со који имат да се стретит «Вардар», само једно нас не` утешават, а то јет – Господ Бог и правината негова, шчо јет на наша страна: со неја и Тој јет кај нас и со нас, а со Господ напред «Вардар» ќе излезит победител’ от свите мачнотији, какви и да сет тије.

од Крсте Петков Мисирков

spisanie-vardar

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top