Култура и туризам

Од минатото на Малешевијата

oldberovo 07

Однесувањето на мажите и жените

oldberovo 07

Во старо време моралот и кај машките и кај женските секогаш бил на високо ниво. Тогаш ретко каде се трпела невеста што нема деца (Ил’ ми роди, ил’ ќе земам друга!). Ако би се најдел некој неверен маж, тоа би била домашна тајна. На тоа неговата жена онака за себеси само би рекла: Бог да го суди!

За девојката да ја чува својата невиност, денес најмногу влијание имаат свадбените обичаи, кога се оценува невиноста на девојката. Во свадбените обичаи речено е: што прават во понеделникот по свадбата деверите, кога ќе појдат во куќата на невестата.

Ретки се случаите во Малешевијата, човек покрај својата жена во бракот да има и друга со која живее вонбрачно. И тие ретки случаи се случувале од времето на последните војни наваму. Во некои места и ако се најде по некоја извикана жена, таа обично е вдовица, или распуштеница (беганица). Реткост е некоја жена да живее со некој свој далечен роднина.

Има некои случаи кога народот и одобрува на жената кога таа покрај својот жив маж ќе најде уште некој. На пр. имаше еден случај каде што жената се мажела за тројца и немала деца. И кога се омажила за четвртиот и пак немала деца, нашла некој човек надвор од бракот со кој имала две деца.

Мажите обично строго внимаваат на жените какво однесување ќе имаат кон странците, кога тие ќе дојдат во некое место (било на привремена или постојана служба). Тогаш тие се толку љубоморни дури се закануваат со убиство. Во Берово скоро имаше случај некоја девојка излажана од некој дојденец родила вонбрачно дете. Тој случај на сите мештани оставил мачен впечаток (од срам) и нејзините родители подолго време не смееле од дома никаде да излегуваат.

Инаку женските деца од времето на својата зрелост добро се чуваат. Ако во селото има река, тие се капат одделно од машките, и тоа облечени во стари кошули и сукни.

Жената се срами да влезе во напознато машко друштво и тука да се појави пред познат човек. Исто така се срами и да го каже името на женската стока. Пред тоа да го каже ќе рече: страмота е.

Во народот многу се внимава кој како живее. Се внимава и на свештените лица. На пр. свештеникот во Чифлик (стар 38 години) откако му умрела попадијата нашол една жена и ја донесол дома. Селаните тоа не можеле да го трпат и на собор решавале што да прават со свештеникот. Решението било да се тужи. Кога за тоа слушнал свештеникот ја истерал жената. Бидејќи немал кој да го гледа наскоро умрел.

За време на турското ропство се чувале и од Турците: дали ќе нападнат на честа на жената на некој христијанин.- Се случило еднаш во Пехчево еден Турчин на минување и намигнал на една жена – христијанка. Еден пријател му кажал за тоа на мажот на таа жена и тој налутен дошол дома и сите работи од жената ги исфрлил надвор, сакајќи да ја избрка. Жената се нашла во чудо. Кога разбрала кој пријател тоа му го кажал на мажот го зела револверот, пошла во неговата куќа и го присилила да дојде и на нејзиниот маж да му каже дека го лажел. Тој тоа го направил, по што и мажот и простил на жената.

Во постаро време свршената девојка половина година не се видувала со својот свршеник, ниту смеела тоа да го прави. Ако случајно некаде се сретнеле двајцата ќе поцрвенеле од срам и ќе побегнеле еден од друг.

Значи чесноста во поглед на моралот во старо време била на завидна висина. Тоа се гледа и од овој случај. Кога на пр. се случило (по некоја потера) сите момчиња од некое место да побегнат во планината и таму да останат подолго време – девојките што ги сакале оделе кај нив да им однесат храна и да ги исперат и закрпат. Ниту една од тие девојки не е ни допрена. Кога подоцна тие момчиња се вратиле во селото секој од нив својата девојка ја зел за жена. (Тие девојки порано биле само свршени).

Во тоа старо време кога човекот морал да оди некаде од куќата на подолго време (кираџилак, гурбетчилак, во планината кај стоката) неговата жена не смеела сама да оди ниту на посета, ниту во црква, туку тоа го правела само во друштво на свекрвата, деверот, или со некој друг возрасен човек од куќата, но сама никако. Во деновите на празници можела малку поубаво да се облече, но пак сама не смеела никаде да оди.

И денес луѓето во Малешево се срамат да се бањаат голи во реката, и луѓето да ги гледаат.

Ако се случи некоја девојка (од 14 до 18 години) да мора да оди во градот нешто да купи или да оди на воденица или валавица, со себе носи (според желбата на родителите) некое помало машко дете (или женско) кое ќе и` прави друштво, за да не се случи некое машко да ја нападне.

Од книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремије Павловиќ, Београд 1929 г.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top