Култура и туризам

Отвори ги очите, ако не ги отвориш, други ќе ти ги отворат

Greece in the Treaty of Sevres

Македонска нација

Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија

Greece in the Treaty of Sevres

Георги Трајчев (1869 – 1945), познат и како Вестителов, во текот на својот живот напишал повеќе книги со македонска тематика. Меѓу нив е и книгата „Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија“ објавена во Софија 1904 година. Самиот предговорот на оваа книга кажува многу. Во него е забележано следното:

„Кога ја даваме во раце на читателите оваа книга, ние ни најмалку не се сомневаме дека таа со внимание ќе биде прочитана. Во неа ќе се види на јаве какви се Грците, како мајсторски пипаат и ја плетат својата кошница на штета на другите народности… Но, така е со сите луѓе, кои лесно се лажат и продаваат свое име и народност. Способноста кај Грците да поткупат, да ги измамуваат со простени и непростливи средства е наследство од старите Византијци. Така ние соседните со нив народи, требаше тоа да го знаеме од порано и да не се удавиме. Но, кој ни е крив. Поговорка вели „отвори ги очите, зашто ќе ти ги отворат“.

На почетокот од книгата авторот Георги Трајчев говори за грчкото Кралство и нeговото население, за четите испратени од Грција, за жителите од Аграфа и нивните молби, за M-r Champoiseau и Д-р Типот. Тој почнува од по-оддалеку, односно говори за тоа што има да каже за Тесалија и за долна Албанија. Но, да го оставиме авторот самиот да говори:

„Во Наварин турско-египетската флота била уништена во 1827 година. Наредната година (1828), француска војска ги изгонува турските гарнизони од Пелопонес. Најпосле, на 3 февруари 1830 година Лондонскиот конгрес формирало едно ново кралство, под име Елинско.

Впрочем со ова кралство на југ беше истото што и со Црногорското кнежевство на север. Секогаш едното и другото претендираа да се зголемуваат на сметка на Албанија…

Англија дури пред 1830 година не сакала новото кралство да ја премине Парнаската планина. Тоа го велела оправдано, бидејќи немало Грци отаде Парнас. Од оваа планина, дури до Пинд, жителите се таканаречено сите Власи и Албанци. Но, бидејќи грчката раса не надминувала повеќе од 350.000, ја разгледа можноста за потреба да го прошират ова мало кралство дури до Пинд, односно до заливите на Превеза и на Ламија.

Така се зголемило, на сметка на Албано-Власите, новото грчко кралство со 45 островчиња. Тоа имаше, вели Cantu (т. 18 стр. 168), во 1836, само 700.000 лица. Во 1840 имаше малку повеќе население, и конечно Англија му ги даде (1864) Јонските острови, населени тогаш, со околу 250.000 жители. Но, ова население поради немање леб емигрираше и се намали за повеќе од 50.000 лица.

Притоа Грција што не беше направила, за да успее за да ги земе тие острови?

И отпосле, што таа се` не направи за да ги оддели Тесалија и Аграфа од Турската империја? Без да зборуваме за политичките чети кои таму ги поддржувала уште од 1830, ние ја гледаме, како таа сакала да ја искористи Кримската војна (1853), за да нападне во овие провинции. Требаше Европските сили да ја блокираат Пиреја за да се принуди Атинскиот кабинет да ги повлече испратените чети.

Од тогаш наваму, колку пати Грција не е испраќала други чети? Но, што тие чети испратени од Атина, се обидувале да прават секој пат? – да ја компромитираат пред турските власти рајата, која никогаш не ги симпатизирала.

Така во 1867, контрабандитите на кралот Георги, протерани со силата на топовите, повеле маса народ кон границата, со цел, ако турските власти постапат со нив сурово, со нив да ги принудат да преминат во Грција.

Како доказ на нашето тврдење ќе претставам еден извод од молбата од жителите на Аграфа упатено до Јанинскиот валија, кое Францускиот конзул Mr. Champoiseau и Д-р Типа го обновиле во Турција. Оваа молба е со датум од 27 Јуни 1867.

“Разбојнички чети” организирани во грчкото кралство и поддржани од пограничните власти на ова кралство, навлегоа во нашите села и сакаа со сила да не натераат да се прогласиме за востаници против нашата легална влада и бидејќи ние ги отфрливме нивните предлози тие чети ги изгореа нашите куќи, го зедоа целиот наш добиток, целата покуќнина, сета наша храна.

Оние од нас кои не се согласија да избегаат во внатрешноста на империјата, беа со сила пренесени од тие банди во Елинското кралство. Откако страдале некое време од глад и од други лишувања, тие конечно избегале тајно и се вратиле во своите села речиси голи, во една екстремна сиромаштија, лишени од домовите и од најнеопходните работи.

Како што поднесовме на Вашето Превосходителство посебен лист за секое село и за работите украдени од горенаведените банди, ние молиме, согласно справедливоста, да се обештетат нашите загуби и елинската влада да биде принудена да ни ги плати загубите. Следат печати на мухтари од 46 села, кои се наоѓаат во околијата на Аграфа“.

При горната молба се дадени барањата на уште 7 села и загубите претрпени на секое од нив. Еве ги имињата на тие села и нивните загуби: Зографу – 25.000 гроша загуба; Неохори – 40.000 гроша загуба; Ригула – 66.060 гроша загуба; Кишово 11,082 гроша загуба; Компориана 58,000 гроша загуба; Катафи 21,000 гроша загуба; Кастенија 193,100 гроша загуба. (Вкупно 414,242 гроша загуба).

Во молбата на Елена, жена на Папа Христо, таа бара 10,000 гроша, и расправа како нејзиниот маж е убиен од наведените Кириакос, Г …риес, Галазопуло, кои дошле од Грција за да ја востанат земјата.

Бидејќи ние бевме затворени во куќата, кажува таа, во моментот кога мојот мaж од прозорецот им велеше дека се противи на нивните предлози да се крене и да се придружи кон нив, тие го убија со еден истрел од пушка. Потоа, откако влегоа во нашата куќа, ја претресоа и не оставиле во неа ништо.– Кастенија 1 јули 1867 година

Забeлeшка. Прeпис од сите молби потпишаните ги прeдале и до сите европски конзули. Тоа нeшто подпишанитe го кажуваат сами во својата молба до валијата.

Во продолжение – Во 1877, Русија од оправдани причини и објави војна на Турција. Но Грција, без да има никакви причини ја искористи ситуацијата меѓу двете држави и испрати во Тесалија една армија составена од редовни војници и од волонтери, повикани од секаде. Потоа, започнаа борби на височините на Воло, во Платано, во Литохори, меѓу Платамона и Катерини. Борби се водеа уште и во Сент-Каранта во Албанија…

Кратка белешка за авторот

Георги Трајчев (18), познат и како Вестителов, Г. Мајков е роден 1869 година во Прилеп, во семејство доселено од Богданци. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназиското го продолжил во Солунската машка гимназија, каде што по завршувањето се вработува како учител во Дебарскиот инспекторат. Есента 1896 година се приклучил во редовите на ВМОРО, а во 1908 година станал претседател на околискиот револуционерен комитет на град Прилеп. По Втората балканска војна, од српските власти Трајчев бил екстерниран во Бугарија, каде што продолжил со учителската дејност. Во август и септември 1916 година, како фотограф во рамките на научната експедиција во Македонија и Поморавието, го придружувал професор Љубомир Милетиќ. Починал во Софија во 1945 година. Во текот на својот живот напишал повеќе книги со македонска тематика. Меѓу нив е и книгата „Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија од најново време – современи откритија“ објавена во Софија 1904 година.

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Најнови вести

To top