Култура и туризам

Каде се почетоците на населбата Лазорополе

Lazaropole 1861

Lazaropole 1861

Веќе се знае, запишано е Лазорополе како населено место е една од помладите населби во просторите каде што се распослани мијачките, малореканските села. Во пишаните документи прв пат го сретнуваме во „Кодексот на благопоклоници“ или како што се нарекува уште „Кодика“ на манастирот во селото Слепче, од втората половина на 15 век. Како дервенџиско село, пак, прв пат го сретнуваме во пописот од 1582 година.

Ако некојпат сте се прашале кои населени места (од околината на селото) му претходеле на денешното Лазорополе, еве го одговорот:

– Населбата Главино Село: името на селото асоцира да помислиме (а зошто и да не веруваме) дека во населбата живеел главешината на Мијаците: населбата под едно беснеење на турскиот башибозук, згаснала целосно и одеднаш.

-Лопушник: животот во ова село гаснел постепено, догорувал како оган.

– Јаорска вода: како словенска населба, по изгледа е меѓу најстарите населби во овој дел на Бистра, така барем говорат археолошките наоди;

– Велики извор: и овде имало живот, но примитивен (колибна населба);

– Папраѓе: како населба живеела многу кусо време.

Сите овие населени места, секое во своето време, придонесле да се роди една нова населба што ја нарекле Лазорополе.

Првите жители, основоположниците, ја одбрале шумската локација, во која доминирале букови и дабови стебла, и што било многу важно, барем за почетокот на опстојувањето и живеењето, имало еден поголем извор, а и од неколку страни имало помали изворчиња од кои течела бистра и питка вода.

Во почетокот било неопходно само делумно ископачување, сечење на стеблата, чистење, зарамнување на просторот и подготвување за градба на колибни куќарки, најпрвин само на по еден кат, а подоцна и повисоко. Поимот ЛАЗОР на старословенски значи простор што е оголен и исчистен од шуми. Оттаму веројатно потекнува и името на селото.

Местоположбата била поволна и од друга причина. Изгрејсонцето од исток, од сртот Коритнички, со топлите зраци ги заплискувало сите куќи амфитеатрално распослани на падината. А пак по обичните пролетни или есенски дождови не поминувал ниту еден час и населбата станувала измиена, чиста, исцедена, без никаква каллива површина.

Во самиот почеток пречка биле само столетните дабови стебла. Но и за нив пронашле лек. Тие ќе бидат (барем дел од нив) употребени како градежен материјал во изградба на куќите, а и како огревно дрво. Навистина идеален избор за основање населба.

Најпрвин бил расчистен просторот во подножјето каде што била замислена населбата. Тоа место го нарекле Сретсело. Како вистински Христијани, најубавиот простор го резервирале за изградба на Божјиот храм. Подоцна местото го нарекле Оралиште.

Просторот во центарот на селото бил наменет за заеднички потреби на селаните: собири на верските празници, место за другарување на возрасните мажи, место каде што во утринските часови, пред да биде испратена стоката на пасење, се собирале овците, козите, кравите итн.

Во овој центар на селото го изградиле и Анот. Во таа куќичка наречена Ан отседнувале и одморале случајните минувачи на патот што водел од Дебар кон Кичава.

Подоцна во Анот се населила и турската власт, задолжена за собирање на арачот и одржување на редот и мирот во селото. А каде била изградена таа куќичка наречена Ан, во која престојувале случајните минувачи или намерници со своите коњи, патниците кон кичевските села и понатаму кон Битола? Тоа е оној простор каде што меѓу свете светски војни (Првата и Втората) е изградена зграда на два ката што сите ние ја нарекуваме општина, пошта, здравствена станица, амбуланта, или во поново време живеалиште на Најде од Гари, а и Месна канцеларија.

По изградбата на Анот на селското место, ничие а сечие, членовите на турскиот аскер (одржувачи на редот во селото) се искачиле педесетина метри над него. Населението имало задача да ги храни, според однапред направениот редослед, секоја куќа, секое домаќинство по еден ден. На тој простор, од каде што видикот распукува на три страни, подоцна никнала куќата на Зуна Кузманоска, од која како на дланка се гледале населбата и настаните што се случувале во неа. Дури и дворот на селската црква не бил поштеден од делокругот на видикот. Токму затоа нашите предци при изградбата на обиколниот ѕид околу црквата за едно метро го подигнале во височина. За да го попречат видикот од кулата.

Од книгата „Кажување од гредана“ од Блаже Смилески, Скопје 2011.

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top