Култура и туризам

Културата и обичаите на населението во Македонија

Од записите на Густав Вајганд, објавени во Лајпциг 1895 г.

Gustav weigand

Денот кога отпатував од Ресен без сведок на еден настан кој овозможува да се вникне подлабоко во поинтимните односи на селаните по чифлизите, затоа ќе го опишам подробно.

По ручекот дојде една жена кај Периклес и бараше помош од него зашто свршеницата на нејзиниот син не сакала повеќе да слушне за него. Била договорена цената на свршеницата на 33 пиастри, но некој и предложил на мајката на свршеницата неколку пиастри повеќе и таа ја убедила ќерка си да се откаже од тој свршеник, иако веќе имале разменето дарови, кое се смета како знак за свршување.

Периклес нареди двете страни да се јават кај него вечерта со даровите. Тоа и се случи. Свршеникот беше едно уште неразвиено момче на 15 години, а околу 5 години повозрасната свршеница беше едно убаво момиче. Обично кај тоа население е таква практиката  што жената е 8-10 години постара од мажот кој најчесто се жени на многу мала возраст. Поради тоа да се сретне дедо на 34 години не е реткост. Од страна на свршеникот присуствуваа мајката, а од страна на свршеницата роднините бидејќи мајката откажала да се појави. На момичето му беше кажано, дека таа порано се согласила  дека дала и добила дарови и затоа е должна да се омажи. Тогаш таа започна многу да плаче, повеќе го сакала другиот, тој бил многу поубав и посилен и уште некои причини. Притоа блиските и говореа дека тоа не треба да го зборува, дека е срамота да се откаже од дадениот збор, но ништо не помагаше, таа не сакаше да се помири со својот свршеник.

Периклес означи крај на расправата и на вревата кога ја објави венчавката уште истата вечер кога свршеницата сакаше да побегне. Мене ми беше жал за момичето и за да ја успокојам и покажав една убава гривна која сакав да и ја дадам како свадбен подарок ако таа се согласи со венчавката. Тоа очигледно и направи впечаток, таа навистина уште плачеше. но сепак гледаше со жеден поглед на украсот. Тогаш ја однесоа да се подготви и да ги направи потребните работи.

Во 10 часот се за церемонијата беше готово. Се упативме кон куќата на свршеникот. Не пресретна една доста широка просторија. Подот беше од набиена глина, ѕидовите од необработени камења, долгите греди со црни саѓи на покривот лежеа по должината на градбата од едниот до другиот ѕид, покривот од керамиди имаше неколку поголеми дупки, е низ отворите на прозорците без стакла дуваше ветерот. Во средината имаше ставено една висока но тесна бочва која требеше да служи за олтар, одгоре беше поставен еден леб врз кој имаше насолено малку сол, а до него стоеше една чаша вино. Сето тоа средено нешто беше сиромашно осветлено од едно кандило.

Младоженците рака за рака застанаа од едната страна на олтарот. Девојката забулена, беше и се засушиле солзите, свршеникот стоеше со недефиниран израз, се смееше кога присутните се смееја. Зад младоженците со две запалени свеќи во рацете, стоеше кумот наречен „нун“, кој треба да земе под лична закрила сопризте и да ги крштева децата. Тасо, братучедот на мојот пријател се загледа со задоволство. Оддесно и одлево на младоженците стоеја шаферите, двајца роднини.

 Свештеникот со долга брада и со големи рунтави веѓи, облечен во една облека од староста и мрснотиите станата сива, во рацете држеше молитвеник, од кој читаше на нос, со певлив глас нешто што и тој самиот не го разбираше. Пријателот Перикле понекогаш го потсетуваше да побрза. Потоа следуваше како најважна церемонија менувањето на прстените и венците, кои беа сплетени набрзо од неколку повенати лозови прачки. Тогаш беше одрежано едно парче леб, го намакаа во сол и младоженецот и невестата каснаа по едно парче од него остатокот го зеде „нунот“ така и чашата вино беше испиена од тројцата. Потоа учесниците заедно со свештеникот три пати го обиколија импровизираниот олтар при што едно момиче ги посипуваше со јачмен. Тасо тако „нун“ требаше да скрши едно нови глинено грне и на крајот шаферите и нунот добија од сите присутни кои беа наредени во две редици удари со тупаници по грбот На тој начин религиозниот празник на кој немаше ни трага од сериозност заврши.

Потоа седнаа на подот и започнаа да пијат ракија при што се пиеше за благото на штотуку омажената девојка. Колку пати ќе се случеше тоа, младоженците што стоеја исправени и рака за рака требаше три пати да прават длабок бавен поклон. Уште пред да го направат тоа шишето со ракијата веќе беше кај следниот кој исто така си ги кажуваше благословите за среќа и на тој начин сите беа во непрекинато движење кое изгледаше многу смешно. Притоа се задржуваше сета сериозност што отсуствуваше на целиот религиозен празник.

По половина час им беше дозволено да одат во соседната соба или во шталата. Притоа мајката на свршеникот им раздаде на присутните малу подароци што се состоеја од крпи за врат и крпи за нос, при што таа добиваше пари како подарок од присутните кои не беа мал број, особено од страна на господарот. Пред да си оди секој одеше кај младоженците за да се увери со сопствените очи дека девојката била чесна, убавата вест се јавува во селото со пукање од кое се откажаа зашто беше доцна во ноќта.

Другото утро, кога сакавме да го напуштиме имотот за да се вратиме кон Манастир (Битола) младоженците се појавија многу весели ги направија своите три елегантни поклони и ни бакнаа рака како благодарност за подароците. Но не само пред господарите, но и пред сите возрасни младите сопрузи долго време треба да се поклонуваат, кога ќе бидат сретнати во селото.

Од записите на Густав Вајганд, објавени во Лајпциг 1895 г.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top