Култура и туризам

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

presveta-bogorodica

presveta-bogorodicaЦрквата утврдила веднаш после  големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество  Христово, се слави  Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Од  чудата на Пресвета Богородица

некоеј Девице видевшеј Христа в рај служил литургија

Чудо 46

Пише Кесариј  и другии учители сказујат: у едно село Галлии била една благородна и  благоговејна девица, болна и разслабена, ама много добродетелна, а башка  у чистота и терпение и смиренна. Немало да се најде како неја, зашто  не јала ништо друго, салт малу гроздие и вода пила. И никој пат не е се досадило от таја болест, ами много се радовала и благодарила Бога зашто ја наказувал, зашто се мучи мало на овој век, а тамо да ја прослави вечно. Салт жалила зашто не можела да иде у црква да слуша поење Божие и за това плакала многу пати кога имало праздник, зашто не можела да земе тие дарови. Ако со снага не можела, а со душа и со ум секиј пат тамо се находила у црква како да слушала славословие. Зашто има едни људи у црков се мољат со јазик, а блуд чинат сос умот. А она не можела да е тамо со тело, а била со сичка душа и ум и слушала ангелскија песни, се радовала.

В ден Сретенија  Господња ходиле у црква сос моление  и тогај пак свјатаја тужила и  жалила: „Сите христиани ходат  у црква Богородици, а ја како недостојна ми е ексик тој дар Божиј“. Това и друго зборила со жалост и се занела. И ја отнесол ангел у рај. Тамо видела литие пречудно – сите ангели и души свјатии, пророци и апостоли и мученици и свјатии владици и постници деви и сите свјатии, и ходиле по два два. Биле светлии како слнце и держале свешти на руки или у руки. Дал и неј ангел запалена свешта и ходила сос други девици. И видела Христа како владика облечен пресветло со венец царскиј и архиерејскиј преславним и многоценним. Од десна страна била Пресвјатаја Богородица и многу светлост исходила од тие два царска лица и просветувала и това блаженное воинство.

Тие појале песни  на тој празднику со глас сладким  и се застојале у една црква  широка и красна. И сите тие чинови влегле и појале песна сладко, што не може да се каже. По тија песни влезе Владика во свјатиј олтар и се поче сос голем глас Божественна литургија глагоља: „Благословено царство Отца и Сина и Свјатаго Духа!“ А на двор појали ангели антифони и великиј Павел читаше апостол, а свјатиј Лука читал Евангелие: „Во времја оно ведоша родители отрока Иисуса.“

И по литургии седнал Иисус на престол слави и ходили при него сите по чину, по два по два, и му се поклањале до земља и  му целивали пречистија ноги негови и  му давали свеќите што ги носили. А девицата гледала таково чудо и знала зашто пак назад ќе да се поврати и не дала свеќата на Христа, ами си ја држала заради благоговејнство и да помини таква преславна чудеса.

Кога учинила  и се поклонила како и другите и сакала да си отиде, а ангел не ја пуштил, рекл и: „Дај свеќата на владика Христа како и другиите што са дали!“ Она рекла: „Не давам, сакам да ја имам заради благоговение!“ Ангел се пресегнал да ја земе от рука њезина, она си стиснала руката многу и се прекинала свеќата на две половини, ангел земал половина. Она како носила таја половина свеќа и се освестила девицата и видела у десната си рука половина свеш и се зарадувала сос неизреченна радост. И Бог давал исцеление от таја свеќа. Тогива сите се зарадували. Казувала на некои људи това преславно видение. Говорила сос голема душевна радост. И ја видели човеците како ангел, а не како человек. Поживејала многу години по това видение и како безплотна поживејала на земли и прејде на вечнују жизн. 

О сподобившејсја видети Господа во плоти трилетна како е сама сказивала

Чудо 47.

Друга некоја девица како што рекохме погоре, така и  таја живееше сос добри работи и побожно. Многу имала жал, сакала да види Христа како малко дете на три  години што е. Молеше се така многу пати на Господа за таја работа и ја послушал Бог милостив.

У едно утро отишла девицата на литургиа. И кога се свршила  литургија и си отишли сите, а  она останала и стојала пред икона  Богородичина и сос умилено срдце  се молила многу како сакиј ден што читала „Бгородице дево, радујсја“ до крај и другии молитви што е знајала.

Фатила да мисли  за Божественнија тајни, воплоштение  и страсти и воскресение. Така стојала и се молила и видела дете трилетно и ходило по свјатаја трапеза  и се видело весма красно и преславно. Она, како проста мислила да е дете на некој человек, узела го на руки пак го миллуе и целуе на многу час, зашто се показувало весма лепо и благообразно, от сите деца похубаво. Прашала: „Чие си?“, а оно ништо не отговорило и гледало на неја сос весело лице и чудно. Она мислила оште не може да говори. А она го многу пати нудила да проговори и рекла му: „Читај, чадо „Богородице Дево, радујсја“. А детето четело по неја со сладок глас. Она пак му говорила реч по реч што останало од молитвата да го дочита, а Божественно отроча говорило по неја сладостно додека дошли да речат: „благословен плод черева твоего“.

Това слово  смирениј Иисус неќел да рече, а  девица рекла многу пати и го нудила да рече и това слово, зашто се почестни тија речи што останали. Детето погледало и рекло сос весело и сладко гледање: „Радујсја, возљубленнаја дшти, тогова што си сакала да го видиш видела си го.“ Това рече и невидим бист. Тогај таја добра девица познала – тој бил Господ Иисус. И благодарила со страх и радост за това што учинил добро, слегол от небо и се јавил. И останало това видение на њезин ум вечно. Никој пат не испуштала от памет това чудо. И тако проведе свое житие у девство богоугодно и вселисја во вечнија обители.

Од  книгата „Собрани текстови“ од Јоаким Крчовски, Скопје 1974.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top