Култура и туризам

Премиера на документарниот филм „Сведоци: Европа“

svedoci-evropa-1

Ова е документарен филм за вистината, за судбината на сите дискриминирани и репресирани Македонци кои, иако го продолжија својот животен пат во европските држави, не ја заборавија својата татковина Република Македонија …

svedoci-evropa-1

Интервјуа на 42 Македонци, некогашни деца бегалци од Егејска Македонија, кои живеат во Унгарија, Чешка и во Полска содржи 50-минутниот документарен филм „Сведоци: Европа“ кој премиерно беше прикажан денеска во Кинотеката на Македонија.

Марија Џиџева е режисер на филмот, кој е четврто продолжение од серијалот филмови „Сведоци“ на владиниот проект „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање видеоматеријали и разговори со Mакедонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“. Проектот во 2010 година го почна Кинотеката на Македонија, во соработка со Министерствата за култура и за надворешни работи, Институтот за национална историја, здруженијата на деца бегалци и Mакедонци по потекло од Егејот и Македонската радио-телевизија.

svedoci-evropa-2

Филмот го третира егзодусот од Егејска Македонија од перспектива на македонската емиграција во Европа. Џиџева вторпат соработува на овој проект, по режијата на третиот дел „Сведоци: Австралија“. Првиот и вториот дел („Сведоци: Македонија“ и „Сведоци: Канада“) ги режираше Атанас Чупоски. Се работи интензивно на документирање и на последниот дел од серијалот, „Сведоци: САД“, за кој интервјуата беа снимени минатиот месец. 

svedoci-evropa-3

– Ова е уште една потресна приказна од нашето минато и нашата историја. Потресни сведоштва, чие искуство се надевам ќе ни помогне да се соочиме со вистината и да не дозволиме повторно да ни се случуваат вакви приказни – рече Џиџева, која филмот го направи од изјавите и интервјуата на тимот од Институтот за национална историја (ИНИ) кој во 2014 година ги сними со деца бегалци од Граѓанската војна во Грција кои денес живеат во Чешка, Полска и Унгарија.

svedoci-evropa-4

Теон Џингов од ИНИ рече дека шестчлената екипа за време на двонеделниот престој се соочила со судбината на 42 Македонци протерани од егејскиот дел на Македонија.

– Секоја судбина е уникатна, но тоа што ги спојува е фактот што нивниот единствен и најголем грев бил тому фактот што се Македонци. Не е воопшто лесно да се соочиш со нечие минато, особено кога тоа пред тебе го толкува човек кој е немоќен да ги сопре солзите и да остане сталожен – рече Џингов. 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека во изминатите пет години, колку што трае проектот, досега се архивирани над 700 животни приказни од три континенти (Европа, Северна Америка и Австралија).  

– Ова е документарен филм за вистината, за судбината на сите дискриминирани и репресирани Македонци кои, иако го продолжија својот животен пат во европските држави, не ја заборавија својата таковина Република Македонија. Во овој серијал се содржани нивните најинтимни чувства, нивниот копнеж и љубовта кон сопствената земја од која беа оттргнати на еден суров начин кој остави длабоки траги во нивната меморија – рече Канческа-Милевска.

svedoci-evropa-5

Таа додаде дека снимените материјали од овој проект се значајни за историската наука зашто се збогатува со нови сознанија и очекува од проектот да произлезат научни трудови и монографии, а можеби собраните материјали ќе бидат предизвик и за некој режисер да сними игран филм.

svedoci-evropa-6

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top