Култура и туризам

Во с. Селци е роден македонскиот драматург Војдан Чернодрински и револуционерот и писател Арсеније Јовков

selce

selce

Во почетокот на првата половина на дваесеттиот век во областа Малесија, која се распостила во југозападна Македонија живееле околу 10.000 жители, а денес во осумте населени места, меѓу кои и во селата Селци, Буринец и Локов, живеат околу стотина жители. Според професорот д-р Митко Панов, автор на научниот труд „Енциклопедија на селата во Република Македонија“ за с. Селци пишува: „…Во ова село е роден македонскиот драматург Војдан Чернодрински, автор на драмата Mакедонска крвава свадба, и револуционерот и писател Арсеније Јовков.

По предлог на мојот водач Мишко Павлески, тргнавме од хидроакумулацијата Глобочица, затоа што овој патен правец е попрооден во ова време од годината, за разлика од другиот патен правец, кој води од западната страна на Струшко Поле, преку селото Брчево. По само два-три километри поминати по макадамскиот шумски пат, навистина се уверив во советот кој ми го дадоа моите познаници од овој крај – дека навистина само со руска машина, со руски џип, човек може без мака да се пробије низ планинскиот горостас Караорман. По еден час возење и поминати околу четири километри, заедно со мојот водич застанавме на една висорамнина која се распостилаше на околу илјада метри надморска височина, да одмориме и малку да се соземеме од траскањето во возилото, а и поодблизу да ја видам панорамата на Малесија. Не помина многу време откако малку се созедов, а пред мене во далечината, затскриени помеѓу костеновите стебла, ги забележав куќите на првото село кое ми доаѓаше во пресрет, тоа беше селото Селци. Е, ова сето што го гледаш околу тебе е Малесија, ова пред тебе е селото Селци. По кратко време дојдовме во Селци. Од она што го видов бев пријатно изненаден. Очекував да видам паднати куќи, плевни, трла покриени со трње и капини. Напротив, бев воодушевен од убавината на старата селска архиктектура која ја имаше на обновените куќи. На број ги имаше околу десетина, а во фаза на реконструкција беа започнати уште пет-шест. Уште повеќе се израдуваа кога дојдов до селската чешма и таму се сретнав со седумдесетгодишниот Тасе Чадиноски, кој седеше близу до селската чешма, од која течеше чиста изворска студена вода. И како по стар обичај, си разврзав муабет на долго и на широко со него. – Пред десетина години од темел ја преправив куќава во која се родив, ми велеше мојот домаќин Тасе Чадиноски. Како што гледаш, селово полека се обновува, вода имаме, струја имаме, телефон имаме, верувам дека уште толку нови куќи ќе се изградат, само патот да го направат. Овде долу под чешмава, веднаш до црквава, во капиниве, се наоѓаше родната куќа на Војдан Чернодрински, веднаш до неа беше куќата на Арсениј Јовков, ама ништо не остана од тоа. Срамота е да нема обележје за овие наши соселани, кои се дел од историјата на Македонија, срамота е да не се знае каде била родната куќа на пишувачот на драмата „Македонска крвава свадба“. Убав ни беше муабетот, но морав да го напуштам селото Селци, патот го продолжив југоисточно од селото Селци во правец на селото Буринец. Делницата од речиси два километри ја поминавме за околу два часа, затоа што макадамскиот пат се извиваше и низ планински, долински и кањонски предели. Прекрасна убавина. Колоритот од бои кои ги создаваа зраците од сонцето и костеновите лисја го дополнуваа петте куќи кои се уште им одолеваат на забот на времето и непрекинатото бучење на надојдените води од височините на планинскиот горостас Караорман, кои како да итаа што побрзо да ја наполнат акумулацијата Глобочица. Во селово не сретнавме никого. Но, не, Буринец не е село во умирање, и во Буринец животот се враќа. Во селото живеат пет-шест селани, само дента кога ние дојдовме во селото тие биле на пазар во Струга да се снабдат со намирници за летото што претстои. Со мојот водич Мишо Павлески патот го продолжив во неговото родно село Локов. За разлика од Селци и Буринец кои беа во вистинска смисла на зборот планински села, селото Локов, иако се наоѓаше на илјада и осумстотини метри надморска височина сепак, наликуваше на рамничарско село. – Животот во селово се врати пред дваесетина години. Денеска речиси се обновени сите поранешни селски куќи. И мојата ја обновив пред десетина години. Најмногу жители во моево село има од Ѓурѓовден, па се до Митровден. Сите куќи се полни. Миграцијата си го направи своето. Во Втората светска војна селово многу настрада. До темел беше изгорено, луѓето сите заминаа. По завршувањето на војната селото пак се обнови, арно ама по изградбата на браната влезот на селово беше прекинат и луѓето повторно заминаа. Денеска, околу двесте семејства има во Србија, во селото Јабука. Во прилепското село Ново Лагово денеска живет околу шестотини семејства. Цето село е населено со нашинци. Во моја Малесија може да се живее. Погледнете го Караорман, погледнете го планинскиот масив Славеј Планина. Природата се ни дарила. Наши роднини и пријатели кои се наоѓаат во белиот свет праќаат пари да си ги направат оставените куќи. Само државата никако да се сети да го направи патот за да може овој наш македонски рај да го видат не само мештаните од Малесија, не само мештаните од нашава земја, туку и од надвор, ми велеше мојот водич Мишо Павлески. На мубетењето му нема крај, како што вели народот. Јас навистина се уверив дека поради лошиот пат тешко се пробивав во пазувите на горостасниот Караорман. Успеав да посетам само три села од осумте, но со едно ветување дека пак ќе дојдам и во Збажди, Аржаново, Брчево, Присовјани и новата населба на некогашното село Глобочица, кое денес се наоѓа потопено во водите на акумулацијата Глобочица.

Користени извори: Текст:мариовофилм, вест Фото : интернет Видео: youtubecom/ мариовофилм

www.mariovofilm.mk

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top