Култура и туризам

Премоз

premoz

premoz

Овој обичај се изведува на петтата недела по Велигден на следниов начин.

Бидејќи горноџумајските села се распрснати по маали, по неколку маали од едно село се собираат и определуваат ден обично во недела или понеделник и место каде што ќе ги замолзуваат молзниците. Еден ден пред „премоз“ прават „одбив“ т.е. секој стопан ги одлачува јагнињата и јарињата од нивните мајки. Во предвечерието на „премоз“ се собираат неколку селани и одат во некоја куќа да „царкат“ т.е. да го измолзат млекото од молзниците кои ќе одат на „премоз“. Утрината секој стопан ги пасе молзниците во нивите да пуштаат повеќе млеко на „премоз“. Од секоја куќа подготвуваат погача, печено јаре, вино, ракија и одат на нивата. Кон пладне се собираат сите молзници на нивата и секој стопан си ги молзе молзниците во ведро или котел и во тој сад ставаат мирудија и  Богородична билка со цел да измолзат повеќе млеко. А пак други определени за тоа го мерат млекото колку е измолзено одделно за секого. Млекото го сметаат така: ако има 4, прави една мера, една ока – ведро. Молзниците ги молзат до три пати. Измолзеното млеко откако  ќе го измерат го потсируваат. Откако секој ќе го направи горното, ги растураат сите молзници, а пак моми и жени играјќи оро ги заобиколуваат молзниците. Најпознатите песни кои што се пеат кога играат оро околу измолзените молзници се следниве: Девојко мори девојко, мори дали знаеш, зошто офчар слезна, от врх од пладнина… Итн.

Исто така се пее и следнава песна:

Кренала је Огнена Марија!
Прес Предел планина на премоз
дигнала је каца и качета,
и дигнала ведра и ведрици.
На пат се је Мара досетила,
а ту викна, викна ко’ку може:
– Ој ле, Боже, ој ле, мили Боже!
като сам кренала на премоз,
като сам кренала, с куго сам си:
јазе брата немам, ни братучеда,
кој ке мене страга да направи,
кој ке мене стадо да наврти,
кој ке мене млеко да измазе,
кој ке мене офчаре распрати?
Дочул ја је Јован млад ќејаја.
– Ајде, ајде, Огнано Марие!
Та за това немој грижа брати,
ја ќу тебе страга направити,
ја ќу тебе стадо измазити,
ја ќу тебе офчаре распратити.

Потоа се собираат на трпеза каде што се гоштеваат од гозбите и подготвеното стригле и пресно сирење, направено од стриглото, а пак молзниците ги тераат на паша неколку мина овчари. Тука стават специјалист човек да вади од млекото, за време на престојот на молзниците во бачилото (мандрата), сирење, масло и изварка; него го викаат бач, му даваат по половина ока млеко од секоја молзница, зема 500 ока млеко. На бачот му помага еден помошник за 200-250 овци млеко што го наречуваат фичур. Тогаш распоред прават и овчарите. Тие се договараат како да ги распределат молзниците преку ноќите да лежат на нивните ниви.

На другиот ден доаѓа некој од стопаните на бачилото, кој го определува бачот да бачува. Тој е задолжен да носи дрва за потсирување на  млекото и леб на бачот. Ако му пуштиле молзниците три мери ќе му дадат максул од 300 оки млеко.

Обичај од Горноџумајско, Запис на Антон Поп Стоилов.

Антон Поп Стоилов (Лешко, 1869-Софија, 1928) е значаен собирач и истражувач на македонски народни умотворби. Роден е во село Лешко (Горноџумајско) на 15 февруари 1869 година. Син е на Стоил Ников, свештеник од истото село и Цвета по татко Илкова Мазнеова од соседното село Логодаж. Како дете од свештеничко семејство уште во најраната младост можел во родниот дом да стекне љубов кон книгата но и да се здобие со првото образование. Основно образование завршил во Дупница во 1885 година, а средно на педагошкиот оддел на Солунската машка гимназија во 1890 година. Потоа неколку години бил учител во Прилеп (1890-1893) по што се запишал на Одделот за словенска филологија на Вишото училиште (подоцна Универзитет во Софија) и го завршил во 1897 г. По завршувањето остварил повеќедецениска наставна дејност во повеќе градови во Македонија: Солун, Битола, Сер и други места. Објавил две збирки со македонски народни песни во Софија во 1894 и 1895 година. Голем број македонски народни умотворби што ги запишувал за време на учителствувањето низ Македонија се објавени во голем број весници, списанија и пригодни публикации. Антон П. Стоилов е автор и на поголем број студии што опфаќаат фолклористички, етнолошки, филолошки, историски и други истражувања.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top