Култура и туризам

Манифестација „Вешта жена – Гостивар 2016“ – Сите гласаа за Сашка Секулоска

vesta-zena-gostivar

vesta-zena-gostivar

Киро Кипроски

Масата „Св. Трифун“ подготвена од вештите раце на Сашка Секулоска, го освои првото место на натпреварот „Вешта жена – Гостивар 2016“, што се одржа по четврти пат од возобновувањето во гостиварскиот репрезентативен ресторан „Сајгија“.

Специјалното жири во образложението истакна дека во целост Секулоска ги исполнила сите пропозиции на натпреварувањето и тоа со висок визуелен квалитет, вкусот на главното јадење и десертот, за аранжирање на масата и за идејата. Шестчленото жири од Скопје и Гостивар одлуката ја донесе едногласно и Секулоска ќе го претставува Гостивар на 25. јубилејно републичко натпреварување „Вешта жена – 2016, “ што ќе се одржи на 13 и 14 мај годинава, во манастирскиот комплекс Лешок, на кој ќе учествуваат победничките на регионалните натпревари од 25 града на нашава држава.

„Пресреќна сум што бев прогласена за највешта жена, не го криеше своето задоволство Секулоска и при тоа ни ги претстави содржините кои ја сочинуваат масата што ја подготви.

„Масата ја посветив на свети Трифун, чувар на лозјата и гостилниците, како и на брачната љубов и верност“, рече Сашка и додаде „ главното јадење го нареков ’трифунова трпеза‘, која се состои од свинско месо со сос од печурки и хопла и со пролетна декорација. Како десерт подготвив торта од вишна и ја ставив во буренце за вино, како симболика на денот – 14 февруари. Се разбира на декорираната маса со чаршав, салфети и чаши во тон со црвена боја, се наоѓа и славската погача декорирана со гроздови“.

На натпреварот учествуваа и Оливера Божиновска, Варолина Беголи-Бела, која се претстави со „Пролетна трпеза“, Емилија Србиновска со „Маша и медо“ , а масата насловена „Бисерна пролетна романса беше на Даниела Мицоска.

Членот на жири од Гостивар, Мирјана Србиноска, истакна дека конкуренцијата беше мошне силна со прекрасно урдени маси, секоја од нив пленеше со посебна убавина, со различни бои и аранжмани. Жирито иако имаше тешка задача, сепак одлучи првото место да и’ го додели на Сашка Секулоска, која по многу елементи од пропозиции со квалитет се двоеше од конкурентките.

Даниела Мицкоска, претседател на гостиварскиот огранок на „Вешта жена“ ни изјави дека оваа манифестација е голем настан за понежниот пол на првиот град на Вардар, Гостивар. Самото присуство на над 250 жени тоа најдобро го потврдува. Организаторите веруваат дека во наредните години ќе се зголемува бројот на учеснички во натпреварот и на посетеноста.

Инаку, впечатоците од настанот се импресивни. „Сите маси беа успешно подготвени и тие се само гаранција за квалитетот и се она што вешта, како манифестација го прави за активирање на жена, за меѓусебно запознавање, зближување, размена на искуства и забавување, ни изјави Жана Стојановска, идејниот творец на манифестацијата и претседател и главен координатор на натпреварите „Вешта жена“ во нашата држава.

Таа не’ информира дека годинава ја издале книгата „Етно-вешта жена“, во кои се отпечатени производите кои беа презентирани во есенскиот дел на „Вешта жена“. Сите рецепти автентично направени од вештите жени, меѓу кои и од гостиварки, се внесени во книгата. Средствата добиени од продажбата на книгата се наменети за децата со посебни потреби.

По неколкучасовната весела забава, присутните на „Вешта жена Гостивар 2016“ задоволни ја напуштија салата и посакаа вакви манифестации почесто да се организираат. На тој начин жените да се одделат од секојдневните обврски и задачи и да минат пријатни мигови со забава и разонода.

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top