Култура и туризам

Библиско Богојавление – Водици и Водокрст – Свети Јован Крстител

иблиско Богојавление-Водици

иблиско Богојавление-Водици
Господ Исус Христос, со Своето предвечно човекољубие, одлучил да го спаси човечкиот род.
На 30- годишна возраст бил крстен во реката Јордан од Свети Јован Крстител.
„Не плаши се“ – му зборува Исус на Јован – туку биди смел:
Крсти ме; зашто јас ќе го ослободам светот; се предавам на смртта умртвената
природа да ја оживеам.

Ти, иако ти наредувам, се стеснуваш да ја подадеш својата рака, а Евреите, по некое време не ќе се засрамат бесрамно своите раце да ги кренат на Мене, за на смрт да ме предадат…
Заради човекот станав Човек.
Значи, што е чудно што како Син Човечки доаѓам да се крстам.
Зашто, созданието на своите раце не го презрев, не се посрамив од земната природа; останувам што бев; и што не бев зедов на себе, а моето битие останува непроменливо”. (Св. Јован Златоуст)

Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води.
Свети Јован Крстител Го крштевал.
“Денес се осветува природата и се разделува Јордан, и гледајќи го Владиката како се крштева, го враќа текот на своите води”.

О, ново чудо!
Исус во водата војувал против сатаната.
Тој ги смачкал главите на таму вгнездените змии.
Тој, со Светиот Дух и водата, ја обновил изветвената од грев човечка природа.
Во Јордановите води ги потопил гревовите на луѓето.
Непријателот на човечкиот род – сатаната, кој исфрлен од небото се вгнездил во водата, но Исус дошол и оттаму да го истера.

Тој дошол да ја обелодени неговата немоќ.
Го очистува и го осветува светот.

„Секоја светлина му се умножува на светот“.
Се радува небото и секое суштество ликува на земјата.
Иако е Господ, Тој зел облик на слуга за да го излекува родот човечки од неговите гревови и рани.
Но, ѓаволот плаче, чувствувајќи и гледајќи дека се подготвува бања, која единствено него ќе го удави.

Богојавление – Водици

На брегот на реката Јордан е и народот.
Некој само гледа и се чуди што се случува, некој чувствува радост во душата и слави, како да сака да зачекори по патот на Спасителот – по патот на Бог Кој се јави, по патот на Љубовта.
Некој го чека и своето крштевање.

Исус излегува од водата.
Небесата се радуваат.
Небесата Му се отвораат.
Духот Божји слегува како гулаб и се спушта над него.
Воздухот се осветува со летањето на Духот.
Се осветува и природата на водата.
Таа се учи да ги мие душите и телата.

Глас од небесата говори:
„Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“
Бог од небесата му ја објавува на светот светата тајна за Света Троица дека Бог е:
Бог Отец, Бог Син и Бог Свет Дух.
Три божествени лица, една божествена природа и битие.
Крстен од човечка рака, од раката на наречениот „ангел во тело“ – Св. Јован Крстител, осветувајќи ја водата, пресветиот и безгрешен Христос ни го покажа патот на преродбата на човештвото со вода и дух, нè ослободи од ропството на гревот и нè упати кон првобитната слобода, која ни е дар на неговото човекољубие и милосрдие.

Во спомен на крштевањето на Господ Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, се прославува големиот Господов празник Богојавление.
Поради тоа што со влегувањето во реката Јордан, Исус ја осветил водата, празникот е познат и со името Водици.

На овој ден и ние го славиме Отецот, Кој одозгора говореше и Чиј глас се слушаше, Синот, Кој долу на земјата се крсти во Јордановите води, и Духот, Кој како гулаб слезе.
Го славиме Едниот во Троица Бог, на Кого навек му се поклонуваме.

За спомен на оваа Божествена тајна – Крштевање на Господ Исус Христос, за спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода.
На празникот Богојавление се врши голем Богојавленски водосвет и тоа надвор од храмот, во неговиот двор, на море, езеро, река, чешма, извор и сл.
Свечено, со литија, се тргнува кон местото на водосветот.

Се упатуваат молитви кон Бога, да се осветат водите, со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух и да се просветиме со светлината на познанието.
Да ни дарува Бог благодет и да ни испрати благословување Јорданово.
Се пее црковната песна:
„Гласот Господов – над водите извикува:
Дојдете, примете го сите духот на премудрост, духот на разум, духот на страв Божји, од Христа Кој се јавил…
Господи, си дошол кон гласот од оној кој вика во пустината – пригответе го патот Господов – откако прими лик на слуга, барајќи крштение – Ти што не знаеше за грев. Те видоа водите и се исплашија.

Претечата затрепери и извика:
Како да го осветли Светилникот на светлината, како слугата да ја положи раката на
Господарот?
Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот”.

Со песни ги прославуваме
големината и чудесата Божји:
„Велик си, Господи, и чудни се твоите дела и ниеден збор не е доволен да ги испее
Твоите чуда“.

Водокрст – Свети Јован Крстител

Водокрст - Свети Јован КрстителНа 18 јануари се слави празникот Водокрст.
Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

На 20 јануари се прославува соборно со песни празникот Собор на Свети Јован Претеча и Господов Крстител.
На овој ден се одбележува споменот на десната рака на Свети Јован Крстител, светата рака со која ја допре главата на Христос при крштевањето, која Светиот Евагелист Лука ја пренел од Севастија во Антиохија.

Подоцна била пренесена во Цариград.
За величината на Свети Јован Крстител ни зборува Самиот Господ Исус Христос: „Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител“.
Свети Јован Крстител јавно го критикувал неморалот на цар Ирод, кој живеел со жената на својот жив брат Филип.
Затоа тој наредил да му ја отсечат главата.
Храмови посветени на Св. Јован се подигнати на местото на крштевањето на Господ, во Севастија – каде бил посечен, во Антиохија – каде Св. Ев. Лука ја донел неговата десна рака и во Цариград – каде оваа света рака била пренесена од Антиохија, како и во целиот свет.

Токму на местото каде што реката Јордан истекува од Галилејското Море се наоѓа местото на крштевањето – Јорденит.
Аџии, поклоници и туристи од цел свет се собираат овде и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат.

Историја

Предхристијанско празнување и традиција

Богојавление бил празник на многубожниот бог давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите. Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава“. И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”. Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести. Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се напрви откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот.

Во библиската Палестина, на реката Јордан, се слушал гласот на пророкот Св. Јован Крстител, кој ги повикувал луѓето да се покајат за своите гревови и да примат крштение. Ги крштевал луѓето од Ерусалим и од цела Јудеја. И Господ Исус Христос доаѓа при Јована на јорданските води. Тој ја позна величината на Христовата божествена природа и затоа зборува: “Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!”. Тој го крштева Христа во р. Јордан.

Со тоа Христос го потопи прародителскиот грев и гревовите на сите луѓе од постоењето на светот. Штом се крстил, излегол од реката, му се отвориле Небесата и Духот Божји во телесен вид како гулаб се спуштил над Него. Глас од Небесата говорел: “Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! “Гласот на Отецот е упатен кон Неговиот Син, но поради Него ги повикува сите луѓе од светот да станат синови и ќерки Божји.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top