Култура и туризам

Свадбени обичаи од с. Горно Броди (Серско)

gorno-brodi-sersko

gorno-brodi-sersko

Кај Момчето свадбата започнува во четврток. Месат колаци, нашарени со филџан (врз колачот ги отпечатуваат чашите) и со нив канат роднини и познати.

Кај момата истото се случува во петокот. Во саботата се носи сандакот од момчето кај момата, за да си го нареди приќето. Во сабота се оди кај момата на оц’к ( носат јадење и пиење од момчето кај момата) со свирки:  две дајриња и една гајда. Сите присутни момата ги дарува со крпи, чорапи, ризи, престилки и др. Играат ора. Момите одделно, момчињата одделно. Ако орото е општо, се фаќаат со крпа меѓу рацете.

Во неделата го бричат момчето во дворот. Облеклото му е: риза, врз ризата – долама, закопчана од домашен шајак, црвен со гајтани по крајот и со ракави. Надолу – шалвари со црни гајтани по краевите. Појас – црвен, околу 20 метра долг, се опашува неколку пати. На главата фес со пискул.

Кај момата: во петок си ја мие косата. Облекло: долга, бела риза,  везена – наречена поли. Врз ризата јурган од домашно платно со памук. Врз јурганот се носи кклашеник по краевите со гајтани во разни бои, оддолу ставено црвено парче, потполнето со памук, шиено на машина. Врз клашеникот – појас, црвен со црти. Најгоре прескутник  (престилка) долга до ризата. Престилката е тесна со долги реси, кои долу се пришиени, што не изгледаат дека се тесни. Косата е поделена на две плетенки со по еден долг ширит на нив. На главата црвена шамија. Украси: врз ризата се носи т.н.  конче – украс од синџирче, закопчано однапред на ризата и потоа на едното рамо. Врз скутникот колан со пафти.  Пред очите носи превез – црвено шевре однапред и одназад со златен тел. На нозете се обуваат бели чорапи – нагоре нашарани со сино, зелено, алјано. Обувките се како чевли без врвки, наречени златени обувки.

Во двете куќи готват специјални лица: магери и магерици.  Сватовите идат на коњи, ако е кално макар и во истото село. Од друго село-задолжително на коњи.

На враќање од црква на вратата невестата е пречекана од свекрвата кога става пари на земјата, е невестата стапнува врз нив. Оди по нова послана черга, свекрвата истура од бардаче вино и вода пред невестата, откако ќе влезе во нејзината соба го пушта бардачето да се скрши. И ставаат и престилка со три леба. Кога ќе влезе во одајата и даваат едно машко и едно женско дете. Потоа и даваат сол, а таа фрла во огништето. Солта пука и свекрвата вели: „Вошлива ми е невестата“ – за џумбуш (смеа).

На трпезата ги дарува мајка и. Најпешин (најпаред) ги дарува свекрвата и свекорот, нејзините домашни кумот и кумата. И даваат пари. Потоа магериците имаат задача да ја подучат. И ставаат чиста нова риза.  Потоа ја покажуваат на сите и се веселат ако невестата излезе добра. (Баба Велика не си споменува да слушнала дека некоја невеста не била добра во нивнвото село.)

Во понеделникот оди на вода со моми и со золвите. На враќање им полива на тројца.

Другата недела оди кај мајка си на повратки.

Раскажала Велика Баханова, 60 од с. Горно Броди.

Од записите на Евгенија Несторова, бивша учителка во гимназијата во Сандански.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top