Култура и туризам

Потопената црква „Св. Никола“ во Маврово е проколната убавина

crkva-pod-voda

crkva-pod-voda

Ако сакате да избегате од градскиот метеж и да здивнете од работните обврски, а да уживате во природата што ќе ви понуди сто ретки ендемски растенија, 140 видови птици и 45 видови диви животни, тогаш на патот кон Охрид, на неколку километри пред Стража, ќе свртите десно кон југозапад. Влегувате во Маврово – најголемиот Национален парк во Македонија.

Убавината на ова патување е тоа што природата можете да ја почувствувате и додека сте во вашиот автомобил. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровска Котлина низ која течела Мавровска Река. На реката на излезот од котлината ѝ бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така, котлината почнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровско Езеро. Опкружено со високи планини – на југ со Бистра, на север со Шар Планина и на исток со превалецот Влајница.

crkva-pod-voda-1

Црквата „Свети Никола“ во Маврово била изградена во 1850 година и била во одлична состојба цели 103 години. Тогаш се донесла одлука дека на местото му е потребно вештачко езеро. Езерото било потребно за напојување електрична централа. Во времето кога се создавало езерото се потопиле повеќе делови од старите села што се наоѓале таму. Меѓу тие градби била и оваа црква. Тоа што е мистериозно овде е тоа што само црквата се издигнува повторно, додека други градби се уништени.

„Свети Никола“ е сѐ уште целосна црква, со истиот изглед како и секогаш, освен тоа што сега е потопена. Имало периоди кога црквата била целосно под вода, но почнала да се издигнува со сушите на почетокот на 21 век. Ништо чудно некогаш повторно во црквата да се палат свеќи и да се оди на молитва.

– Сум ја видел и во живо и секогаш ќе ми биде преубава, како и сите македонски краишта – вели еден турист.

– Една од поголемите атракции во Маврово е старата црква „Св. Никола“, која е изградена од страна на рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровско Езеро во 1953 година, а секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Овде црквата гние и пропаѓа во водата, а илјадници луѓе минуваат покрај потопената црква и зиме и лете. Сметам дека никому не му е грижа за неа. Тоа ти е како нешто живо да е закопано, односно жива закопана црква – велат други.

crkva-pod-voda-2

Црквата „Св. Никола“ 54 години тоне во вештачкото езеро. Храмот е потопен кога се градел хидросистемот Маврово, а оттогаш за неа никој не се грижи и е оставена на забот на времето. Изградена е во 1857 година во тогашното Мавровско Поле, од мермер и од гранит, со мермерен олтар и вреден иконостас и икони од Дичо Зограф. Бидејќи црквата е правена од бигор, во големи блокови, идеја беше таа да се демонтира, да се направи бедем од камен на која повторно ќе се постави и нема да биде во водата. Идејата првпат била образложена на митрополитот полошко-кумановски Кирил. За таа цел бил формиран и организациски одбор на кој бил повикан и митрополитот Кирил. Во одборот имало и претставници од големи фирми, кои сакале да донираат. Но, митрополитот се откажал од идејата и решил да се гради нов манастирски комплекс, чиишто темели беа поставени на 24 мај 2008 година, а старата црква остана и до денес да пропаѓа во водата. Однадвор црквата изгледа многу скромно бидејќи такви биле времињата, не се дозволувало храм да изгледа многу театрално. Внатре има иконостас работен од бел мермер. Преданијата говорат дека на тајфите што ја граделе оваа црква им се плаќало со златници. Не штеделе мавровци, кои во тоа време биле печалбари, за да го изградат светиот храм, кој сега повеќе од половина век е среде езеро. Црквата „Св. Никола“, која се наоѓа на јужната страна на некогашното Мавровско Поле, е под вода уште со полнењето на Мавровско Езеро…

– Што да кажам…проколната убавина – вели еден жител на Маврово.

Иако ѕидовите често ѝ се под вода, тие, сепак, одолеваат на временските услови. Постарите мавровци објаснуваат дека во изградбата на црквата бил употребен најквалитетен камен и била изведена посебна мајсторија на ѕидањето на каменот т.н. заб на заб. Сѐ до шеесеттите години на минатиот век во црква „Св. Никола“ се одржувале богослужби. Кон крајот на 1952 година, кога почна да се создава Мавровско Езеро, иконите и другите црковни предмети биле преселени во малата црква што се наоѓа наспроти потопената. При потопувањето на црквата биле заборавени дрвениот иконостас и иконите што ги изработил познатиот зограф од мијачкото село Тресонче – Дичо Зограф, како и книги и други црковни предмети. Подоцна тие се извадени и конзервирани.

crkva-pod-voda-3

Феноменот, светецот или божјата волја не дозволува да исчезне во длабочините на езерото. Таа постојано испливува од водите, а луѓето тоа го објаснуваат прогласувајќи ја за свето место.

Ретко кој има можност да ја посети внатрешноста на црквата „Св. Никола“ во Маврово бидејќи поголемиот дел од годината таа е под вода. Единствено во ретки мигови кога е повлечено езерото може да се влезе во внатрешноста на црквата, која реномираниот медиум од САД „Хафингтон пост“ ја стави на врвот на листата на најубави напуштени цркви во светот.

– Вообичаено, црквите се место каде што верниците го наоѓаат својот душевен мир и служат за тивко размислување. Овие свети места се напуштени, а нивната внатрешност е тивка и празна. Сепак, тие имаат зачудувачка убавина, која може да се види на фотографиите, објави „Хафингтон пост“ покрај прекрасните фотографии од црквата „Св. Никола“.

crkva-pod-voda-4

Во изминатиов период на два-трипати беше поведувана иницијатива за дислокација на црквата, односно да остане на истата локација, да се санира и да служи на намената.

Неодамна беше претставен идејниот проект за заживување, санација и за заштита на црквата „Свети Никола“, дело на студиото „Театрикс“ од Скопје.

crkva-pod-voda-5

– Целта на овој идеен проект е да го заживее споменот на црквата, да ја реконструира и адаптира во современ центар за културни случувања, изложби и други настани и да даде несекојдневен белег на овој туристички регион – велат од „Театрикс“.

Објектот треба да се санира и заштити како дел од архитектонското и културно наследство. Црквата би ја зачувала првобитната форма, би се санирале ѕидовите, како и изведба на покривна конструкција, која ја задржува првобитната силуета на црквата. Проектот предвидува околу црквата да се развива камена обвивка во две варијанти. Во првиот предложен модел, камената обвивка е скулптурално обликувана со стаклени продори, кои го задржуваат допирот со водата и отвораат визури кон околина.

Во втората варијанта предвидена е камена обвивка, која е обликувана во вид на систем за подвижни ѕидови, кои во зависност од водостојот се регулираат по височина.  Се предвидува пристап од две точки, кога водостојот е минимален се влегува од кота на плато, или при максимален водостој кога се создава галерија што кружи околу црквата и овозможува отворање визури кон дворот и кон природното опкружување.

Неделник Република

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top