Култура и туризам

Житие на Константина (Панонски легенди)

Kiril Metodij

Kiril Metodij… Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по име Лав, којшто заземаше чин на друнгариј потстратег. Тој беше правоверен и праведен, исполнувајќи ги во потполност сите божји заповеди, како некогаш Јов. Живеејќи со својата жена, изродија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше Константин Филозоф, наш учител и наставник. Кога го роди мајка му, и го предала на доилката да го дои, но детето не сакало да фати туѓа цицка, освен мајкината, сè додека не било надоено. А тоа било Божја промисла – детето изгледано со чисто мајкино млеко, да биде добар никулец од добар корен. Потоа, овие добри родители во согласност живееја четириесет години водржувајќи се, како брат и сестра, само за Господа и никако не го престапија овој завет, сè додека не ги раздели смртта. Кога дојде време таткото да оди на Суд, мајката плачеше над детето, велејќи: „За ништо не се грижам, само за ова дете, како ќе се изгледа“. А тој и` рече: „Верувај ми, жено, се надевам на Бога дека тој ќе му испрати татко и таков воспитувач што ги поучува сите христијани“.

Кога го дадоа да се школува, напредуваше во учењето побргу од сите ученици, така што сите му се чудеа на сфаќањето и на големиот успех во вештините.

Но еден ден, заедно со синовите на богатите, кои имаа обичај да се забавуваат со лов, излезе и Константин в поле и си го зеде својот сокол. Кога го пушти, по Божја волја се крена ветер, го зафати соколот и го однесе. Оти Господ милослив, со своето човекољубие, го начека и го улови, не сакајќи овој да се навикне на животни задоволства. Како некогаш што беше уловен Плакид во лов на елени, така и овој со помошта на сокол. Размислувајќи за суетата на овој живот, момчето се покаја и рече: „Таков ли е овој живот, та место радост, жалост има во него“? Од денеска ќе тргнам по друг пат, подобар од овој, нема да ги трошам деновите во тревогите на овој живот. Па се зафати со наука, седејќи дома и учејќи ги напамет книгите на Свети Григориј Богослов…

… Кога навлезе во многу беседи и голема мудрост, а не можеше да ја сфати нивната длабока смисла, западна во голема тага. А баш тогаш се најде некој туѓинец, кој добро знаеше граматика, па дојде кај него и го замоли, паѓајќи му пред нозе и предавајќи му се:

„Биди добар и научи ме на граматичка вештина“.

Но тој беше ја закопал својата дарба па му рече:

„Момче, не мачи се. Заречен сум веќе никого да не учам во животот мој“. А момчето пак му се клањаше и го молеше со солзи: „Земи го сиот мој дел што ми паѓа од куќата на татко ми, само научи ме“. Бидејќи овој не сакаше ни да го чуе, момчето отиде дома и усрдно се молеше да му се исполни желбата на срцето негово.

Господ набргу ја исполни желбата на оние што се плашат од него. За неговата убавина, бистрина и прилежност во учењето, беше дочул царскиот управител, нарелен логотет, па испрати по него за да учи заедно со царот. Момчето кога чу, радосно тргна на пат…

Житие на Методија (Панонски легенди)

Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна и започнува со речиси ист теолошки вовед, само што е тој малку подолг. Авторот истакнува дека браќата потекнуваат од висок род (никаде нема податоци за роденото, световното име на Методиј), дека Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил на планината Олимп, каде го добил името Методиј.

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top