Култура и туризам

Стибера ја крие и тајната на божеството со птичје лице

stibera

Истражувањата на античкиот град ќе се прошируваат

“Во тек е постапката на експропријација на земјиштето на кое се простира акрополниот дел на градот Стибера, а кое е во приватна сопственост, со цел во иднина археолошките истражувања да продолжат непречено и во поголем обем”, вели Душко Темелковски, раководител на истражувањата

stibera

Стибера, античкиот град во Пелагонија, во близината на селото Чепигово покрај Црна Река и годинава се истражуваше. Просторот каде според раководителот на истражувањата Душко Темелковски во 2014 година беа откриени Работилница и Светилиште на божество со птичје лице, единствена појава не само кај нас, туку и пошироко, крие и многу други тајни кои допрва ќе се истражуваат во наредниот период.

“Во рамки на проектната програма на НУ Завод и Музеј Прилеп, а во координација со Управата за заштита на културно наследство и оваа година се истражуваше на локалитетот Стибера кај селото Чепигово. Овој антички град кој егзистирал околу седум векови од 3 век пред н.е. до 4 век н.е. е на приоритетната листа на археолошки локалитети како капитален проект на владата на РМ”, вели Темелковски.

Според него во тек е постапката на експропријација на земјиштето на кое се простира акрополниот дел на градот Стибера, а кое е во приватна сопственост, со цел во иднина археолошките истражувања да продолжат непречено и во поголем обем.

“Со годинешниве истражувања се потврди намената на Работилницата од римско царскиот период (на преминот од старата во новата ера), односно според евидентираните движни наоди највероватно станува збор за место каде се изработувале предмети од керамика – теракотни статуетки и апликации на божества и ламби. Пронајдена е мноштво фрагментирана садова керамика, како и разни предмети за секојдневна употреба и дваесетина монети од сребро и бронза од античкиот доцномакедонски и од римскиот период”, вели Темелковски.

Дел од пронајдените предмети на овој локалитет е и чашата е за пиење вино која е луксузна, од таканарецен мегарски тип (прв центар за производство на овој вид на чаши бил градот Мегара) и се користела во времето на доцниот период на античкото македонско кралство.
Тој додаде дека резултатите годинава се нешто поскромни, без атрактивни наоди од мермерна скулптура и репрезентативна архитектура.

Од Управата за заштита на културното наследство велат дека во континуитет ги подржува истражувачките активности во античкиот град Стибера, сметајќи го еден од четирите врвни археолошки локалитети фаворити за културно туристичкиот развој на општината и територијата на Прилеп.

“Местоположбата на Стибера на полпат помеѓу Прилеп и Битола, како и извонредно богатите културни хоризонти во кои во последните години беа откриени повеке објекти, меѓу кои и античкото градско собрание, и други богати археолошки и нумизматички наоди, ветуваат во иднина голем број посетители на локалитетот. Во наредниот период планираме да го решаваме моментот на експропријација на приватните катастарски парцели врз античкиот град, пред се со методот на размена на земјиштето, како предуслов за отворање на поширок фронт на археолошки истражувања на Стибера”, вели проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културно наследство.

Се претпоставува дека со досегашните ископувања е октриен само мал дел од археолошкото богатство на градот. (Д.Т.)

Превземено од Вечер

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top