Култура и туризам

Манастирот Св. Пантелејмон во Нерези е дело на македонското градителско искуство

pantlejmon

pantlejmon

„Црквата е дело на македонското градителско искуство. Таа е украсена од Алексеј Комнен, а кога е основана не се знае. Г-дин Мавродиев вели дека е постара од  XI век (ибид. 67).“ –пишува Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Во околината на Скопје, како и насекаде во Македонија, во различни времиња биле изградени множество споменици на културата, меѓу кои се истакнуваат неколку цркви и манастири. Меѓу нив посебно внимание привлекува манастирската црква посветена на св. Пантелејмон-заштитникот на здравјето, што се наоѓа во село Горно Нерези. На ѕидовите на овој уметнички споменик е сочувано фреско сликарство, кое по своите квалитети со право се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од периодот на XII век, времето на владеењето на династијата на Комнените.

Според зачуваниот натпис, врежан на мермерна плоча поставена над влезната врата, се смета дека црквата, била изградена и живописана во 1164 година, со средствата на византискиот принц Алексеј, син на Константин Ангел и Теодора, најмладата ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен. Георги Трајчев повикувајќи се на разни извори во својата книга укажува дека црквата е дело на македонското градителско искуство, можноста дека црквата е многу постара и слично. Во својот осврт, авторот ни дава низа други интересни податоци за манастир Св. Пантелејмон, за кој ќе напише:    

„Манастирот е сместен на северозапад, на половина час растојание, на едно лесно извишување до селото Нерези. Црквата е изградена во 1164 година, според натписот над влезната врата, на мермерна плоча, со поддршка на Алексеј Комнен. Таа е со 4 кубиња, помали на краевите и едно поголемо во средината. Црквата е крстовидна, куполна, од „средните типови“, кои го сврзуваат слободниот со впишаниот крст… Нартексот е направен подоцна. Има само еден влез од запад. Наосот е крстовиден, апсидите се три и тристрани. Ѕидовите се градени од тули и камен, наизменично, а кулите и куполите – само од тули.

Црквата е дело на македонското градителско искуство. Таа е украсена од Алексеј Комнен, а кога е основана не се знае. Г-дин Мавродиев вели дека е постара од  XI век (ибид. 67).

Иконостасот е целосно со икони од разни периоди, но не многу стари (XVI – XVII век). Во десно од иконостасот има великолепен амвон со резбарски украси, каде се гледа сликата на Св. Пантелејмон. Тој амвон има потекло уште од основањето на црквата…

По својата форма црквата во Нерези преставува типична петкуполна крстовидна градба, од кои средната купола е најголема. Во внатрешноста на црквата се гледаат малку стари фрески. Само во олтарот има постари фрески со грчки натписи.

Најинтересни биле според П.Н. Миљуков, мермерните столбови кој ја прицврстувале царките двери. Тој тип на столбови потсетуваат и по форма и по мотив на орнаментите на мермерните прегради на олтарот во св. Климент во Рим (V век). Во близок однос со тие столбови била и  белутрачната мермерна плоча, најдена настрана во еден агол. Плочата била покриена скулптурни слики. Таа плоча била, по својата орнаментика, се однесува  кон X век.

Друга знаменитост во црквата била алабастрениот балдахин, над ликот на св. Пантелејмон, која наликува на предната арка на амвонот во св. Софија во Охрид. (П.Н. Миљуков, т. IV. Изв. Р. Арх. Инст. )  Кондаков ја сместува неа кон XII –  XIII век (Македонија 1909). Миљуков го сместува манастирот во Нерези кон XII век, по сведоштвото на грчкиот натпис над главната врата.

Во 1300 година, Милутин во својата грамота дадена на Виргинскиот манастир, го потврдува правото на тој манастир над св. Пантелејмон во Нерези, како над метох (Новакович, Законски споменици).

Кон крајот на турскиот режим манастирот беше управуван од комисија, со претседател Јанче Д. Шелев.

Над главната црковна врата на влезот има мермерен надпис на грчки јазик, кој гласи: „Се украси овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон, со средства на господин Алексеј Комнен и синот на порфирородната Теодора во месец септември, индикт 13, година 6673 – 1164, за време на игуменувањето на монахот Јоаникој (И-в. ибид. 1931 г.). 

…. Белешка во руска печатена книга од 1842 година, месец октомври 6 – ти, каде се споменуваат дарителите за купувањето на 12 месечни минеи, во време на игуменот Серафим хаџи Архимандрит (Стојановиќ, ибид.). Дрга белешка врз требникот од 1856 година, јули 27-ми, во која се вели дека требникот бил на Нерешкиот манастир и дека над манастирот имало прекрасна вода, наречена „Султан – суи“ (Стојановиќ, ибид).“

Авторот кој го посетил манастирот Св. Пантелејмон во Нерези во 1895 и 1918 година ќе забележи дека за владеењето со тој манастир бугарите водеа страшна борба со српската пропаганда (грчка митрополија и турските власти). Но тој не ги споменува уметничките вредности кои ги крие манастирот.

На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата Комнини.

Композицијата „Оплакување Христово“ е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Оваа композиција во Нерези се смета за предвесник на ренесансата во Италија, односно дека преобразбата во ликовниот израз својствена за него и раноренесансните дејци во Италија е всушност започната во Македонија, 150 години претходно.

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top