Култура и туризам

Отворена „Куќа на Мијаците“ – прв ресторан музеј на мијачката култура

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238331

Помеѓу спокојната тишина и живописната природа, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир, покрај реката Радика – денеска официјално беше отворен првиот ресторан етно-музеј на македонската мијачка култура „Куќа на Мијаците”.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238331

Овој култоролошки значаен објект е изграден по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит отец Партениј и е олицетворение на богатата мијачка традиција, култура и архитектура.
Во суштина и целта на овој објект кој плени со историјата што ја раскажува, исто колку и со импозантната архитектура, има за цел да придонесе кон развојот на верскиот и селскиот туризам во мијачкиот крај во Западна Македонија, а ќе биде раководен од Јонче Николовски од Тетово.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238332

Куќата на Мијаците” е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите две ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани…

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238333

Дополнителен придонес за автентичноста на амбиентот е и тоа што келнерите и останатите вработени ќе бидат облечени во стилизирани мијачки носии што специјално за нив ги изработи македонската модна куќа Елена Лука.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238334

„Голема е привилегијата и честа да се биде дел од еден ваков културно и духовно значаен проект за кој не се сомневам дека ќе остави траен белег во нашата традиција. Елена Лука е долгогодишен искрен пријател на Бигорскиот манастир и Архимандритот Отец Партениј и ние како тим навистина имаме ретка можност да бидеме дел од нешто што се вели трајна вредност. Благодарение на богатата традиција на македонското племе Мијаци, како и уникатната архитектура која се огледува во изградбата на овој прекрасен објект, ние како дизајнерски тим имавме неисцрпна инспирација при создавањето на униформите што ќе го носи персоналот овде. Навистина се потрудивме да создадеме уникат што ќе биде олицетворение на нивната традиција, аристократската мијачка носија и историја, па дури ќе забележите и елементи од автентичните мозаици. При тоа исклучително внимаваме да се задржи изворната орнаментика која исто така ни послужи како инспирација и токму поради тоа создадовме носии кои се во духот на целиот амбиент и богатата историја што ја раскажува, зашто овој објект е на свој уникатен начин и музеј на мијачката култура. Беше навистина голема чест за нас и јавно би сакала да упатам благодарност до Отец Партениј за можноста”, изјави Елена Пандева, сопственичка и генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238335

Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците” ги красат и црно-бели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници…, но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии и т.н. Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците” многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен куќа на славното мијачко минато.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238336

-Навистина, „Куќата на Мијаците” дојде како еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна, велат од Бигорскиот манастир.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238337

Целиот објект и уредувањето е изработен по идеја на Игуменот Партениј.

– Се смета дека славното словено-македонско мијачко племе, кое ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура, потенцира архимандрит Партениј, пренесува порталот religija.mk.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238338

Топло ви препорачуваме да ја посетите Куќата на Мијаците и да ја почуствувате единствената убавина на тој крај од Македонија.

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238339

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top