Култура и туризам

Народна митологија

mitologija

mitologija

Вештици

Си седел татко една вечер под еден трем од една воденица во време кај пет и пол саатот  и си пиел тутун. Времето било во мај месец и месечината била зајдена тогај, пред пет декики. Како што си се мислел нешто и си се пулел удолу в поле, видел еден огон од едно село колку три саати скраја, што беше се задал да одит, по еден пат што идел прао кај воденицата. Сопрво огнот го видел колку една силна ѕвезда и колку приближуал кај него, толку се ширел и најпосле се сторил колку една месечина кога ет полна. Отвори се, чинело, на тркало како големата месечина и пак се затворало на тркало, ама се праело мало колку една педа и тогај одело како да летат на ветар и прао идело на татка.

– Де море ал де, – беше со рекол сам со себе – што ќе се чинит ал сега, кај ќе се бега од оваа вештица ѓаолцка!

Беше чул татко ми оти во тоа село сите баби што беа умреле беше се извештачиле, да од тоа беше се уплашил, сторил ниет да бегат некаде. Веднаш не му се вдало, ами беше изваил пиштолот и беше го навртил во вештицата прао, како што идела во него, уште за десет чекори да му дојдит кај татка. Имало јаз што течело вода, до јазот имало една топола и туку беше кршнала вештицата од правиот пат и во тополата се удрил огнот, та беше се изронил сиот, како искри од некој коачки оџак, кога да се креваат наугоре и да паѓаат долу. Така искрите фр, фр, фр, фр си попаднале на коренот и толку – беше си загинала вештицата и татко куртулисал.

– Зер биле собрани ѓаолите на тополата, што ја повасале вештицата и ја парчелисаа – ми велеше татко – и се изрона.

Чекал са ноќ да излезит или да мрднит, ништо немало и така не заспал са ноќ, дури се раздени сосе пиштолот в рака гледал кај коренот од тополата.

-Ете ваквие страои сум видел, бре синко, јас – ми рече – да ти пак не веруај оти има вештици и вапири.

Таласами

Не само вапири и вештици имало некоаш, ами и друзи страшни видуачки. Еве какви нешта видел татко ми, Бог да ми го прости. Кога бил во млади годиње, патуал една ноќ и му бил патот да поминит на едно место кај што имало луѓе отепани и закопани од арамии. Тоа место било таласамлија, не беше чаре чоек што ќе поминел тамо ноќе да не налеит од таласамите. Кога приближал татко ми тамо, му текнало оти ќе врвит на тоа место. Ако беше му текнало од вечер, не ќе кинисуаше за ноќта да му врвит тамо; арно ама беше дошол на местото, тики не беше ни да се врати, ни да одит. Ајде, си рекол на име Божје, ’и понатресол  чивте пиштоли, та беше го разлутил коњот уште оддалеку и дошол на местото кај гробиштата. Во еден темен дол, кај што требало на едно место да се врвит, и туку беше му го препречиле пато два вола многу големи, со едни рогои колку еден сажен, очи беа одвртеле како некој ѕверои. Застанал коњо пред волоите, бре терај коњ, неќит да оит, фрчит и назад се враќал и полека-лека волоите фатиле да одат кај него. Друго чаре немало, ами тргнал пиштолите во нив, да што сакат нека бидит, си рекол со умот. Туку откога пукнал пиштолите на волоите, веднаш загинале – и наизлегле ’ртки илје и милје, та кога се раскакале преку него, пред него, зад него, како некој стрели. Уште малку ако беше стојал, очите со нокти ќе беа му ’и изваеле. Господ да чуат и да бранит. Арно ама, беше го пуштил коњо на дизгин и откога откачил од местото и потроа-потроа невиден бист се сторија. За уверуање беше било што обата пиштола беа му се искршиле цевките, да од тоа требало да сет таласами.

– Море да беше ми текнало, бре синко, да бев го рекол: во имја Оца и Сина, веднаш ќе се стореја прав и пепел, ама на страо згора не ми текна – ми велеше.

За фармасоните

Веруаат луѓе оти имало на земњава фармасони што потпишуале луѓе под нив. Тие му даале троа пари на тој што ќе се потпишел и ќе му го земеле лицето на една книга, да ќе да го обесат на ѕидот. Парите тој што ’и имал, ер кај што да ’и даел, пак назад ќе му дојделе. Ако сака некоаш да се одречит чоекот од нивната тебабија, ќе го сетат по лицето што му го имале и ката ден се пулеле по сите лица што имале земени потпишани. Ќе го сетат лицето, чунки ќе се припраело некако и веднаш ќе го шибнат со еден шиш в срце во книгата и ер кај да сака да ет чоекот, ќе си умрел. Велат за фармасоните, ѓо не биле луѓе, ами ѓаоли, за да ’и лажат луѓето, да ’и носат во вечна.

Така во Прилеп имало еден фурнаџија и анџија што го викале Тале Алавантија. Ѓоа тој беше фармасон, чунки в црква ич не одеше.

За езерците

Во старо време сета крајезерска околина била испосеана се со села и градови, во кои живееле таканаречните Езерци, име земено од езерото, кое меѓутоа грчките писатели го преправиле на Десарити. И сега во Охрид и неговата околина се наоѓаат камења со натписи од тие Езерци или Десарити.

За змејот

Секоја страна си има сајбија, што го чува бериќетот. Сајбија е змејот. Има ли некаде змеј, има и ламја. Ламјата и змејот се брат и сестра. Ќе се зададе ли на некоја страна некое облаче, змејот лежи ничкум, и само дуот му оди по облаците; град ли врне, дош ли врне, окулу него местото е суво.

На Бошка В’лнарот (одамна е това) син му беше змеј. Глава имаше како шиник голема, едни очи –  колку бела меџидија големи. Друзи кажујат, бил нишан. Надвор не излезуеше на никаде – се в куќи си седеше, повеќе на чардак. Кога грми, он е в собата пикнат, таму, да не го гледа човек.

Облачето (а други за облачето викајет, оти била ламјата, сестра му на змејот) е друг змеј, дошло да краде бериќетот не од негов синор и тогај змеот од синорот го брка, да не го пог’тне бериќетот. Оти змеовите еден со друг се крадат – г’тни од тој синор, истури го на оној. Сто умре Ѓорѓија Цушката, едно чудо товари беше набрал од неговото лозје, та он кажуеше оти на змејот раката му ја нашел у неговото лозје, та од тоа ѓоа толку набрал. Еми како? Слушај, Стано, дека има свадба! Жена, кога ќе роди змеј, единајсе месеци го носи тешка. Што има лакрдија: „Змеј ли носиш, та уште нема?“ – Змеј ќе биде ова, со заби ќе го родиш детето, уште нема да родиш!“ – затова е. Ноќта, кога ќе се роди змеј, Ќе викнат од по куќите, од маалото, дванајсе девојчиња да му приготват кошула, да го облечат. Ќе земат шишарки, ќе истребат буабаќ, ќе извијат на вител, ќе испредат, ќе сновајат, ќе сткајат, ќе кројат кошула, па ќе ја сошијат и ќе му ја облечат, и да не кажуе, да не се знае, оти е змеј. Сите сака да трајат, да не зборујат ; ако кажат, оти е змеј, ќе умре – не живеје.

За џиновите

Се верува дека некогаш, во многу старо време, имало на земјата луѓе што биле неизмерно високи и толку силни и јунаци, што тие од ништо не се плашеле и никој не можел да ги победи. Тие се плашеле само од сопињале и препки, т.е. да не се сопнат или препнат од нешто, та да паднат и од преголемата тежина на своето тело да се убијат. Само од тоа им била умирачката. Заради тоа, тие кога се колнеле, од ништо друго не се колнеле, а само од сопка и препка: „Жими сопка и жими препка“ – велеле.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top