Култура и туризам

Народни благослови во Македонија

blagoslovi

blagosloviВ година поголем родот да биде.

Во раце Господови да стоиш.

Вечно нека ви е иемто.

На именден.

Вечно нека ви е малечкото.

На домашните за родено дете.

Вечно нека ти е малечкото, ама до реда Господ да те милује со машко.

Во секоја куќа радос, Господи.

Глава нека е жива.

На човек кому му пцовисал добиток.

Годинава венчање, в година крштење.

На свадба особено вака благословуват кумот.

Година да ви се роди повечку.

На лице што носи плодови некому.

Годинава сос кошница, до година сос  товари.

На човек што се враќа од лозје со кошница грозје и ќе подаде некому грозје.

Годинава сос куќичка, до година сос невеста.

Годинава сос невеста, до в година сос машко дете.

Година сос здравје да исчекаме.

Голем(а) да порастиш.

На мали деца.

Господ бериќет.

На жетва, гроздобер, кога ги сеат нивите и др.

Господ да ти помогне да утечиш (да избегаш) побрзо. (ако се бега од нешто).

Господ да ти ја олесни работата, за да успееш. (Ако се работи).

Господ да ти донесе сон. Да поспиеш, но и касметот ќе ти спие. (Ако се спие).

Господ да ве дарува.

Господ да ве поживее.

Господ да ви ги множи чедата (стоката).

Господ да ви даде отсрце.

Господ да е со тебе.

Господ да те благослови.

Господ да те варди по патот.

Господ да те дарува.

Господ да те однесе наместо.

Господ да те удостои.

Господ да те чува од лошо.

Господ да те врати полно рамно.

Господ да ти го дочува детето.

Господ да ти го отвори патот.

Господ добрината да ти ја плати.

Господ желбите да ти ги исполни.

Господ здравје да ти даде.

Господ на помош.

Господ на помош да ви е.

Господ пазар.

Господ печалба да ви наврти.

Господ посреди вас.

Господ да не чуват од душмните.

Господ да не ослободит.

Господ да те (го) бранит (чуат) од лошо.

Господ да те (да ве, да го, да је, да ’и) вардит од лошо.

Господ да те дарује со голема дарба.

На човек што је исполнил молбата на жена за услуга.

Господ да те дарује со голема памет.

На оној што ќе му помогне на некој што го нашла некоја беља.

Господ да те дарује со голем разум.

На посредник кој непристрасно решава некое недоразбирање.

На неопитен во некоја работа.

Господ да те надари.

Господ да те однесе на аџил’к, да видиш Божигроп.

На човек што има таква намера.

Госпд да те чува од исчукан човек.

На човек врз кој се употребени сите средства и ништо не е постигнато.

Госпот да ти (му, је) дает здравје.

Госпот да ти (му) и зајакнит рамената.

Господ здравје да ти даде.

Госпот и вашата куќа да ви ја зарадује.

Благослов со кој се одговара на благослов.

Господ ум и разум да ти даде.

На деца кои прашуваат постари.

Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт! И денешна Свјата Троица да ет на помошт. Бог да даит што ни срце сакат. да сја родит жито и вино. Колку зрна толку осмаци! Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади – хубави невести! А вам моми – хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били!

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top