Култура и туризам

Промоција на монографијата „Есма“ од Славе Катин во Торонто

esma-monografija

esma-monografija

На 30-ти октомври 2016 година, во салата на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, се одржа промоција на монографијата „Есма“ од авторот Славе Николовски – Катин, кое е изданија на книгоиздателството “Македонска искра” и Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје.

Ова дело е посветено на Есма и нејзиното 55- годишно јубилејно дружење со песната. Монографијата беше промовирана во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, кое е во состав на црквата “Свети Климент Охридски”. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од канадското општество, овој културен настан го отвори Маја Доневска-Ивановска, претседател на Друштвото и Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“,За монографијата зборуваа проф.  Филип Ангелковски, долгогодишен водител и диригент на Црковски хор и Соња Лозановска, естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто.

Исто така, на присутните на промоцијата им се обрати и ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, д-р Јовица Палашевски.

Во своите излагања, пак, проф. Филип Ангелковски и Сонја Лозановска се осврнаа на   името и делото на Есма Реџепова – Теодосиевска,, големиот естраден уметник, хуманист и чувар на ромската и македонската песна, која е и национален уметник на Република Македонија. Авторот Славе Катин делото го  посветил на животот и песната, на Есма, на нејзиниот сопруг Стево и на сите нивни генерации. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја на Есма и ансамблот „Теодосиевски“, како и документи, фотографии и други материјали со што  монографијата претставува приказ на уметничкиот живот и дело, како и историја на Есма Реџепова=Теодосиевска и нејзините идни генерации. 

Меѓу другото  проф. Филип Ангелковски, истакна дека книгата „Есма“ од авторот Славе Катин е посветена на доблесниот естраден уметник, истакнат хуманист и докажан донатор Есма Реџепова-Теодосиевска, која, во исто време е негов голем пријател од  музиката.  Есма е име, кое е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во музичкиот свет во Република Македонија и во светот. Есма Реџепова со своето животно дружење со песната постојано се залага за афирмација на ромската и македонската култура на Балканот и во целиот свет,

sv-kliment-ohridski-toronto

Оваа значајна и по многу нешта единствена тројазична монографија од овој вид (на македонски, на англиски и на ромски јазик) претставува осврт за ликот и делото на Есма Реџепова. Монографијата е огледало за уметничкиот труд на благородната Ромка, сместен во еден биографско-публицистички времеплов кој е своевидна сага за нејзиното опстојување. Монографијата со сета скромност е лика и прилика за животот и делото на Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски што ќе остани вечно да се сеќаваат генерациите.

Инаку, проф Ангелковски рече дека Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите педесет публикации, како и по бројните  новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на судбината на Македонија и животот на Македонците , но и за низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Затоа, не е случајно што во ова дело тој започнува и завршува со љубовта на Есма Реџепова- Теодосиевска изразена кон родната земја – Македонија, рече  на крајот проф. Филип Ангелковски.

Во своето излагање, пак, Соња Лозановска рече дека вистината за Есма Реџепова – Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, претставува убав пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.

esma-monografija-promocija
Проф. Филип Ангелковски, Соња Лозановска, Драгица Димовска, генералниот конзул на РМ во Торонто, д-р Јовица Палашевски, Славе Катин и Маја Доневска-Ивановска,

Таа рече дека авторот Славе Катин ја посвети оваа монографија на Есма Реџепова, големиот естраден уметник, хуманист и чувар на ромската и македонската песна, која е национален уметник на Република Македонија. Делото го  посветил на нејзиниот живот и песна, како и на нејзиниот сопруг Стево и на сите нивни генерации. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја на Есма и ансамблот „Теодосиевски“, како и документи, фотографии и други материјали со кои авторот се потрудил монографијата да претставува приказ на уметничкиот живот и дело и историја на Есма и нејзините идни генерации.

Во сите земји  ширум земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознава по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ (Убаво девојче) и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа е на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага…

Во дел од биографијата за Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото, Славе Катин  запишал дека Есма и Стево немале време за одмор, бидејќи влегувале од една во друга гостувачка тура. Есма како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата – како еден од електронските медиуми и‘ има отстапено многу часови, а има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело.

Затоа со големо задоволство го препорачувам ова моногравско дело за Есма Реџепова – Теодосиевска на читателите, а на  нашиот пријател Славе Катин му посакувам многу успех во работата и животот, рече Соња Лозановска.

Драгица Димовска

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top