Култура и туризам

Градот на Свети Никола во Овче Поле

sv-nikole-1

sv-nikole-1

Овчеполската котлина е простор кој заслужува огромно внимание и разумно употребување на ресурсите со кои што располага. Различни цивилизации овде живееле уште илјадници години пред нашата ера, а континуитетот на населеноста потврдува дека човечкиот род тука секогаш имал барем минимални услови за преживување.

Податоците од минатото покажуваат дека и покрај многуте земјотреси, поплави, војни и болести, не секогаш условите за живот биле лоши. Уште од раниот неолит, преку антиката, раното христијанство и средниот век, во Овче Поле постоеле населби кои биле развиени и успешни во вековите во кои што живееле. И во втората половина на 19от век се забележува брз подем и развој на населбата Свети Никола, кога градчето и официјално добило пазарен ден и од село станало град.

Градежните активности во 70тите години на минатиот век се последни од таков обем, а покрај денешно Свети Николе уште од памтивек поминувале многу патници, трговци и кираџии. Во дамнешни времиња, многу војски поминувале по древните патишта изградени уште во антиката. Покрај денешниот град поминува новиот автопат кој сеуште е во изградба и треба да биде пуштен во употреба наредната година. По изградбата на патиштата во Овчеполската котлина пред триесетина години, ова е прв сериозен потфат, кој ни дава за право да размислуваме за иднина во која градот Свети Никола би можел да ги зачува вредностите од минатото и успешно да ги употреби придобивките од векот во кој живееме. Најавениот карго аеродром во Овче Поле би можел позитивно да влијае на работата на сите во регионот, а неговата изградба се очекува откако ќе биде завршен автопатот. Потребно е создавање на откупен центар и обезбедување на квалитетно семе за земјоделците, како и поголема помош за сточарите и напори за зачувување и зголемување на бројот на посебниот вид овца Овчеполка, со што од ново ќе може во големи количини да се прави посебното Овчеполско сирење.

Присуството на термални води, како и големи количини на жива вода треба да почнат разумно да се употребуваат. Силниот ветер кој дува од четири страни и непроценливата вредност на огромниот број сончеви часови во годината се ресурси кои ветуваат посветла иднина доколку бидат употребени во согласност со природните правила. Големиот број на археолошки локалитети е огромен туристички потенцијал на Овче Поле и со современ пристап и начин на презентација можат и те како да влијаат на целата економија во регионот. Доколку биде пуштена линија од гасоводот кој поминува на само неколку километри до денешно Свети Николе, ова место за релативно брзо време би можело да почне да живее на начин соодветен на 21от век.

Името…младите знаат да се пошегуваат дека живеат на три места истовремено – во Свети Николе, Свети Никаде и во градот на Свети Никола. Некои од старите кажуваат дека Свети Николе е некаков дијалект, начин на говор, израз кој останал од минатото, а други дека градот си се вика Свети Никола. За волја на вистината, Свети Николе е останато од српското “град Светог Николе”, што може да се потврди и преку многуте стари карти, книги и печати од пред втората светска војна. Враќањето на вистинското име на градот – Свети Никола, со сигурност ќе донесе убави промени во начинот на кој живее ова место, но и целиот регион. Со враќањето на вистинското име од

Чудотворецот, би можеле да се збратимиме и со Бари во Италија, каде што се моштите на Свети Никола, па потоа тие да нè посетуваат во декември, а ние нив во мај, кога се празнува Летен Свети Никола. 19ти декември годинава е прекрасен ден за оваа работа, кога на Свети Николе може да му се врати името Свети Никола и со тоа и официјално да биде единствениот град со име на светец во Република Македонија.

извор – https://nikolaristevski.wordpress.com/2016/10/29/gradot-na-sveti-nikola-vo-ovce-pole/

текст, фотографии, карти и мапи – Никола Ристевски

sv-nikole-2

sv-nikole-3

sv-nikole-4

sv-nikole-5

sv-nikole-6

sv-nikole-7

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top