Култура и туризам

„ГОСТИВАР“ – Легенди за потекло на името

gostivar

gostivar

За потеклото на името на градот Гостивар постојат повеќе претпоставки и народни преданија и легенди. Меѓутоа како најверодостојно може да се прифати тврдењето дека името Гостивар е од македонско, односно словенско јазично потекло. Како доказ за словенското потекло на името Гостивар може да се земе и фактот што во Чешка во рамките на главниот град Прага (области Прага 10 и Прага 15) се наоѓа населба и цел реон кој се нарекува Хостиварж (на чешки: Hostivař, изговор: (Г)хостивар(ж)) кој во минатото бил посебно населено место, а во германски записи од 12 век се сретнува под името Gostiwar[1]. Имајќи предвид дека во чешкиот јазик мекото х е замена за гласот г (пр. Praha – Прагa) името на оваа голема населба во југоисточниот дел на Прага е всушност Гостивар, а знаењето на зборовите е речиси исто (именката гости на чешки e: hostе) може слободно да се заклучи дека името Гостивар кое се сретнува и во Македонија и во Чешка е од словенско потекло.

Во средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Турската империја. Поради големата посетеност на населбата од луѓе од други краишта, гости, турците меѓу себе, на турски, често викале „гостивар“ (гости има). Тогаш во градот имало и многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ односно „градот на гости“ станал -Гостивар. Инаку етимолошкото значење на топонимот во науката сѐ уште не е утврдено. За време на турското владеење населбата почнала да се развива во значајно седиште на Горни Полог, наречен уште и Горна Нахија. Населението од околните рамничарски и ридско-планински села почнало да се преселува во централната населба, со што таа почнала и да расте. Во 1659 година, богатиот Мехмед-паша изградил џамија среде населбата, а околу неа подигнал и училиште и бања, а подоцна и карван-сарај и дуќани. И богатиот Агу Беќир-бег во Гостивар изградил џамија и училиште, што се наоѓале на местото на денешната Саат-кула.

Според Марко Цепенков, Гостивар бил метув на манастирите од Сува Гора (планина источно од градот) каде што се гоштевале многу свештеници, патници и намерници. Поради тоа богато гоштевање метувот го добило името Гостивар. Има и легенда која вели дека доаѓа од турско време каде што Гостивар значи “место каде секогаш доаѓаат гости”. Според Турците, градот бил наречен така поради тоа што на турски зборот ВАР значи „има“, така што на тоа место секогаш имало гости. Исто така збор ВАР или Вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода – вриење, а исто така означуа и бања. Како поткрепа на ова ќе го додадеме како пример градот Карлови Вари во Чешка што е во превод Бањите на Карло има и други примери во словенските земји за наставката ВАР како што се Вуковар, Карлобар во Хрватска. Што во превод од старословенски би било „Бања за Гости“. Некои научници како рускиот професор Афанаси Селишчев сметаат дека словенското име на градот било Костово.

Врз основа на записите на Абдулаќим Догани , Гостивар го добива името од девојката дојдена од Бар која што за место на живеење го има одбрано овој град. На локален јазик девојка е гоца и тоа од Бар (Тиват во Црна Гора) , затоа произлегува името Гостивар од момата од Тиват. Веројатноста и вистинитоста на ова тврдење е многу мала, и е пред се во контекст на големоалбанскиот нациоализам, односно да се потврди тезата за автохтоност на Албанците во Гостивар и другите населени места во Македонија, а и самата анегдота има многу мала логичка смисла.

Според една друга легенда сегашното име на градот Гости-гости, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има). Самото име, односно Гостивар се нарекуваше местото на собирање на гости т.е.„Градот на гостите“. Волкашин на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На пример, на ќерката Кита и изградил тврдина во Кичево, наречена „Китин Град“ (Китинград), а на Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар.

Превземено од Гостивар Прес

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top