Култура и туризам

Св. Анатолиј Оптински – Плаши се од Господ, сине мој !

anatolij

anatolij

Чедо мое, знај дека  во  последните денови  ќе  настанат   тешки  времиња според зборовите на Апостолот. Та поради недостаток на побожност и во црквите ќе се појават  ереси и расколи  па како што предвидуваа Светите Отци  на  архиерејските  престоли  и  во  манастирите ќе нема  луѓе-опитни и  искусни  во духовниот живот…Поради тоа ќе се  шират  ересите  насекаде и ќе опрелестат( измамат) мнозина.. Непријателот  на  родот човечки ќе делува  лукаво па на тој начин ако е можно  да ги наведе  на ерес и  одбраните. Тој нема   да отпочне грубо да ги отфрла догмите за Света Троица, за Божественоста на Исус  Христос, за Богородица, туку неприметно ќе почне да ги  изобличува преданијата на Светите отци за Светиот Дух-учењето на самата црква. Снаодливоста  и типиците на непријателот  ќе  го  приметат  малкумина, само  искусните  во духовниот живот. Еретиците ќе завладеат  насекаде по црквите, ќе  постават  свои  слуги  и  побожноста  ке биде  занемарена. Ама  Господ нема  да  ги  остави   чедата  свои  без   заштита  и  во  незнаење. Он  рече: „Ќе ги  познаете  по плодовите  нивни“ и  тоа по плодовите  нивни односно по делувањето на еретиците настојувајте да ги разликувате од вистинските  пастири. Тие  духовни крадци  кои го разграбуваат   духовното  стадо не влегуваат  на вратата во трлото свое, туку  влегуваат  од  други места, како што рекол  Господ  „ќе  влезат  на  незаконски  начин, уништувајки  ги со  насилие  Божјите закони. Господ  ги нарекнува  разбојници. Навистина  нивното  прво задолжение  ќе биде  изгонување  на  вистинските  пастири, нивно  затворање, за да можат  полесно  и стадото  да го  разграбат. Затоа  сине  мој  кога  во  црква  ке видиш шегачење  на Божествениот  чин, на Преданијата на светите отци и  на поредокот установен од  Бога, знај дека  еретиците  веќе  се  појавиле, само  што  до  одредено  време  ќе  го  прикриваат  своето  зловерие, или  неприметно  ке  ја  унакажуваат  Божествената  вера за  полесно  измамување  и  заведување на  неискусните. Ќе  ги   прогонуваат  не само  пастирите  него  и  слугите Божји, затоа што   ѓјаволот  кој  раководи  со  еретиците не поднесува  благочестивост. Како  волци  во  овчија  кожа, препознај  ги  по  нивната  горделива  природа, сластољубие, властољубие..тоа ќе бидат  клеветници, издајници,  кои насекаде   сеат само омраза  и злоба.. Затоа  и Господ  вели, поплодовите нивни дагипрепознаваме. Вистинските  слуги  Божји  се смирени , братољубиви и на  црквата послушни. Голем  притисок од  еретиците ќе  трпат монасите и  монашкиот  живот  ќе  биде  изложен  на ругло..Ке  осиромашат  монашките  семејства, ќе се смали  бројот на  монасите а тие  што  ќе  останат  ке  трпат  насилства.

Овие  мрзители на монаштвото , а кои   само  побожно изгледаат ќе настојуваат  да ги привлечат монасите  на своја страна  ветувајки  им  заштита  и световни  добра, или претејќи  им  со   прогонувања  на  оние  кои  ќе им  се противат. Од  овие претења, малодушните  ќе бидат  многу  понижени.. Ако  го  доживееш  тоа  време сине мој, радувај  се  затоа што  во  тоа  време  верниците  кои  немале  други  добри особини ќе  се  стекнат  со  венци  само  за  останување во  верата, по  зборовите Господови: „ Секој  што  ќе ме признае  пред  луѓето, ќе го  признам  и ја пред Отецот мој Небесен“…

Плаши   се  од  Господа сине мој, за  да не  го  изгубиш  припремениот венец, да  не  бидеш  отфрлен  од Христа  во  последната  темнина  и мака  вечна. Храбро  стој  во  верата и  ако  е  неопходно  со  радост  трпи прогони и  други  неволји , бидејќи   со тебе ќе биде Господ и  Светите  маченици  и исповедници  со  радост ќе  го гледаат  твојот  подвиг.  Ама  тешко во деновите  на  монасите  кои  се  врзале  за имоти  и  богатства, кои поради  својот комфорт  ќе  бидат  спремни  да се  потчинат  на  еретиците. Тие  ќе ја  успиваат  својата  совест  велејки : Ќе  го  сочуваме  и спасиме  манастирот  и Господ  ќе  ни  прости.. А     нема  ни  да  помислат дека  преку  еретиците  во  манастирите  ќе  влезе  демонот   и тоа веќе нема да биде  свето  место  него  голи  зидини  од  кои  за навек  ќе  одстапи Благодатта… 

Ама  Бог е  појак  од  ѓаволот и нема да ги  остави  слугите  свои, и  прави Христијани ќе  има  до  крајот на  светот, само што  тие  ќе  ги  бираат  пустите и  осамени  места.. Не  плаши  се  од  неволји, туку  плаши  се  од   погубниот  ерес затоа  што  ересот ја  изгонува  благодатта  и  одвојува од Христос. Затоа  Христос и  заповеда  еретиците да ги сметаме како  цариниците  и  незнабошците…

И така  крепи  се  сине  мој во  благодатта  Христова, со  радост  итај  во подвиг  на  исповедништвото и трпи  страдања  како  добар  војник Исусов (2.Тим.11,1-3),,Кој  кажа: „Биди  верен  до  смрта и  ќе   ти  дадам  венец  на  живот ( Откр.2,10)..Слава , чест и  сила на Него и на Отецот  и  на Светиот Дух  , за век  и  векови..АМИН    

Подготви: А.Л.

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top