Култура и туризам

Село Лазоровци – Кичевско, репортажа на Влатко Билески

selo-lazovci-kicevsko

selo-lazovci-kicevskoСелото Лазоровци лежи северо-источно од Кичево: од запад се допира со котлинското дно, а од исток со падините на гребенот (сртот) Гол Рид. Во негова блиска околина населени места се: Мамудовци и Стрелци.

Селаните се снабдуваат со изворска вода, а исто така имаат и бунари. Во поново време постои водовод кој е спроведен од планинското место Букоа Вода.

Селски чешми се: Тарулец, Попоец и Клаинец (Клаинче)

Подалеку од селото извираат поголеми извори: Букоа Вода, Попоа Вода и др. Според кажувањата на некои селани селската чешма Клаинец (Клаинче) постои уште од римско време.

Имиња на места во атарот “Над Село“ се: Сташинец, Бара, Букоа Вода, Костоо Изворче, Гавров Камен, Бабино Клаинче, Митроо Ливадче, Мојсоо Лединче, Павлеа Нива, Сртелечки Буки, Стрелечки Јаз, Крстеи Круши, Дабчиња, Капина, Широки Солишта и Чешма.

Имиња на места во атарот “Под Село“ се: Под Леска, Пат Црвишки, Зелени Пат, Покоишта, Пат Јаголски, Воденица, Раковци, Чапарка, Раскрсница, Бероец, Бакалишта, Рампелејца, Средорек, Еѓупска Ледина и Долна Ледина.

Селото Лазоровци е од збиен тип и не е поделено на маала, затоа што е мало село. Сепак фамилијарните куќи се една до друга и повеќето се меѓусебно групирани.

Сите жители на селото се православни Брсјаци.

lazovci2Постои традиција дека село Лазоровци е многу старо село. За староста на селото говори и црквата Св. Ѓорѓија, која сеуште постои и активно учествува во верскиот живот на селото. Сместена е над селото, а постојат податоци дека е изградена кон крајот на 16 век или почетокот на 17 век. Во склоп на црквата се наожаат и селските гробишта. Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите.

Црквата е широка 2,5 метри, долга е 4,2 метри а висината во највисокиот дел изнесува 3,5 метри. Ѕидовите се градени од камен и варов малтер, а покривот со камени плочи (камен лиска). Покривот е граден на две води, а под нив се наоѓа слој на земја која ја чува внатрешната темература постојано на 18 степени Цезиусови. Ова придонело се до денешен ден да се зачува фрескоживописот.

Фрескоживописот е од периодот на постанокот на црквата Св. Ѓорѓија, која е најстара зачувана црква во Кичевско. Ѓоѓе Мано Зиси го споменива селото Лазоровци и кажува дека во црквичката се наоѓал запис во кој се споменувал Кралот Тврдко и жена му. Тома Смиљаниќ-Брдина исто така соопштува дека во селото Лазоровци постои црквичка која според него потекнува од времето на Цар Лазар и дека има ктиторски натпис од 1371 г.lazovci3

Иконостасот е изработен во 19 век а фреските на ѕидот потекнуаат од 17 век

На нив се прикажани дванаесетте Апостоли. На најголемиот дел од нив се забележуваат оштетувања за кои итно треба да се интервенира од страна на конзерваторите за де заштити барем тоа што е останато. Фрескоживопис имало и на предниот дел на влезот во црквата. Меѓутоа, при изградбата на трпезаријата тој во голема мерка е оштетен.

Едно од најголемите црковни ѕвона во целата кичевија се наоѓа токму во камбанаријата на црквата. Камбанаријата е направена во 1936 година, а ѕвоното е донесено од Австрија.

lazovci4

Црква Св. Ѓорѓија Обновена и заштитена

Во црквата Св. Ѓорѓија се чуваат повеѓе евангелија на старословенски јазик кои настанале во 19 век.

Селска слава во село Лазоровци е Св. Ѓорѓија.

– Во истириските извори Лазоровци се споменува под истото име и во другата половина на 15 век (1476/77г.). Селото Лазоровци во тоа време имало околу 31-на христијански куќи. Денес во село Лазоровци не постојат постари македонски родови. Кога предците на сегашните најстари родови пред околу 200 години се населиле – Орешковци и Павлевци, тие ја нашле само напуштената црква. Остатоци од некогашните куќи има кај Сташинец и Попоа Вода.

Во село Лазоровци постоеле главешини, Ванче Петроски и Дели-Митре. Тие го спасиле селото од арнаутите кои сакале да го заземат исто како што сториле со останатите околни села. Со цел да го спаси Лазоровци, Дели-Митре морал на арнаутите да им го отстапи Ериновци. Лазоровчани во минатото често велеле “Ние сме паѓале од оф на леле!“.

Во 19 век Македонците од Лазоровци не смееле да ја напасуваат својата стока во својот атар, во тоа биле спречени од страна на муслиманите од околните села. Поради тоа околу 1850 година селаните од соседното село Црвивци го повикале арнаутинот Мамуд, да ги заштитува (нормално за тоа селаните му плаќале).

Така Мамуд го населил некогашното христијанско село Ериновци кое одамна било опустошено од страна на турскиот аскер.

Во текот на втората светска војна, од албанската окупција селото Ериновци административно почнало да се запишува како Мамудовци. Поради тоа старото македонско име брзо се заборава. Во 1912 година селото Ериновци (Мамуцовци) имало седум семејства, потомци од Мамудовите синови.

По ослобудувањето од Турците, Лазоровци имало 13 куќи. Селаните секогаш живееле од својата земја.

lazovci5

Знаме на Македонско – Одринските доброволци (Ополченци) во 1912 година во кој зеле учество и Македонци од село Лазоровци. Софрониев Лазар (Билески) и Ѓуров Димко (Милососки)

За време на втората светска војна повеќе Лазоровчани зеле учество во НОБ за ослободување на Македонија. Во 2001 година кога Македонија беше нападната од терористичките банди повторно Лазоровчани застанаа во одбрана на татковината.

– Постои предание за змејот кој грабнал девојка додека играла на оро, и ја однесол во пештерата под Чука кај Ериновци

lazovci6

Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите.

Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите. На првиот гроб пишува дека во 1896 година е убиен Наум Ристов од село Лазоровци го убил Ислам, и дека му нанел девет смртни рани. По убиството на Наум Ристов неговата фамилија се сели во Кичево – во Кичево познати како Трипчевци. Исто и на втората надгробна плоча пишува дека лицето погинало од пушка.

Лазоровци, археолошко минато

– Рашо ливада претставува депо на средновековни монети. Во нивата на Блаже Никодиноски, во 1936г, најдено е депо на средновековни (српски) монети кои денес се чуваат во семејството на Михајло Милососки од село Лазоровци.

– Сретсело е рано-средновековна населба. Во централниот дел на селото, месното население открило темели и објекти, градени од камен и варов малтер, водоводни цевки и друг градежен материјал. Откриени се и фрагменти од питоси.

– Стар задел – Еѓупски дол е депо на сребрени монети од римско време. При експлоатацијата на камен, во 1961г. Димо Милососки нашол повеќе сребрени монети од кои денес зачувани се само седум. Временски, монетите му припаѓале на 2-от или 1-от век од пред нашата ера. Ковани се во ковниците Дирахиум и Аполонија. Еден дел се ќува во Музелот во Кичево.

Денешно население:

– Македонското население од Лазоровци потекнува од предци кои се доселиле.Фамилијарни родови се:

Орешковци или Петревци:

(со семејна слава Св. Богородица Пречиста), по потекло од поречкото село Крапа. Во селото живеат од пред околу 200 години. Тие ја знаат следната генеалогија: Борис – Ванчо – Томче – Орешко (или Решко), основач на родот кој се доселил.

Павлевци:

(со семејна слава Св. Ѓорѓија посен), овде се вбројува и една домазетска фамилија. Павлевци се доселени во исто време кога и Орешковци, но не се знае точно од каде.

Ѓуровци:

(со семејна слава Св. Никола) не се знае од каде и кога се доселиле.

Билевци и Мојсовци:

(со семејна слава Св. Аранѓел). Се доселиле во 19 век од денешното село Црвивци. Според исказите на нивните предци “бегале од Арнаути“. Во родот на Билевци се знае следната генеалогија: Фанка – Александар – Ристо – Лазар – Софронија (Цоле) – Биле кој се доселил. Споменатиот Биле во село Црвивци “имал мака од Турците-Арнаутите“.

Трпчевци:

(со семејна слава Св. Петка-Петковден) дошле од соседното село Стрелци. Таму живееле во маалото Раковци.

Топлевци:

(со семејна слава Св. Мартинија) се доселиле од селото Турје од Дебарца-Охридско.

Крстевци:

(со семејна слава Св. Ѓорѓија-посен) и

Вељановци:

(со семејна слава Св. Илија-Илинден) се семејства кои потекнуваат од поречкото село Крапа.

Петревци:

(со семејна слава Св. Аранѓел) потекнуваат од предокот Козмо, кој се доселил од кичевското село Осој. Козмо дошол како домазет.

Ѓоревци:

(со семејна слава Св. Петка-Петковден) се доселиле од село Туин некаде во 60-те години од 20-от век.

Иселеници:

– Во Кичево живеат повеќе семејства од село Лазоровци.

Ристевци (Трипчевци):

кои од поодамна се населени во Кичево се едни од постарите родови од село Лазоровци; не се знае од каде се доселени во селото но, се знае дека дошле во исто време со родот Орешковци.

Папунџиевци, Билевци и Ѓуревци во Романија, и Деспотовци во Битола.

За време на отоманското владеење имало голем притисок врз христијаните па така и населението од село Лазоровци се иселувало во Влашко (Романија), Видин (Бугарија) итн. Од село Лазоровци имало и други иселени постари семејства.

По завршувањето на втората светска војна неколку семејства се иселуваат за подобра егзистенција во некогашните јуугословенски републики. Оден дел од родот Стефаноски (една куќа) се има иселено во кичевското село Староец.

Денес имаме семејства кои живеат и низ нашата Македонија, во Гостивар, Тетово, Скопје, Неготино, Охрид итн.

vlatko-bilevski

Влатко Билески

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top