Култура и туризам

Што ти е светов, си мислеше Костадин кога дојде во Америка: САВО КОСТАДИНОВСКИ

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski„Што ти е светов, си мислеше Костадин кога дојде во Америка. До вчера, што се вели, акав низ Добра Вода, а сега сум толку далеку, меѓу толку непознати луѓе кои одвај ги разбирам што сакаат да кажат. Нивниот јазик ти бил бетер од арнаутскиот. А и како да го научиш кога цел ден си во онаа темна дупка.“

Во Детроит не знаеше што му е потешко – катадневната работа или мислата за своите. И едното и другото заедно му создаваа голема тегоба. Најмногу го измачуваа ликовите на своите дечиња. Постојано си замислува¬ше каков им е ликот, како изгледаат кога зборуваат, кога се смеат, кога ќе заплачат… Никако да им го долови ликот од времето кога ги остави. А не можеше ни да си претпостави како изгледаат сега. Децата брзо растат, брзо го менуваат ликот.

„Личат ли сега на мене?“, се прашуваше како најголем осаменик на светот, како човек без никого, како да е паднат во некој необичен свет, во којшто ги нема најблиските, ниту нивните ликови во својата меморија. Се чувствуваше како осамено дрво без гранки, со искастрена крошна, со потсушено стебло, со разнишани корени.

Костадин најмногу мислеше за родниот крај и за дома, а с# тукашно што ќе помислеше и што ќе го видеше го поврзуваше со родниот крај. „Кога работев во Ботуше одев на нива, одев низ шума, одев по ридиштата и по планината, а овде секој ден в дупка. В дупка, па в дупка. Ама тоа ти е печалбата“.

Не само за него, туку и за неговите другари рудникот за јаглен беше дупка. Една голема дупка во која влегуваат многу луѓе. Влегуваат како луѓе, а излегуваат како црнци, како василичари измачкани со жарје. И кога ќе излезеш на бела виделина да не можеш да си го познаеш другарот. А се случуваше со недели да не видат сонце, да не знаат што е тоа ден. Посебно кога беше кус денот. Ќе влезеа наутро во темно, цел ден внатре во темно, ќе излезеа во темно… И така со денови. И така со недели. Со недели во црна дупка. Брзо научија дека за Американците тоа не е дупка туку „мајн“. Ама не можеа да прифатат „мајн мајн“.

– А бе, Костадине – му вели еднаш Рајко Лапајко – го слушна што рече Перо Бакалот? Вели, кога овде е ноќе, кај нас во Македонија е ден, а кога овде е ден – во Македонија е ноќ. Тебе ти се верует?

– Е, па Рајко, така е!

– Ај, што велиш, бре војводо!? – рече со малку чудење, но бидејќи е кажано од Костадина го прифаќа како точно. По малку размислување му се разбуди љубопитството.

– Овде три недели не сме виделе ден, саде ноќ е. Ако е така, како што велите, тогаш во Ботуше три недели е саде ден?! Ами, ти кога беше во Ботуше виде некогаш три недели да е ден и ич да не се стемнит?

Со својот авторитет и со своите куси одговори Костадин брзо го убеди дека не е во право.

– Море Лапајко, ами ти знаеш дека и земјата била тркалезна? – му вели Блаже Лажот.

– Ајде бе Лажу, мене најде да ме лажеш?! – рече и стана од подот на којшто играа овчарска дама.

– Ај, ти пак нетуку се лути за сешто. Седи да доиграме! Ако се вика Лажот не значи дека човекот лаже? – му вели Стојче.

– Сега и ти најде де ме заебаваш? Вечерва мене ме најдовте за да си играте мајтап? Ти што мислиш, ако сум берел смола по планинине поречки, што мислиш ти, смола сум јадел?

– Ако не веруеш, обложи се!

– Пак тој со мене..! Добро штом си ти умен, ајде кажи ми вака: ако ние сега сме на едната страна на земјата, тогаш Македонија е на другата страна. Кажи ми ти што ќе направат твоите дома? Ќе паднат!!! – констатира осоколено Рајко.

– Е нема да паднат.

– Ако се дома, нема да паднат – ќе се задржат на таванот, ами ако се во дворот?

– „Ами ако се во дворот?“ Каде ќе паднат?

– Што знам… ќе паднат… в море…

– Кога доаѓавме наваму ти виде паднати луѓе по морињата?

– Не. Тоа море е на земјата…

– Ами над Ботуше има море, па да паднат в море?

– Нема.

– А што има?

– Небо.

– А на небото си видел паднати луѓе?

– ?!

И така вечерта со муабетот стигнаа до ѕвездите. И таму запреа зашто немаа сили. Беа веќе папсани од копањето во „мајнот“. Заспаа како заклани.

Следните три вечери с# помалку се играше овчарска дама, а с# повеќе се разговараше за небеските чуда на Рајко Лапајко.

Откако им здодеа да разговараат на тие теми четвртата вечер ја сменија малку темата. Не зборуваа за паѓање, туку за скокање.

– Рајко, кај Ботуше има ридишта? – го прашува Блаже Лажот, а без нив двајца тие вечери не одеше муабетот.

– Има.

– А има карпи?

– Има.

– А има шуми?

– Има?

– А има пасишта?

– Има.

– А стада овци има?

– Има.

– А волната од каде ја собирате?

Се штрекна малку Рајко Лапајко и самоуверено му одговори:

– Што мислиш ти, приказните се вистинити? Мислиш дека навистина ботушани скокале од карпите в магла за да ја собираат како волна? Мислиш… – запре и уште поостро му се обрати на Стојче.

– А ти немаше друга работа и на бездарников му кажа што сте измислиле вие растешани за ботушани? Да не му го кажа и сонот што ти го раскажав дека сум паѓал од Земј…

Повторно имаше паѓање од смеа. И покрај заморот донесен од темнината на рудникот.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top