Култура и туризам

Ново дело на дипломатот Константин Дораковски

susulemenko

susulemenkoНеодамна од печат излезе книга со драмски текстови под наслов „Шушулеменко“ од дипломатот Константин Дораковски. Тоа е дело на првиот македонски дипломат во Канада (в.д. генерален конзул на Република Македонија во Торонто,1997-2001, како и прв македонски дипломат во Канбера, Австралија (2003-2006), а потоа повтороно  во Канада како министер советник во Амбасадата на РМ во Отава (2010-2013).

Константин Дораковски кој потекнува од печалбарско Љубојно, а одраснал во Битола, не е само дипломат. Тој е  и писател и автор на повеќе дела, меѓу кои, на романот „Трите брега на душата“ (1995).  Низ своите драмски текстови тој пројавува интерес за повеќе теми кои  се наметнуваат со актуелниот пристап во современиот временски  простор. Тие даваат белег на појавите кои задираат во собитијата на времето низ кое поминува општественото и човековото живеење.

Делото „Шушулеменко“ , со поднаслов „Новиот ракопис на Птоломеј додека Сонцето изгрее на Запад“ задира во пројавениот интерес  за барање на нашите идентитетските корени во далечните антички времиња и нуди две испреплетени приказни, од една страна се профилираат поедини појави од некои современи ставови и погледи за себенаоѓање  во   минатите историски етноси и настани, а од друга се осврнува на настаните и влијанијата кои ја издигаат една личност на пиедесталот на историската големина.

Додека Сонцето изгрее на Запад, пак,  го пренесува секојдневието, надежите и очекувањата на обичниот човек  во предвечерието на распадот на поранешната Федерација и рефлексиите од  некои од минатите времиња  во кои се создавала македонската држава а што оставиле контроверзи  и длабоки траги  во свеста, меморијата и меѓусебните односи  на поедини учесници.

Инаку, драмскиот првенец „Шушулеменко“ кој беше подготвен уште во  1972 година  претставува фарсична игра за феноменот на моќта, власта и владеењето, подготвуван во Драмски театар Скопје, но  не заживеа на  јавна  сцена (беше одржана само предпремиерна изведба), заради партиската пресметка со појавата на либерализмот во тогашната СФРЈ, а со својата безвремена  актуелност  за општочовековата опседнатост со моќта на власта   останува да опстојува  и повторно да си го најде местото на театарската сцена.

Овие драмски текстови на Константин  Дораковски, создавани во подолг временски период,  со темите, актуелноста и  пластичноста на опишаните настани и карактери претставуваат предизвик за театарската продукција во Република Македонија.

Славе Катин

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top