Култура и туризам

Поп Наум – Мали оџа – Преданија

ikoni

ikoniПостојат повеќе преданија за Наум (Ноум) Попов, наречен Мали Оџа. Сепак до денес тоа е неразјаснета личност, како духовник, полиглот, остроумен и прониклив човек, но и човек со трагична судбина, жртва за сопственото село. Едно од многуте преданија за него е и следното.

Наум Попов од Вевчани учел за поп во Цариград. Знаел да зборува турски, грчки и арапски јазик. Во негово време некојси Гроздан се населил во Горна Белица. Станал и коџобашија на селото, па како снаодлив човек, успеал со поткуп да добие од турските власти тапија за девет ливади кои го зафаќале просторот на планината Јабланица од селото Радожда до  границата, односно до атарот на Дебар. Таа тапија била лажна, но тој сепак не им дозволувал на Вевчанци да ја напасуваат стоката во планината иако таа била нивна. Тој спор траел долго време. Тогаш попот Наум им рекол на своите соселани: „Јас немам пари, но знам како да ја расипам тапијата.“ На тоа Вевчанци собрале пари и го испратиле попот Наума да замине во Цариград и да ја расипе тапијата.

Кога стигнал таму во градот имало некаква свеченост, дефиле, во кое оџите оделе напред, поредени во неколку редови. За да се вклучи во дефилето (парадата), Наум позајмил од некој пријател тамошен алишта и се преоблекол како оџа. Така преправен влегол во групата, во предните редови. Но сите тие имале некакви бајрачиња, а Наум немал па го замолил еден од нив да му го даде неговото бајраче, велејќи му: „Дај ми го тоа мене, јас сум од Манастир (Битола), па немав да понесам, а ти си оттука ќе се снајдеш.“ Човекот се согласил и му го дал бајрачето. Кога стигнал перед Султанот, сите оџи стоеле мирно, држејќи ги бајрачињата, а Наум почнал да мавта со него. Тоа му паднало в очи на Султанот и му рекол на еден од неговите службеници: „Оди да му речиш на оној што мавта со бајрачето утре да се јави кај мене.“ Тој отишол и му го пренесол тоа што го рекол Султанот, а Наум задоволен му рекол: „Ти благодарам, јас токму за тоа сум дојден тука.“ И така Султанот го примил утредента кај него, прашувајќи го зошто мавтал со бајрачето додека  мирно стоеле? А тој му одговорил дека тоа го сторил да го забележи и да го прими кај него. Воедно му кажал дека тој не е оџа туку поп, дека не е оттука и дека дошол по тапија за планината која неправедно им била земена на Вевчанци. Притоа навел дека коџобашијата Гроздан има добиено со поткуп лажна тапија и барал истата да му се одземе и издаде нова. Зборувајќи му на турски јазик тој го разбрал во потполност и наредил да му се издаде уште веднаш нова тапија со која Вевчанци си ја повратиле планината.

Незадоволни од тоа горнобеличани, предводени од коџобашијата Никола Гроздан, организирале завера против попот Наум од Вевчани. Најпрво собрале пари, а потоа ангажирале платен убиец. Тој бил Далип Љуфа од село Велешта кој го убил попот Наум во село Моруништа вршејќи служба во манастирот Св. Мартинија. Тогаш поп Наум имал само 38 години, а зад себе оставил шест деца. Бил погребан со сите почести на гробиштата од Долна Црква во Вевчани и неговиот гроб се наоѓа под олтарот на самата црква. Во знак на благодарност за неговото дело Вевчанци на неговиот син Ристо му го подариле брдото Цветко. Инаку тие него го нарекувале Исус.

Попот Наум имал свој сејмен кој го чувал. Тој бил од селото Папрадник кај Дебар. По неговото убиство сејменот си заминал дома. Тој повремено навраќал во Вевчани, во поповата куќа, а воедно го следел движењето на Далипа, убиецот на поп Наум. Па така еден ден кога навратил во Вевчани дознал дека Далип се наоѓа на Голина и тој се упатил таму. Го нашол каде што пече јагне со тајфата Тогаш тој стрелал во него од Шкала, а ранетиот Далип се обидел да побегне по трапот надолу. Таму го стигнал сејменот и го доубил, а потоа му ја отсекол главата и ја врзал во шамија. Ја зел со себе и ја однесол на попадијата во Вевчани. Така окрвавена шамијата со главата на Далип, тој ја ставил на ноќвите и и рекол, нејзе: „Попаѓо, ја вративме крвта на попот“. Кога ја видела таа главата му дала десет жолти лири, како награда. А тој за истата глава добил и друга награда од Султанот бидејќи тој бил осуден и за друг случај.

За убиството ба поп Наум – Мали Оџа, како и за убиството на неговиот убиец Далип Љуфа од с. Велешта испеани се неколку песни меѓу кои и следните:

1.

Меџелис праит Горна Белица,
меџелис праит Гроздан Белица,
меџелис чинет пари да берет,
пари да се берет, Наум да се убиет,
тој поп Наум, Малиот Оџа.
Тој да се убиет за планината,
што ни ја зеде на Беличаните.
Ќа го убиет тој Далип Љуфа
за триста лири султанамитови.
Наум го криет ајдукот Далипа,
од Султанот Амита во бочвата
со вино во ќералот голем.

2.
 
Сардисаје, ги сардисаје
вевчанските бачила,
ги сардисаје сејмените од поп Наума,
од Малиот Оџа, сејмените од Папрадник.
Го сардисаје Далип Љуфа
Далип Љуфа од Велешта,
Коа излезе Далип Љуфа,
 сабајлето во трлото
да си земит рудо јагне за печење
му извикна овчар Мајо:
– Остај, Далип ти јагнето,
овците се од манастирот Свети Спас.
Пукна пушка наоколу
Далип падна среде терло,
викна Далип:
– Ој ти Мајо, ти овчаре,
дај ми вода да с напија.
Му одговори овчар Мајо:
– Ој Далипе, куче едно,
Дримон вода не те напи,
тук се напи попски крви,
кој те крие шес години
од Султанот Амита.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top