Култура и туризам

Забележав дека не му беше сеедно што се заборава црквата

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Забележав дека не му беше сеедно што се заборава црквата. Како што не му беше сеедно што се запустува селото.

Иако тој ден беа дојдени разотидените селани, дедо Јанко најубаво знаеше што останало од селото. Сепак, тој ден беше како измислен ден за седенка и муабети со старите во селото. Вистински ден за навраќање кон спомените.

Имаше дарба за раскажување и се гордеев со него. Имаше човечност во него и тоа уште повеќе ме пленеше. Беше принципиелен и искрен и знаеше на убав начин да упати совет и забелешка. Како што го правеше тоа со првенците за селото, затоа што душата го болеше за селото. Толку добро знаеше како да постапи спрема луѓето што на забелешките не можеа да му се подналутат ниту учителот Димко, ниту татко ми – банкарот Сергеј, ниту шумарот Стојан… оддадени на Партијата, а не презеле ништо за селото. Го почитуваше татко ми што беше првоборец и трипати ранет во војната, но не му се допаѓаше неговото однесување на заробеник на партискиот систем кој, како што рече, не води сметка за денешницата на селаните, а ги заборава и македонските јунаци пред партизаните. Му пречеше што во идеалите на комунистите нема многу место за идеалите на војводите и комитите. Овде треба повеќе да ја чувствувам македонштината, ама не е така. Во Австралија, во таа туѓа земја, повеќе се сеќаваме на војводите и комитите – велеше. – Ич не ја разбирам овдешнава политика.

Никој не му противречеше.

Зашто дедо Јанко ја кажуваше вистината.

С# што кажуваше беше вистина.

Денот стивна, ама дедо Јанко не стивна.

Продожи да раскажува вечерта околу огништето, крај коешто го минал детството. Секој имаше свое место и свое столче. И во времето на дедо Јанко така го минувале времето крај огништето, па с# уште останала таа навика, секој да има свој триножник. Само што порано, како што рече дедо Јанко, имало многу повеќе столчиња, затоа што куќата била полна со луѓе. Кога се селевме, за спомен во град си го понесувавме своето триножниче. Така, таа вечер се договоривме со дедо Јанко јас да расклопам едно такво столче, за да си го понесе во Австралија. И уште вечерта го спакува во својот голем куфер.

Сите семејни планови порано се носеле крај огништето, а таа вечер со дедо Јанко напрвивме план за прошетка низ Македонија.

Кога требаше да тргнеме, дедо Јанко стана рано, по самото разденување. Првиот ден го минавме во пешачење по поречките беспатја, а потоа по правливиот пат до Брод. Ги посетивме Прилеп, Битола, Охрид, Дебар, Маврово, но најважна ни беше посетата на Крушево.

– Сакам на некој камен во коријата каде што загина брат ми да му запалам свеќа – ми рече.

За време на целото патување фотографираше, а во Крушево и на Мечкин Камен – најмногу. Ги сликаше и падините, и кориите, и грмушките…

– Тој ден кога дојде абер за загинувањето на Васила, јас бев во бавчата. Еден младич на коњ дојде во нашиот двор, ја извика мајка ми, без да слезе од коњот & кажа нешто и веднаш замина. Мајка ми писна, по некоја минута дојде кај мене, плаче и ми вели: Брат ти Васил загинал, брат ти Васил загинал… Останав на местото стаписан, без да кажам збор. Цело попладне останав да седам меѓу цвеќињата во бавчата, збунет и натажен. Кога влегов дома собрав сила да ја прашам мајка ми: А, татко ми? Таа дознала и за неговото ранување. Приквечер дојдоа браќа ми Аврам и Мојсо. Ноќта ни беше бесона и само плачевме. Некаде в зори сум заспал и сум сонувал како си играм со Васила по ливадите. С# уште го паметам сонот, како сме играле…

Ми раскажува и ме гледа во очи. Го водеа емоциите, некаде меѓу сенката и светлината. Впрочем, како за време на целиот негов престој во Македонија.

По неколку броени денови, дедо Јанко тргна на пат за Австралија.

Ја напушти Македонија засекогаш.

Но не и во мислите.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top