Култура и туризам

Во летото осумдесетипеттата носталгијата ме донесе во Ботуше на средба со големите спомени од малата возраст

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Секако, и со спомените со дедо ми од приказните…

Во Ботуше стивна носталгијата, но ме зафати меланхолијата. Тука останале да живеат само уште осуммина старци.

Во Келн се вратив како поразен воин од боиште. Со празнина во душата. А празнината стана уште поголема кога го отворив веќе стигнатото писмо од братучед ми Костадин од Австралија. Ми пишува дека татко му Јанко го напуштил овој свет.

Не ми се веруваше дека луѓето од приказните можат да заминат. Заминал на деведесет и пет, а очекувавме дека ќе дотурка до стоидванаесеттата – како брат му Аврам или над стотата како другите од машкиот сој во фамилијата. Замина од овој свет, но не можеше да замине од светот на моите приказни.

Истиот ден седнав да му пишам на роднината во Австралија, кого с# уште го немав видено. Толку сум потонал во тагата, што сум се заборавил во пишувањето. Престанав кога забележав дека на листовите има капки што истекле од моите очи. Тогаш од мене истекуваа и тагата, и носталгијата, и меланхолијата… Истекуваше мојата празнина во душата. Писмото со премногу тага и со порака дека ќе го исполнам ветувањето на дедо ми дека еден ден ќе му го посетам гробот во најдалечната земја, истиот ден го однесов до главната келнска пошта. Верував дека пораката за ветувањето ќе стигне и до него некаде во светот на приказните.

По две години решив да прекинам со печалбарскиот живот. Се обидов, ама не успеав сосема. Семејството го доведов, но и го оставив во Скопје. Наместо јаболкница како претците, јас во дворот крај прозорецот насадив борово дрвце, кога решив да се повратам на печалба. Келн не го напуштив. Костадин војводата веројатно добро ја завлекол ногата кога тргнал на печалба. Потоа времињата станаа невремиња на Балканот. Кон иднината почна да се гледа преку нишанот. Набргу, откако го снема берлинскиот ѕид, некој го стркала балканското буре. Не беше време за враќање оти од невреме во мојата поранешна асли татковина доаѓаа многу бегалци во земјата која некогаш ја почнала најголемата војна во светот. Извештајот за невремето го гледав секој ден, но не на крајот, туку на почетокот на вестите.

Во паузите од извештаите за невремето и во борбата за знамето и за името што ја водевме меѓу странците, но и со помош на странците, неколкупати дојдов во татковината која некои сакаа да ја направат безимена. Секогаш имав чувство како да патувам меѓу мракот и светлината

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top