Култура и туризам

Еднаш, само што се симнав на келнската автобуска станица веднаш се упатив до најблиската телефонска говорница

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Откако го завршив разговорот, во таа тивка ноќ, крај мене видов само уште една млада жена со три-четиригодишно машко дете, со поглед полн со тага, а погледот упорно беше вперен во мене.

– И јас патував со истиот автобус…, – ми вели жената, – првпат доаѓам во оваа земја, не познавам никого овде, немам ниту роднина, ниту пари, ниту можам да просам оти не знам ниту еден збор германски… Ми го рече тоа без да ја прашам, а всушност и таа без да ме праша ми постави прашање со молба за помош. За да им се ублажат тагата и маката што им ги гледав во очите, таа ноќ Хасеба и нејзиното синче, кое татко му не го памети оти и по три години го нема да се врати од боиштата, ги однесов во домот за бегалци каде што можеа да бидат сместени, а не можеа секаде. И во оваа земја бегалците имаа посебни домови, па дури и на вода – во бродови на Рајна, оти бегалците ги имаше многу. Претходно веќе ги имав поминато речиси сите кампови. Како посетител со германски писатели и новинари. За да им преведувам. За да им преведам нешто од маката, иако за тоа не е потребен никаков превод. Страдањата и очајот имаат универзален јазик.

Само што стигнав во станот, утврдив дека и јас сум бездомник. Во малиот стан се сместила сестрата на мојата сопруга која дошла од Хрватска со трите мали деца. Морав веднаш да ја почнам потрагата по нов покрив над главата. Мојата сопруга имаше уште четири сестри, ние бевме петмина баџанаци и сите од различни нации. Не станав бездомник поради многунационалноста, како што тогаш се стануваше, туку поради многуте искрени чувства што беа н# окупирале. Тоа беше една работа, политиката нешто друго, а војната сосема трета работа.

Не за да преведам нешто за маката, туку за да проверам дали нешто од маката на Хасеба е стивнато, повторно го посетив логорот. Кај Хасеба се изли поток од очите. Вели од среќа, оти имало крај на очајот. И само го гушкаше и го милуваше синчето. Тогаш видов колку може да биде голема љубовта спрема децата. И покрај сите маки. Најмногу затоа, и покрај сета моја работа, одев повремено кај бегалците. Но, едно утро имав средба со младо семејство, штотуку дојдено од југот, исто така избегано од маките. Само што ми го кажа презимето младиот господин, знаев кои се тие луѓе. Семејството на синот на офицерот Раичевиќ. Не ми остануваше ништо друго да направам, освен да се потрудам само да им се пишува дека се азиланти. Како мене што само ми се пишуваше дека сум во војнички затвор…

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top