Култура и туризам

Есента деведесетичетвртата се подготвував да тргнам во градот каде што се одржува голем саем на книгата

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Есента деведесетичетвртата се подготвував да тргнам во градот каде што се одржува голем саем на книгата. Пред тргнување добив повик. Повик со ѕвонење. Откако ја кренав слушалката, наместо звук, чувствував вибрации… Повик од синооката. После две децении. После една вечност.

И наместо за Франкфурт на Мајна, јас заминав за Офенбах крај Франкфурт. Таму ме водеше патот до синооката. На уште една средба со спомените од минатото. Со своите две деца стигнала пред неколку месеци и беше сместена во еден дом наменет за бегалци. Цело време на невремето се молев ангели да ја чуваат синооката, оти знаев каде отиде да живее.

Веднаш заминав за Офенбах за да видам дали од невремето е засенето синилото кај девојката во кое некогаш и тонев и лебдев.

Отидов до домот како да сум бил илјадапати дотогаш, а одев првпат. Веројатно повторно ме водеше магијата на синилото. Кога влегов во дворот на домот, што повеќе беше паркче отколку двор, слушнав како во воздухот заѕуни моето име.

Првпат се запознавме во паркче, а по една вечност повторно се сретнавме во паркче со есенски бои на дрвјата и во нашите души. Само солзите по малку го брануваа синилото, но тоа беа бранувањата што н# зафатиле уште во младоста.

Едно време ми ги кажуваше плановите за својата иднина, а сега ми ја кажа накусо својата долга приказна за минатото. Телефонот веднаш го нашла во именикот. Но понекогаш е потребно многу време за да најдеш некој фенинг за телефон, ми вели. Живот! Дотогаш живеела во Винковци. Сигурна е само дека е жива, а не знае каде може да живее. Таткото на нејзините деца го напуштил семејството и заминал на другата страна. Да пука. А против кого? Се плашев и од едната и од другата страна и фатив трета страна, ми вели. Живот!.. Ако воопшто е живот.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top