Култура и туризам

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – Самуиловата плоча (2)

bg 1916 291

Во текот на Првата светска војна бугарските научници во служба на Бугарската армија имаат специјална разузнувачка задача да ги изнесат од окупираната македонска земја разните документи, книги, архиви, стари предмети, облека и археолошки наоди, со цел истите да им послужат како доказ за бугарскиот карактер на окупираната македонска земја. Исто така тие треба да скријат или уништат докази кои говорат спротивно на нивните интереси.

Во својот извештајот од 20 октомври 1916 година, испратен до ГШ на бугарската армија, бугарскиот етнограф на Првата бугарска армија Стефан Лазаров Костов опишува како е однесена во Софија познатата Самуилова надгробна плоча од селото Герман. Во извештајот во кој се говори за посетата на преспанските села  Герман, Нивици, Винени и Аил, Костов ќе го забележи следното:

„По наредба на началникот на штабот на Првата армија од 6 м.м. поминав низ селата Нижо Поле, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени за селото Герман, во окупираната од нашите војски грчката територија во близина на Преспанското Езеро. Мојата цел беше да го земам од тоа село познатиот натпис на Самуил и да го пренесам во Софија.

Селото е чисто бугарско (македонско – н.з) и е именувано по името на патријархот од 12 век. Истото име ја носи и селската црква – мала средновековна градба. Во 1888 година, покрај стариот ѕид е изградена поголема црква, така што денес двете цркви формираат целина. Според преданието, гробот на споменатиот патријарх, признат за светец, бил во малата црквичка. Меѓу подните плочи на последната кои биле дигнати за големата црква, се наоѓала една со стар славјански натпис. Уште тогаш Ресенскиот жител г-дин Евтим Љапчев, и до денес уште жив, го прочитал во натписот името Самуил и други некои зборови. Целиот натпис не можел да се прочита, бидејќи едниот агол на плочата бил скршен или при подигањето, или пак порано. Во 1898 година натписот беше виден од страна на директорот на рускиот археолошки институт во Цариград, Успенски, и во следната година беше објавен и објаснет во Известувањата на истиот институт, IV, вып. 1, 1899, заедно со белешките на Флорински и Милетич. Милетич пишуваше за истото и во Бугарскиот преглед,  х. V, кн. IX-X. А Иречек и Јагиќ пишувале во Archiv für slav. Philologie, XXI. Меѓутоа, со сигурност не можеа да се потврдат имињата на родителите на Самуил, особено на неговата мајка, за која беше зачувана само последната буква. Бараните имања станаа познати по објавувањето додатоците во Виенскиот Скиличин препис бр. 74 и натписот можеше целосно да се реставрира. Во овој препис се вели, дека Самуил и неговите браќа се синови на моќниот комес Никола и мајката Рипсимија. За овој натпис пишувал и Јордан Иванов во својата книга “Бугарски старини  од  Македонија”, од каде што биле земени погоре наведените белешки.

Плочата е правоаголна – долга 1,25 м, широка 0,52 м и дебела 10 см, тешка околу 150-200 кг. Во средината има три вдлабени легла за метални крстови, кои недостасуваат. Плочата на двата краја е скршена, а натписот е во долниот лев агол. Има 11 реда, од кои само првите два се цели.

Откриениот натпис гласи:

bg 1916 291
(Буквите во загради не се читаат на плочата).

Надписот датира од 6501, индикт 6 од создавањето на светот, или 993 година по Христа, затоа е најстариот бугарски (македонски– н.з) камен натпис, а воопшто и славјански. Кога станал познат во науката, Грците го побараа, но селаните и свештениците во селото, добри Бугари (Македонци – н.з), го скриле. Тие дури и не одлучиле да го продадат на Успенски, кој им давал 500 наполеони. Кога, по Првата балканска војна, селото Герман паднало на грчка територија, Грците повторно го барале да го уништат, без сомнение, но не можеле да го најдат. Селаните не го знаат потеклото на плочата и веруваат дека тоа е надгробна плоча на Св. Герман, и ја имаат како светиња без која селото ќе настрадало од нешто.

Една недела пред моето доаѓање, војводата Крсто, со неколку четници се обидел да ја извади од црквата каде ја чуваа. Но, селаните научија за ова, и мало и големо се кренале за да ја зачуваат. Кога пристигнав, ги собрав свештениците и епитропите и им објаснив за важноста на натписот за нашата историја, а потоа ги замолив да ми ја дадат. Од страв од селаните и Грците тие одбија да ми ја дадат.

Доброволно, тие ми ги дадоа клучевите, за да можам да ја однесам од црквата, наводно, без нивно знаење. Во ноќта, јас, командантот Јордан Трајков, моите коњаници и двајца четници, влеговме во црквата, ја изнесовме плочата од олтарот и ја натоваривме на колата на еден Турчин од соседното село Р’мби, кој ја однесе во селото Наколец, а потоа со друга кола – во Битола. Од Битола ја донесов плочата во Софија и ја предадов на Националниот археолошки музеј.

На враќање од с. Герман јас ги обиколив селата Нивици, Винени и Аил за да ги дополнам етнографските истражувања низ Преспанското крај кои ги бев собрал во текот на месеците јануар и февруар годинава, а, од друга страна, да соберам уште некои натписи од селото Винени и Аил, каде што има многу стари бугарски (македонски – н.з) цркви. Црквата во турското село Винени беше сосема преплавена од надојдената езерска вода. Натписот, за кој ми зборуваа некои Бугари (Македонци – н.з.) од околните села, се покажа грчки со две само грчки имиња. Во урнатините на Ахилските цркви се задржани сосема малку натписи, и тоа грчки и нови. Некои од нив ги објавува Јордан Иванов во споменатата книга. Ако се направат ископувања, најверојатно ќе се најдат вредни археолошки материјали.

Бидејќи времето беше исклучително лошо, не можев да направам фотографии од рушевините на црквите, кои, се разбира, беа издадени од Успенски. Приложената фотографија на плочата беше подготвена во Националниот археолошки музеј.“ (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 9-11)

Од извештајот на Костов може да се види дека Самуиловата плоча, како и потоа многу други предмети и документи, биле изнесени спротивно на вољата на македонскиот народ.

Продолжува

(извор: http://macedonia.kroraina.com/bg_1916/index.htm)

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top