Култура и туризам

На преминот на третиот век на семејните талкања по светот

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

На преминот на третиот век на семејните талкања по светот, решив да заминам на австралискиот континент. Патував со мојот пријател Норберт, со кој заедно крај Рајна гледавме како истекува тагата од душите на бегалците, отпатувавме заедно за Сиднеј.

Тој патуваше поради службени, а јас поради семејни мотиви.

Тој известуваше за олимписките игри, јас за да забележам нешто за семејната сага…

Тој многу сакаше да пишува за човечките судбини, а јас многу сакав да узнам уште нешто за семејната приказна…

Сите летаа за спортските игри, мојата мисла го прелетуваше минатото… Патував низ времето… И спроти Сонцето…

Кога слетавме ја загубивме ориентацијата на денот и ноќта. Нашите часовници точно го мереа времето, ама за друг дел од светот… Ама, сепак, имав чувство дека стигнувам во мојата земја, оти мојот народ го има насекаде и затоа сите патишта водат до мојата земја, како што заклучивме со Норберт.

И со желбите и со копнежите, и на јаве и на сон, сите патишта ме водат до мојата земја.

На шалтерот за средба поитав со солзи радосници… Со Костадина се препознавме како да сме се познавале отсекогаш, а првпат се сретнавме. Ме пречека со своето семејство, а тоа, пак, со мајчиниот збор кој уште повеќе ми создаваше топлина на душата и светлина во очите…

Кога почнаа олимписките игри јас почнав со запознавањето на австралискиот дел од семејната приказна… Беше запишана во албумите, беше внесена во топлината на домот на Костадина, ја слушав од устата на Костадина, во бескрајните разговори, беше насекаде околу мене…

Првиот ден недела отидовме на гробот на дедо Јанко.

Повеќе од еден час му посветувавме спомени.

Повеќе отколку што мислевме дека има и дека можеме, и сето време во Сиднеј му посветувавме спомени… Имавме многу спомени за него и затоа мислам дека тој беше дедото од моите приказни од детството и младоста. Му посветувавме спомени и кај една нашинска фамилија на која & бевме на гости на Првиче… На Првиче… како во некогашните времиња во Порече…

Три недели со Костадина ја прераскажувавме нашата семејна приказна. За да ја чујам јас, за да ја чуе тој. Три недели живеевме во спомените и за спомените… Само еднаш отидов да го посетам Норберт, колку да видам како живее со спортските приказни и за да се договориме за враќање.

Трите недели минаа како три мига…

Разделбата со Костадина и со неговото семејство ми падна тешко, ама сепак во себе чувствував голема леснина за аманетот што му го исполнив на дедо ми кој беше сместен во моите приказни.

На враќање не можев да го мерам времето, ја мерев само тежината на спомените.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top